Груби: Досега попишани 99.500 граѓани од дијаспората


 Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот фејсбук-профил објави дека досега се самопопишале 99.500 лица од дијаспората, од кои само во изминатите 24 часа над 11.500 лица. – Нашата дијаспора навистина е најдобра на свет. Попишувајте се на  https://census.stat.gov.mk/ , напиша Груби.   

Папата повика на борба против организираниот криминал


Папата Франциск повика на борба против организираните криминални групи како мафијата ширум светот и предупреди дека криминалците ја користат пандемијата со Ковид-19 за да станат уште побогати. Во декември, Интерпол предупреди дека вакцините против коронавирус се мета на организирани криминални мрежи, а во март јужноафриканската полиција заплени стотици лажни вакцини и уапси четири лица. „Мафиите […]

Рекорден број пациенти на интензивна нега со Ковид-19 во болниците во Романија


 Бројот на луѓе на интензивна нега во Романија денеска е највисок од почетокот на пандемијата. Зголемениот притисок врз единиците за интензивна нега, каде што денеска има 1.334 лица, доаѓа во време на налет на новоинфицирани со Ковид-19 во таа источноевропска земја. Во текот на изминатата недела, Романија забележа најголем број на инфекции во последните три […]

Прв виртуелен концерт на Шербеџија: Новите песни и безвременските хитови ќе ги слушне цел свет


На новиот албум, Шербеџија го даде и својот потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, чие предвремено заминување ја погоди културната сцена на овие простори пред четири години. Аранжманот за ова исклучително дело го направи Диран Тавитјан   Првиот виртуелен концерт на легендарниот актер, поет и музичар Раде Шербеџија […]

Новодијагностицирани 642 случаи на Ковид-19, починале 25 лица, оздравени 524


 Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на Ковид-19, починале 25 лица, оздравени се 524 пациенти. соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Од новодијагностицираните во Скопје се 321, Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, […]

Забрана за сообраќајот за товарни возила на Стража и Пресека


Поради интензивни врнежи од снег oд 14.30 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Како што информираат од ЈП Македонија пат оваа забрана се однесува на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Од 10:15 часот поради интензивни врнежи […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Шилегов дека снима шуми со дрон во пандемија, од Град Скопје им вратија


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинува градскиот татко на Скопје дека сред пандемија дал милион денари за снимање шуми со дрон, а фирмата која го изведува снимањето е на партнерот на министерката за образование Мила Царовска. „Пред две недели, на 4 март, Флај Кем, фирмата на „родител два“ во семејството на Мила Царовска, потпишува договор со […]

На еден од руските шпиони Каракачанов лани му дал награда


 Електронското издание на бугарскиот весник „24 часа“ пренесува дека полковник Петар Петров од Министерството за одбрана е еден од 6-те уапсени за шпионскиот скандал. Денеска Воениот суд на Бугарија ќе одлучи со какви мерки на притвор ќе бидат пет од нив. Меѓу нив е и полковникот Петров. Тој е заменик-шеф на Дирекцијата за планирање, програмирање […]

ВМРО-ДПМНЕ пред изборите се сети на затворените, најавува „македонска пролет“


ВМРО-ДПМНЕ организираше сденес протест пред Казнено-поправниот дом во Штип под мотото „Собир за слободатa“,  а во одбрана на „уставобранителите“ кои одлежуваат казна затвор за тепањето во Парламентот на 27 април. „Денес ние младите заедно со останатите граѓани сме собрани тука да  им дадеме поддршка и да побараме слобода за уставобранителите, затоа што тоа е вистинското […]

На инфективните оддели се лекуваат 1329 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 59 пациенти


На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1329 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и […]

Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана, приведени две лица


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица – Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на марихуана од Република Албанија  во Република Северна Македонија во количина од околу 200 килограми. Приведени се две лица, соопшти МВР. – По […]

Мицотакис не исклучува мобилизација на приватните лекари во битката со Ковид-19


Доколку биде потребно да ја искористам последната уставна алатка што ја имам на располагање, онаа за мобилизација на лични услуги, нема да се двоумам да го сторам тоа, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „То Вима“, во однос на повикот упатен до приватните лекари да му помогнат на здравствениот систем, јави дописничката […]

ЦИК на СДСМ: Излезноста до 12 часот е 46 отсто


Процесот на гласање за избор на претседател на СДСМ се одвива одлично во сите избирачки места, без попреченост на изборниот процес и без каков било застој. Од активно регистрираните вкупно 68.999 запишани членови во избирачкиот список до 12 часот своето право го искористиле и гласале 32.198 членови на партијата. Излезноста до 12 часот е 46 […]

Фон дер Лајен: ЕУ во моментов не може да испорача вакцини на посиромашните земји


Европската унија во моментов не може да донира вакцини против  коронавирус на посиромашните земји, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Постои голем притисок врз земјите-членки да набават вакцина за себе, рече Фон дер Лајен за „Функе медиа груп“. Сепак, шефицата на ЕК ја нагласи финансиската поддршка на Унијата за иницијативата Ковакс […]

Пандемијата затвори 2.000 британски пабови


Илјадници британски пабови не ја преживеале пандемијата, според здружението за угостителство, а на оние што преживеале ќе им треба финансиска поддршка „со години ако се опорават“. „Многу пабови повторно ќе отворат со големи долгови“, изјави Дејв Маунтфорд од британскиот паб-форум за Sky News во саботата. Според извештајот, најмалку 2.000 пабови трајно ги затвориле вратите. „Тие […]

Во Босна и Херцеговина, денеска уште 47 жртви на Ковид-19


  Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени нешто повеќе од 1.000 новозаболени, со што бројката е помала од неделниот просек, но сепак, повторно има висок број починати. Имено, денеска се регистрирани 47 починати со Ковид-19. По тестирање на помалку од 4.000 примероци, во Федерацијата се потврдени 863 заразени, а во Република Српска 187. Поради […]

Тинејџерка настрада при удар со автомобил


Во саботата, околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“, патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Скопје, удрило во пешакот А.Б.(19) од Скопје. Во незгодата, А.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клини „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила […]

Прилепчанец со автомобил удрил во сограѓанин на велосипед и избегал


Во саботата, во 18.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека  на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(34) од Прилеп и велосипед управуван од Ц.Р.(34) од Прилеп, по што Т.Д. со возилото го напуштил местото. Во незгодата, Ц.Р. […]

Грција ја продолжи до 5 април забраната за влез на државјани на трети земји


Грција –  Одлуките за забрана за влез во Грција на државјани на трети земји и за ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Турција и Албанија, грчката Влада ги продолжи за уште две седмици, односно до 5 април 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно министерската одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на […]

Филипче демантира дека Србин посредувал за руски вакцини за Македонија


Во целост ги демантирам лагите и дезинформациите објавени на неколку медиуми дека Република Северна Македонија преку „посредник – српски државјанин“, ја набавила вакцината против Ковид 19, Спутник В производство на рускиот Центар „Гамалеја“. Станува збор за чиста лага. Набавката на вакцината Спутник В од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд […]