Во Босна и Херцеговина, денеска уште 47 жртви на Ковид-19
Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени нешто повеќе од 1.000 новозаболени, со што бројката е помала од неделниот просек, но сепак, повторно има висок број починати. Имено, денеска се регистрирани 47 починати со Ковид-19.
По тестирање на помалку од 4.000 примероци, во Федерацијата се потврдени 863 заразени, а во Република Српска 187.
Поради нагло ширење на заразата во пет од десет региони во Федерацијата на сила се дополнителни рестриктивни мерки кои се однесуваат на затоврање угостителски објекти и продолжување на полицискиот час.
Здравствените стручњаци се залагаат за воведување дополнителни рестрикции и во Република Српска, но владата во Бања Лука се уште размислува.
Таму, од саботата почна вакцинација на постари од 65 години со руската вакцина „спутник V“, додека во Федерација нема вакцинација оти нема вакцини.
Од Министерството за цивилни работи потврдија дека добиле најава дека 23.000 дози од вакцината „Фајзер“ нарачана преку Ковакс механизмот треба да стигне во земјата на 24 март.