Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзуваат со редовна бродска линија


Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзат со редовна бродска линија низ Охридското Езеро во рамки на програмата за прекугранична сработка на Република Северна Македонија и Република Албанија 2014-2020 година, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2. Проектот „Охридско Езеро – премостување на две земји во една дестинација” го најави денеска Општина Струга, а целта, […]

Најголемата компанија за јаглен во светот се насочува кон соларна енергија


„Коал Индија“ (Coal India Ltd), најголемата рударска компанија за јаглен во светот, би можела да се зафати со производство на соларни плочки и сака „агресивно“ да учествува во аукциите за соларна енергија во земјата, изјави првиот човек на комопанијата за Ројтерс. Прамод Агарвал вели дека заедно со државната НЛЦ Индија планираат да инвестираат околу 125 […]

Владата усвои 10 заклучоци за заштита на Охридскиот регион, го послуша Министерството за култура


Министерството за култура, по последните случувања со градежните активности на локација, ресторан-дискотека Парк, предложи Информација до Владата за потребата за интегриран, координиран и синхронизиран пристап за заштитата на Охридскиот регион меѓу надлежните институции. Како што соопшти Министерството за култура, согласно дискусијата, Владата ја усвои Информацијата поднесена од Министерството и донесе серија заклучоци за постапување, како […]

Филипче: Платите во здравството постојано растат


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил напиша дека платите во здравството постојано растат и значително придонесуваат во растот на просечната плата. -Кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. […]

Пленковиќ, Берош и Јандроковиќ ќе се вакцинираат со АстраЗенека


Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, министерот за здравство и претседателот на Саборот, Вили Берош и Гордан Јандроковиќ утре ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека. Како што објави портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ на Твитер, имунизацијата на тројца хрватски функционери ќе биде јавна. Тие ќе ја примат вакцината во Бански двори, односно во […]

Повторно повеќе од 1.000 новозаболени, починаа 25 пациенти, најмладиот 29-годишен


Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на коронавирусот. Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година, а оздравени 727  пациенти. Од новозаразените 1.056 во Скопје се 590, Битола – 57, […]

Ковид: По третиот бран, европско лето со колективен имунитет?


Еврокомесарот Тиери Бретон изјави дека Европа до јули може да постигне т.н имунитет на стадо. Оптимизмот се темели на растот на бројот на инфицирани со коронавирус во голем дел европски земји и воведување рестрикции Според еврокомесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, до в лето, односно до јули, можно е во Европа да биде […]

МРТ: Васил Гарванлиев останува македонски претставник на Евросонг во мај во Ротердам


Комисијата обрна посебно внимание и го цени укажувањето на шефицата на делегацијата во извештајот дека евентуалното откажување од настап на Евросонг би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки   Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија, […]

Со поддршка од ЕУ субвенционирани платите на околу 30 милиони работници


Владите на земјите од ЕУ субвенционираа меѓу 25 и 30 милиони работници со поддршка на европска програма за зачувување на работните места, соопшти Европската комисија. Програмата SURE е воспоставена во мај 2020 година со цел да се зачуваат работните места за време на пандемијата на Ковид-19. Владите, со поддршка на програмата, беа во можност поволно […]

Европски филмски предизвик до 17 мај  


Од 8 март до 17 мај филмофилите може да учествуваат на Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) и тие што ќе имаат најмногу освоени поени ќе отпатуваат на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал 2021, доколку не биде откажан поради пандемијата и ако нема рестрикции за патувања. Европскиот филмски предизвик е иновативна дигитална платформа што ја […]

Норвешка блокира продажба на компанија за производство на мотори на Русија


Норвешката министерка за правда Моника Меланд соопшти дека е блокирана продажбата на стратешкиот производител на мотори „Берген енџинс“ (Bergen Engines) на руска компанија поради заштита на националната безбедност. Плановите за продажба на филијалата на „Ролс-Ројд паур системс“ (Rolls-Royce Power Systems) на руската компанија „ТМХ интернешнл“ (TMH International) за околу 1,6 милијарди круни (186 милиони долари) […]

Синдикатите, конечно, заедно – ССМ и КСС разговараа за работничките права и минималната плата


Од исклучително значење за работниците и за нивните права е соработката меѓу најголемите синдикати, оцениле претседателите на Сојузот на синдикати на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати, Дарко Димовски и Благоја Ралповски.   На заедничката средба се разговарало за актуелните состојби и за проблемите со кои се соочуваат работниците при заштита на нивните права, […]

Нуркачи го чистеа езерото Матка


По повод Светскиот ден на водата – 22 март, денеска претставници на здружението Македонско-хрватско друштво (МХД) и на еколошкиот клуб „Пена“ го чистеа езерото и кањонот Матка. Од МХД соопштија дека и покрај лошите временски услови и непрегледноста во водата, предвидените еколошки активности се реализираа успешно, со околу 20 нуркачи од повеќе градови, кои го […]

Во Србија раст на новозаразени 5.475, починаа 36


  Во последните 24 часа во Србија регистрирани се уште 5.475 заразени со корона вируст, а починаа 36 пациенти. Состојбата во болниците е алармантна, со оглед на тоа дека во нив се лекуваат 6.178 ковид пациенти, а 238 на респиратор. Тестирани биле 18.158, а од почетокот на пандемијата 3.295.548 граѓани. Процентот на смртност е 0,89 […]

Во Босна и Херцеговина повторно многу починати од Ковид-19 – денеска 67


  Во последното деноноќие во Босна и Херцеговина забележани се 1.719 новозаразени со корона вирусот, а починаа уште 67 лица. Тестирани се 5.528а, оздравеле уште 894 пациенти. За споредба, вчера имаше 818 новозаразени, а 73 смртни случаи. Во Федерацијата тестирани се 3.895 примероци, а 1.070 биле позитивни. Пријавени се 44 починати или вкупно 3.325. Во […]

СДСМ бара пратениците од опозицијата да ги вратат платите за овој месец


  СДСМ денеска побара од пратениците од опозицијата да ги вратат платите за овој месец, бидејќи единствено што „сработиле“ била блокада на работата на Собранието. -Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите […]

Претреси во становите на Никола Груевски и Миле Јанакиески


Според она што го дознава „Слободен печат“ утрово бил вршен претрес во становите на Никола Груевски и Миле Јанакиески. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на експремиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“. […]

„Порта Македонија“ веќе не е под заштита


Министерството за култура ја тргнало заштитата на „Порта Македонија“, со што се отвора можност за нејзино уривање. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ вели дека со тргање на заштитата се отвора можност за тоа, но за тоа дали ќе се урива или не овој објект не одлучува Општината, туку инвеститорот, односно Министерството за култура. Оттаму  […]

Суспензијата на лекарите кои одбиваат да се вакцинираат во Италија


 Суспензијата на лекарите кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19 е законска, пресуди италијански суд во случајот на 10 лекари кои поднесоа тужба поради отпуштање од работа. Судијата на градот Белуно во Венето, Ања Травија ја отфрли жалбата на 10 здравствени работници во два геронтолошки центра, кои беа суспендирани во февруари, бидејќи одбија да примат […]

Полска испраќа вакцини за персоналот на НАТО во Брисел


Во белгиската програма за вакцинација вработените во НАТО немаат приоритет. Полска ќе ја помогне имунизацијата со 3.500 дози од „АстраЗенека“   Полската влада ќе испорача околу 3.500 дози од вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ – доволно за да се вакцинираат сите вработени во НАТО во седиштето во Брисел, кои сѐ уште не добиле инокулација преку национални програми, потврди […]