Проблемите со сметањето на времето

Викендов почнува летното сметање на времето. Ритуал кој на многу луѓе им носи нервоза и лош сон
Во недела (28.03) во 2 часот стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред – на 3 часот. Почнува летното сметање на времето, ритуал кој не го сакаат особено Германците. На онлајн-анкетата на ЕУ за ставот околу промената на сметањето на времето учествувале најмногу Германци – од вупно 4,6 милиони учесници, 3 милиони биле граѓани на Германија.
Во анкетите на германската здравствена каса ДАК повеќе од три четвртини од испитаниците постојано се жалат на менувањето на сметањето на времето и бараат тоа да се укине. Граѓаните во истражување на здравствената каса ККХ тврдат дека менувањето на времето им влијае лошо врз сонот. Секој втор испитаник чувствува негативни последици по спиењето. Притоа, кај жените проблемите со сонот се значително почести отколку кај мажите.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука