Киријакидес: „АстраЗенека“ до крајот на март може да ги испорача првите вакцини за ЕУ од фабриката во Холандија


Еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес, потврди дека компанијата „АстраЗенека“ поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за одобрување на вакцините од нејзината фабрика во Холандија. Британските медиуми пренесуваат дека Киријакидес потенцирала дека одобрувањето на ЕМА, на кое се работи по забрзана постапка, доколку се оди според планот, може да овозможи првите испораки на вакцините […]

ОН потврдија дека саудиски службеник се заканил на експертка што ја водеше истрагата на Кашоги


Независната експертка Агнес Каламард, која ја водеше истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги, на состанок во Женева рече дека висок саудиски службеник и се заканувал со смрт. Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права ги потврди нејзините тврдења. Портпаролот на Канцеларијата, Руберт Колвил го потврди пишувањето на „Гардијан“, во кое се наведува дека Агнес […]

Повеќе од 300.000 лица умреа од Ковид-19 во Бразил


Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Бразил регистрираше над 300.000 смртни случаи од Ковид-19, што земјата ја сместува веднаш зад САД, која има 545.000 смртни случаи во истиот период, соопшти вчера бразилското Министерство за здравство, пренесе ДПА. Според Министерството досега во Брзаил умреле точно 300.685 лица, во кои се вклучени и над 2.000 смртни случаи […]

Макрон: ЕУ заостанува во имунизацијата оти лидерите не препознаа дека вакцините ќе бидат брзо развиени


Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека европските лидери не успеале да препознаат дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат развиени за толку кратко време. Макрон смета дека тоа е причината што ЕУ сега заостанува зад некои други земји во имунизацијата. – Сите експерти зборуваа дека вакцината никогаш во историјата на човештвото не е развиена за помалку […]

Државниот секретар на САД им порача на сојузниците: Не бараме од вас да изберете помеѓу нас и Кина


Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во изминатите два дена го потврди новиот пристап кон сојузниците во НАТО, велејќи дека Вашингтон нема да ги принуди да избираат помеѓу САД и Кина. – САД нема да ги принудат сојузниците да не изберат нас или нив кога станува збор за Кина, рече Блинкен, кој присуствуваше на состанок […]

Вирџинија, како 23 американска сојузна држава, ја укина смртната казна


Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија, Ралф Нортум, го потпиша законот за укинување на смртната казна, што ќе биде заменета со доживотен затвор без можност за предвремено помилување, јавија руските медиуми, повикувајќои се на информации од личниот профил на гувернерот на Фејсбук. На овој начин Вирџинија стана 23-та американска држава по ред, која ја укинува […]

Утринските температури под нулата во цела држава, најстудено во Берово со минус 12 степени


Во Берово изутринава во 7 часот се измерени -12 степени, на Попова Шапка -11,  а во Маврови Анови -10. Осум степени под нулата се регистрирани во Крива Паланка, -7 Крушево, -6 Претор и Прилеп, -5 Охрид, Штип, Виница и Струмица, -4 Битола и Дебар, -3 Тетово, Скопје-Петровец и Куманово, -2 Демир Капија и Скопје-Зајчев Рид, […]

„Гугл“ ќе плаќа надомест за медиумите во Италија


„Гугл“ соопшти дека потпишал серија договори за лиценца со италијанските медиуми, со што се отвора патот за плаќање надоместоци за издавачите, согласно законот утврден со европска директива од пред две години,а што е  слична на авторските права. Овие договори ќе им овозможат на италијанските издавачи пристап до „Гугл Њуз Шоукејс“ (Google News Showcase), новата програма […]

Бајден ја задолжи Камала Харис за мигрантската криза на границата со Мексико


Американскиот претседател Џо Бајден ја задолжи својата заменичка Камала Харис да управува со чувствителното прашање за приливот на мигранти на границата меѓу САД и Мексико.   „Ви доверувам тешка задача“, и рече тој на состанокот во Белата куќа.   „Таа се согласи да го води тој дипломатски проблем“, додаде Бајден, осврнувајќи се на разговорите со […]

Карипските земји со молба до САД – „Дајте ни вакцини“


Откако САД пред неколку дена ветија дека дел од своите резерви со вакцини ќе ги сподели со Мексико и Канада, вчера и неколку карипски островски држави побараа од Вашингтон да ги сподели со нивниот регион залихите со вакцини против коронавирус, Независните земји на карипскиот архипелаг, со исклучок на Куба, која самата развива вакцини, се пожалија […]

Владејачкото мнозинство ќе бара начини за деблокирање на работата на Собранието


Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска е закажана седница за поставување пратенички прашања, којашто се одржува секој последен четврток во месецот. Друга седница засега нема најавено на собраниската веб-страна, иако јавноста очекува пратениците да се изјаснат за законите поврзани со антикризните мерки. Премиерот Зоран Заев најави дека денеска пред седницата за пратенички прашања […]

Расте бројот на самопопишани во дијаспората, обезбедени теренските попишувачи


Бројот на самопопишани во дијаспората вчера изнесуваше 137.114 лица, што претставува зголемување на вкупната бројка од 7.102  за само еден ден, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Швајцарија се над 45.000, Германија 31.000, Италија 19.000, САД 5.100, Австралија 1.682 и Канада 1.215. Самопопишувањето на дијаспората е во тек од 1-ви март, а ќе […]

САД надминаа 30 милиони заразени од коронавирусот


Во САД од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 30 милиони инфекции со коронавирус, јави ДПА. Податоците од Универзитетот Џон Хопкинс, што беа ажурирани доцна синоќа, покажуваат дека земјата го минала новиот рекорд во случаите на инфицирани со вирусот. Ниту една друга земја во светот не забележала толку многу случаи и најверојатно во неа […]

Болниците се полнат со ковид-пациенти, хоспитализирани 1.427 лица, масовна вакцинација се планира во април


Болниците се полнат со ковид-пациенти, во целата земја се хоспитализирани 1.427 позитивни и сомнителни на коронавирусот, само во Скопје биле примени 79 во едно деноноќие. Според министерот Венко Филипче, во средина сме на новиот, трет бран на вирусот, а масовната имунизација се очекува да почне во април, откако ќе стигнат поголемите количини вакцини од Русија […]

Пратенички прашања во Собранието


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 37-та седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Седницата која, како што е најавено, ќе започне во 11 часот, ќе се одвива според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица. Секое трето […]

Во Јапонија тргна факелот со олимпискиот оган


Олимписки факел тргна низ Јапонија, се наведува на официјалната веб-страница на организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио. Штафетата со огнот стартуваше во префектурата Фукушима на стадионот „Ј-Вилиџ“. Прв учесник на настанот беше фудбалерот Азуса Ивашимизу, кој играше за репрезентацијата на Јапонија од 2006 до 2016 година. Факелот за 121 ден ќе помине низ859 општини […]

Утрото студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност и северен ветер


Утрото ќе биде студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Скопје, сончево […]

Воена парада во Атина по повод 200 години од востанието за независност на Грција


Под драконски безбедносни мерки, под здравствени протоколи, без публика поради пандемијата и карантинот, со ограничен број претставници на медиумите, со високи гости, денеска во Атина ќе се одржи воената парада по повод 200 години од востанието за независност на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. На дводневните свечености по повод јубилејот присуствуваат претседателот на […]

Оправдан ли е стравот од инфлација?


Ниската и стабилна инфлација е присутна дури и во услови на постојан раст на платите и кај нас и во Европа, феномен познат како „wage – price puzzle”   Мирче Јовановски Во изминатата година во светот, а и кај нас, во економијата буквално се истурија огромни количества пари – за директна поддршка на ликвидноста на […]

Индија го запре извозот на вакцини на „АстраЗенека“. Дали тоа ќе се одрази на Македонија?


Фабриката „Серум институт“ е најголем произведувач на вакцини во светот. Ковакс програмата на СЗО оттаму се снабдува со вакцините на „АстраЗенека“. Но поради појавувањето на „двојниот мутант на вирусот“ во Индија тамошните власти решија сите вакцини што се произведуваат да ги насочат кон сопствената земја   Љупчо Поповски Се компликува извозот на вакцините на „АстраЗенека“ […]