Општина Аеродром доделува по 8.000 денари за новороденче


На 31 март истекува рокот за парична помош од 8 000 денари за новороденчиња родени 2020 година, а Општина Аеродром ги потсетува семејствата што добиле принова минатата година дека треба да го запазат рокот за доделување еднократна парична помош.   Општина Аеродром ја зголеми паричната помош од 5 000 на 8 000 денари за секое […]

Драматичен раст на заразени во австриските училишта


  Во училиштата во Австрија се повеќе се тестираат, но тоа покажува и раст на бројот ученици кои се инфицирани со корона вируст. Од минатата недела воведено е трето седмично тестирање во основните училишта, откако основците секој ден одат во училиште. Тестирањето се извршува во понедленик, среда, а од сега и во петок. Зајакнатото тестирање […]

(Во живо) Арсовски и Ѓоргиева од ДЗС за Пописот


Денеска, со почеток во 12 часот, заедничка прес-конференција ќе одржи портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика. Темата на прес-конференцијата е претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите, активностите кои се во тек, како и осврт на пописот во дијаспората.

Заев и Николовски до Собранието: Борбата против корупцијата е целта околу која мора да се обединиме


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, испратија писмо до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и до целиот пратенички состав, во кое укажуваат на важноста на законодавниот дом во процесите поврзани со борбата против корупцијата и криминалот.   Во писмото, како […]

Град Скопје повторно субвенционира замена на грејни тела со поеколошки во Лисиче


 Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање објави втор повик за финансиска поддршка на домаќинствата од Лисиче кои се греат на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад со цел замена на старите грејни тела, со нови енергетски поефикасни.   -Дополнително на ова, на избраните домаќинства ќе им се помогне да ги заменат […]

ЕК: Не блокираме извоз на вакцини без причина


 Портпаролите на Европската Комисија денеска повторно се објаснуваа пред медиумите за одлуката на ЕУ да се блокира извозот на вакцини кон трети земји, Брисел порачува дека тоа го прави со добра причина. Поради тоа што АстраЗенека не ги почитува договорите склучени со Европската Комисија и земјите членки на ЕУ се активира механизмот за блокирање на […]

Реновирано ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, денеска извршија увид во основното училиште „Блаже Конески“, кое неодамна беше реновирано. Дел од училниците добија нов под, нови ПВЦ-врати, завеси, ЛЕД-светилки и плакари во канцелариите и училниците. Поставен е и ламинат на подот во кујната на училиштето, како и во канцелариите, кои […]

Клиниката за детски болести доби донација автомобил


Универзитетската клиника за детски болести во Скопје доби нов автомобил кој ќе биде наменет за вработените кои вршат конзилијарни прегледи и дополнителни консултации во други здравствени установи, како и за сите останати потреби на Клиниката. Возилото е донација од компанијата „Моцарт“ која досега на оваа клиника донираше медицинска опрема во вредност од 1.100.000 денари, а […]

Полицискиот час продолжува до 6 април


Како и што се очекуваше, Владата на денешната седница донесе одлука да биде продолжена да биде продолжен полицискиот час во целата државаод 22:00 до 05:00 часот. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести. Досегашната одлука истекуваше денеска. Епидемиолозите и здравствените власти изјавуваа дека резултатите од полицискиот час во изминативе денови треба да […]

Актерот Бранислав Лечиќ обвинет за силување


Србија– Актерката Даниела Штајнфелд му откри на Вишото јавно обвинителство во Белград дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер за култура и поранешен висок функцинер на Демократска партија (ДС), Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќник од филмската индустрија кој ја силувал, пренесе порталот Нова.рс. Штајнфелд пред неколку дена беше повикана во Вишото јавно обвинителство на покана на […]

НЛБ Банка во соработка со ФИТР ја засилува поддршката за креативните и иновативни старт-ап бизниси


Фондот за иновации и технолошки развој и НЛБ Банка потпишаа Меморандум за соработка, чија главна цел е олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни претпријатија, вклучувајќи ги и старт-ап компаниите. Имено на компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, преку различни кредитни продукти, Банката ќе им обезбеди дополнителна финансиска поддршка во […]

Битка меѓу ЕУ и Британија околу вакцините на „АстраЗенека“


ЕУ е на пат да го забрани извозот во Британија на вакцините на „АстраЗенека“ произведени во Холандија. Тоа може да ја забави вакцинацијата во Британија за два месеци   Велика Британија во понеделникот побара Европската унија да дозволи испорака на вакцини за Ковид-19 што ги нарача додека растат тензиите во врска со можната забрана за […]

Астероид мина на два милиона километри од Земјата


Астероид со дијаметар од околу 900 метри мина на два милиона километри покрај Земјата, објави американската вселенска агенција НАСА. Растојанието на астероидот е петпати поголемо од Земја-Месечина, но тоа е доволно блиску за да може да се смета за „потенцијално опасно“. Астероидот „2001-ФО-32“ беше најблиску до Земјата вчера околу 14:00 часот по Гринич. Според НАСА, […]

Бензините поевтинуваат за половина денар


За половина денар се намалува цената на бензините од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, од полноќ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 69 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 56,5 денари за литар. […]

Формиран Граѓански инспекциски совет


Влијание врз Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но и врз другите јавни институции во насока на подобрување на инспекцискиот надзор, со цел поефикасно справување со загадувањето на животната средина е основната цел на Граѓанскиот инспекциски совет, формиран од вкупно 26 невладини организации, здруженија на граѓани и високо образовни институции. Граѓанскиот инспекциски совет при ДИЖС […]

Судскиот процес за убиството на Ангел Петковски продолжи со завршни зборови на Обвинителсвото


 Со завршни зборови на Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судскиот процес за убиството на Ангел Петковски, кој беше убиен во 2014 година во скопската населба Ѓорче Петров. Обвинетиот Насер Ештрефи, претходно, со одлука на Основниот кривичен суд Скопје, потврдена од скопска Апелација, беше осуден на 14-годишна затворска казна. Одлуките ги укина […]

Завршни зборови на Обвинителството за предметот „Трезор“


Наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата, наведе во завршен збор Обвинителството за […]

Малите ХЕЦ под засилен надзор на инспекторите за животна средина, ќе се мери и биолошкиот минимум


Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска посочи дека во однос на малите хидроелектрани наскоро планираат сериозна активност каде ќе ги насочат своите ограничени ресурси, бидејќи досега фокусот бил на загадувачите на воздухот.   -Сега во итен рок на сите 94 изградени мали хидроелектрани ќе направиме план за надзор, а особено ќе […]

За едно деноноќие попишани 23 илјади лица од дијаспората


Вицепремиер Артан Груби на својот профил на Фејсбук се пофали со успехот што се постигнува на пописот во дијаспората. „Дијаспората e одлична. 23.000 граѓани повеќе во последните 24 часа, вкупно 122.500 попишани граѓани. Заедно повеќе“, напиша Груби.

И Камчев бил болен, во затвор не му давале вода


Одбраната на Јордан Камчев тврди дека просторијата во која е во притвор е под сите минимални стандарди, нема дневна светлина и дека тој не добива вода за пиење секој ден.Ова за Плусинфо го вели одбраната на Камчев и додава дека врз него се врши тортура. „Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура […]