(Во живо) Арсовски и Ѓоргиева од ДЗС за Пописот
Денеска, со почеток во 12 часот, заедничка прес-конференција ќе одржи портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.
Темата на прес-конференцијата е претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите, активностите кои се во тек, како и осврт на пописот во дијаспората.