Во Србија раст на новозаразени 5.475, починаа 36
Во последните 24 часа во Србија регистрирани се уште 5.475 заразени со корона вируст, а починаа 36 пациенти.
Состојбата во болниците е алармантна, со оглед на тоа дека во нив се лекуваат 6.178 ковид пациенти, а 238 на респиратор.
Тестирани биле 18.158, а од почетокот на пандемијата 3.295.548 граѓани.
Процентот на смртност е 0,89 отсто.
Епидемиологот Предраг Кон рече дека утре имаат состанок на Кризниот штаб, на кој ќе се разговара за работата на угостителските објекти и училиштата.