„Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар странски филм на Independent Film Awards во Лондон


По шест вредни награди на познати фестивали шурум светот, играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски е прогласен за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон. Лондонскиот независен филмски фестивал е британски филмски фестивал што се одржува секоја година во април. Со преку 1.000 пријавувања на филмови од повеќе од […]

Дури 87 кандидати за нови пратеници биле доушници


Вкупно 87 од кандидатите за пратеници за новиот состав на бугарскиот Парламент биле поврзани со поранешната комунистичка Државна безбедност (ДС) и разузнавачките служби на Бугарската народна армија до 1989 година. Имињата на повеќето од нив веќе се објавени во јавноста, а тие станаа познати со одлуката на бугарската Комисија за досиеја. Како што јави дописникот […]

Заев, Ахмети и Џафери утре ќе бараат начин да го деблокираат Собранието


Премиерот Зоран Заев денеска од Велес најави дека утре ќе одржи средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со цел, како што рече, да се разгледаат одредени можности што ни стојат на располагање за да го одблокираме Собранието. Изрази надеж дека блокадата на Парламентот е од времен […]

Македонија не е веќе изземена од контролата на извозот на вакцини од ЕУ


Европската Комисија денеска воведе неколку промени во својот механизам за авторизација на извоз на вакцини кон трети земји, за да има поголема транспарентност, но една од последиците е што земјите од Западниот Балкан нема повеќе да бидат изземени, вклучително и Северна Македонија. Овие промени следуваат откако ЕУ се соочи со бројни проблеми околу испораката на […]

Заев очекува масовната имунизација да почне кон крајот на месецов или почетокот на следниот


Премиерот Зоран Заев очекува кон крајот на месецов или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава. Кон крајот на месецов, како што денеска изјави, се очекуваат првите количини преку Ковакс системот, а следната недела и вторите дози од руската вакцина „Спутник“ со која се вакцинираат здравствените работници. На 30-ти овој месец во земјава […]

Столтенберг: И изразивме поддршка на Бугарија за истрагата против руската шпионска мрежа


На денешната седница на министерскиот состанок на НАТО во Брисел главната дискусија се однесуваше на односите со Русија, сите земји членки и изразиле поддршка на Бугарија за истрагата против наводна руска шпионска мрежа, јави дописничката на МИА од Брисел. -На Бугарија и упативме порака на солидарност од сите сојузници, зборував со премиерот на Бугарија, министерката […]

Премиерот Заев го тестираше еколошкото возило на „Брако“ за чистење улици и јавни површини (видео)


Првото возило за чистење кое целосно работи на водород и воопшто не испушта јаглерод диоксид, што ќе се произведува во „Брако“ под брендот „Грин машинс“, денеска беше промовирано во кругот на  велешката фабрика во присуство на владиниот врв. Станува збор за еколошка машина за чистење улици и јавни површини која како гориво користи водород (хидроген) […]

Бочварски: Годинава ќе се реконструира патот од Охрид до Ресен преку Галичица


Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесеме за развој на туризмот во овој регион. Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот, истакна министерот за транспорт и врски […]

Проблемите со сметањето на времето


Викендов почнува летното сметање на времето. Ритуал кој на многу луѓе им носи нервоза и лош сон Во недела (28.03) во 2 часот стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред – на 3 часот. Почнува летното сметање на времето, ритуал кој не го сакаат особено Германците. На онлајн-анкетата на ЕУ за ставот околу промената […]

Продолжуваат проблемите за транспортерите на граничниот премин Евзони (Богородица)


Рестрикциите на грчката Влада и посебните правила за влез во земјата преку граничниот премин Евзони (Богородица), кои важат и за возачите на камиони и понатаму, создаваат проблеми за транспортерите и редици на границата, а од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ размислуваат за одржување нов протест, јави дописничката на МИА од Атина.  Воведеното временско ограничување за влез на […]

Одобрени уште 1,4 милиони евра барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија


Нова група од 124 барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА програмата. Од Развојната банка на Северна Македонија денеска соопштија дека се одобрени 1,4 милиони евра за овие кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија. Досега, […]

На патот Охрид – Кичево од почетокот на оваа година досега 15 сообраќајни несреќи


Магистралниот патен правец Охрид – Кичево каде веќе пет години се изведуваат градежни работи за изградба на современ автопат, наместа е релативно слабо одбележан и обезбеден што влијае на порастот на бројот сообраќајни незгоди. Минатата година на тој патен правец се случени регистрирани 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и две жртви. Само во првите нецели три […]

Пленковиќ, Јандроковиќ и Берош јавно се вакцинираа со „АстраЗенака“


Хрватска– Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, и министерот за здравство, Вили Берош, утринава во седиштето на владата во Загреб  беа јавно вакцинирани со вакцината на „АстраЗенака“. -Мислам дека беше испратена силна порака до медицинската наука и професијата, особено затоа што бевме вакцинирани со „АстраЗенека“, изјави Берош пред новинарите по вакцинацијата. Тој […]

Србија не ги ублажи мерките, влез во државата без ПЦР тест само за вакцинираните жители


Србија– Кризниот штаб за борба против коронавирусот на седница на која е разгледана епидемиолошката состојба во Србија одлучи да нема ублажување на постојните мерки. Исто така, одлучено е граѓаните на Србија кои се целосно вакцинирани со вакцинините на Синофарм, Фајзер и Спутник, како и оние граѓани кои примиле една доза од вакцината АстраЗенека, да им биде […]

Утринските температури до сабота под нула


Утринските температури до сабота ќе бидат значително ниски за овој период од годината. Во следните два дена се очекува да бидат во интервал од -8 до -1 степен, а во сабота од -6 до нула степени. Веќе од недела, синоптичарите најавуваат позначителен пораст на утринските температури. 

До пет години затвор за тие што го организираат бојкотот


Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика ги отфрли забелешките дека кампањата за учество на пописот е насочена кон една етничка заедница, како што се создава вчечаток во јавноста. Таа соопшти дека главниот комуникациски канал се социјалните медиуми и контактите со здруженијата и организациии  на иселениците низ светот, иако според неа некои од нив одбиле […]

Анѓушев: Морталитетот кај фирмите по пандемијата ќе биде голем, спасот е во нови инвестиции


Сопственикот на компанијата „Брако“ и поранешен вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека по завршување на пандемијата многу фирми може да стават клуч на врата. Според него излезот е во инвестиции и освојувањето нови пазари. „Најлоша и најтрагична е загубата на човечките животи. Но, ако морталитетот кај луѓето поради пандемијата е 0,5, еден или […]

Нетанјаху ги повика ривалите заедно да состават влада


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се воздржа од прогласување победа во раните утрински часови по вчерашните избори, четврти за помалку од две години, и наместо тоа апелираше до членовите на ривалските партии да ми се придружат со цел да се избегне петто последователно гласање. По преброени околу 90 отсто од гласовите, неговата партија Ликуд се очекува […]

Продолжува судењето за трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски


 Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето против трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Јетон Љужам, кој беше во бегство, а од пред неколку месеци е екстрадиран од Германија. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска. За убиството на дваесетгодишниот Саздовски Кривичниот суд Скопје, во […]