Европската комисија го претстави изгледот на „Ковид пасошите“


Европската комисија (ЕК) го претстави усвоениот предлог на Комисијата за „дигиталниот зелен сертификат“ што ќе овозможи полесно патување во рамките на Европската унија (ЕУ). Според предлогот на ЕК, овој сертификат ќе биде и во печатена и во електронска форма и ќе го издаваат властите од сите земји-членки и ќе бидат признати од сите други членки […]

Во Босна и Херцеговина нови 1.726 заразени, починаа 35 пациенти


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина на корона вирус тестирани се 5.263 примероци, а потврдени се 1.726. Починаа 35 пациетни со Ковид-19. Вчера имаа 1.606 новозаразени и 53 мртви. Во Федерацијата направени се 3.969 тестови, од кои 1.216 биле позитивни. Досега се тесирани вкупно 497.382, а корона вирусот е потврден кај 96.902 […]

Косово се обидува да набави вакцини преку Израел


 Новоотворената Амбасада на Косово во Израел, во координција со Министерството за надворешни работи, за попладнево организира виртуелна средба на косовскиот министер за здравство Арменд Земај со неговиот израелски колега Иули Еделстеин, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовкото МНР, средбата е организирана со цел да се разговара за помошта од страна на […]

Со доградбата на училиштето, се укинува третата смена во ООУ „Лазо Ангеловски“


Со одлична динамика се одвива доградбата на училиштето во рамките на училиштето „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Ова денеска го констатира градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, при увидот во градежните активности. „Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето туку и ќе […]

Полицајците во Центар ќе возат општински возила


 Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ,  донесе одлука да ги даде на  времено користење службените моторни возила на Полициската станица „Центар“. „Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС „Центар“, со цел поефикасно извршување на нивните работните задачи и зголемениот број теренски активности кои ги имаат полициските службеници за време […]

Џонсон: Наскоро ќе се вакцинирам и тоа сигурно ќе биде со „АстраЗенека“


Британскиот премиер, Борис Џонсон, откри дека наскоро ќе се вакцинира, потенцирајќи дека тоа ќе биде вакцината на „АстраЗенека“/„Оксфорд“ и покрај актуелните грижи што се појавија поради одредени случаи на згрутчување на крвта, јави ДПА. Зборувајќи пред пратениците за време на неделната сесија на британскиот Парламент Џонсон беше запрашан за тоа што неколку земји го суспендираа […]

До недела, половина од возрасните Британци ќе бидат вакцинирани


  Британскиот министер за стопанство Кваси Квартенг соопшти денеска дека прва доза од вакцина против Ковид-19, заклучно до недела, ќе приматповеќе од половина од возрасната популација во британија и дека имунизацијата продолжува со забрзано темпо, пренесе Ројтерс. „Мислам дека до крајот на неделата 50 отсто од возрасните Британци ќе биат вакцинирани, а ако луѓето добијат […]

„ВЕ Гевгелија“, нова ветерна електрана од 30 мегавати во Општина Богданци


Нова ветерна електрана со инсталирана моќ од 30 мегавати во вредност од 40 милиони евра ќе се гради на потегот помеѓу селата Стојаково и Селемлии во Општина Богданци. Стартот на реализацијата на новата инвестиција што треба да се реализира до 2023 година се официјализира со денешното потпишување на Договорот за аквизиција помеѓу фирмата Еуроинг и […]

Семејното законодавство не го следи развојот на односите во општеството и семејството


Семејното законодавство во земјава не го следи развојот на односите во општеството и семејството во последните неколку децении. Ние сме една од ретките земји во светот каде што може истовремено да бидете и во легален брак и во вонбрачна заедница. Законските решенија не нудат соодветна рамка за решавање проблемите кои се отвораат во пракса, особено […]

Ковид го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните, државната поддршка дава резултат


Пад на вработеноста за 2,7 отсто, а на БДП за 4,5 проценти, како и зголемена нееднаквост меѓу доходовните групи, се последиците од КОВИД кризата во 2020 година, покажува последниот извештај на Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ) што беше презентиран денеска на панел дискусијата „Нееднаквост во време на корона“. Предвидувањата на експертите се дека економијата […]

Хаос во Германија и Италија по суспензијата на вакцината на „АстраЗенека“


Центрите за вакцинација ги затворија вратите чекајќи ја одлуката на Европската агенција за лекови во четврток   Во Германија и Италија владее хаос и конфузија по нивните одлуки за прекинување на употребата на вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ при што центрите за вакцинација ги затворија вратите и закажувањата нагло се откажаа. Земјите се две од најголемите на растечката […]

Хоспитализирани 1135 ковид-пациенти, слободни околу 280 болнички кревети


Вкупно 1135 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, при што има околу 280 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.   Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 51 нов пациент поради компликации од коронавирусот. […]

Караџовски е во добра здравствена состојба, демантира оти не сака да контактира со медиумите


Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски по боледувањето од Ковид-19, е во добра здравствена состојба. Тој на денешната прес-конференција ги демантираше наводите дека не сака да контактира со медиуми.   – Можам на сите да им потврдам, жив, здрав сум, одам на работа секојдневно и Комисијата за заразни болести после моето преболување одржува […]

Една година ЕДУИНО – платформата преку која се одвива образованието во време на пандемија


ЕДУИНО платформата преку дигиталните содржини придонесе за континуирано и квалитетно образование во време на пандемија. Ова беше заклучено на денешната онлајн дискусија одржана по повод една година од формирање на ЕДУИНО наставата. Министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека квалитетот на образованието е голем предзивик за сите држави особено во услови на пандемија. […]

Полска регистрираше 25.052 заболени, најмногу од ноември


Полска денеска регистрираше високи 25.052 нови позитивни случаи на корона виусот, што е најмногу во еден ден од ноември лани, објави Ројтерс. Во исто време, и бројот на смртни случаи е прилично висок – 453. Земјата која има 38 милиони жители досега има 1.956.974 случаи и 48.032 починати.

Гир: Доставата на вакцините не е на посакуваното ниво, но Ковакс механизмот ќе профункционира


 Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир од Тетово порача дека доставата на вакцините не е на посакувано ниво, но смета дека механизмот Ковакс ќе профункционира соодветно. Тој образложи дека ЕУ посакува да се обезбедат вакцините од самиот почеток, но потенцира дека работата е уште потешка поради постојаното зголемување на бројот на заразени. – Имајќи […]

Деветмина во Скопје ќе платат 100 дневни глоби од по 20 евра за непочитување на полицискиот час


Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица за кривично дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Како што соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 10-14 март не го почитувале полицискиот час, па […]

МРТ ќе одлучи дали Васил Гарванлиев ќе не претставува годинава на Евросонг


Во Македонската Радио Телевизија (МРТ) оформена е комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на Евросонг, Васил Гарванлиев. – МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид […]

Лицата кои прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза


Лицата кои прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза од вакцината, согласно стручните препораки. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека лицата, кои прележале Ковид-19 ги нема во планот за имунизација, со образложение дека имаат антитела. Филипче напомена дека планот […]

Овие хороскопски знаци се вистински гении и сите им завидуваат


Луѓето родени во овие хороскопски знаци се исклучително интелигентни и креативни, сакаат да ги прават работите на свој начин, поради што на другите понекогаш им изгледаат ексцентрични и чудни. Девица Луѓето родени во знакот на Девица се многу љубопитни, тие доведуваат во прашање сè, тоа е. тие не земаат ништо здраво за готово затоа што […]