Симовски: Ние во студиово полесно можеме да се заразиме отколку граѓаните на пописот


  Дали има правна основа за казни околу неучевство на пописот треба да одговорат правници, но јас сум и за повеќе од кривична одговоност затоа што одбивањето попис е класично несакање на државата, неучевството во пописот ќе донесе само штетни последици, особено ако тоа е заради остварување на политички цели. Апелирам сите да се попишат […]

Усвоен извештајот за Македонија во Европскиот Парламент


Со 558 гласови за, 70 против и 59 воздржани Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук. Извештајот ги поздравува напорите на Северна Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение околу спорот поради кој Северна Македонија не може да ги […]

Нови 1.264 случаи со Ковид-19, 29 починати, 722 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи со Ковид-19. Според градови: Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, […]

Заев до Апасиев: Сакаш да живееш во демократија, а да се однесуваш како во комунизам


„Ако живеете во демократија не можете да се однесувате како во комунизам. Во демократијата право на работа има и јавниот и приватниот сектор. Во приватните болници во РСМ нема ништо повеќе што го нема во јавното здравство. Немаат инфективни одделенија, немаат инфектолози, а сакале да одат граѓаните во приватните болници. Никогаш не сме се довеле до […]

Германија воведува задолжителен ПЦР тест при влез во земјата


Германија– Секој што сака да патува во Германија ќе треба од недела, 28 март, да приложи негативен ПЦР тест на коронавирус, објави агенцијата ДПА. Пред летот, од патниците кои заминуваат во Германија ќе се бара да му покажат негативен ПЦР тест на превозникот. Одлуката стапува во сила в недела на полноќ и ќе трае до […]

Џејн Фонда на 83 години: Не сакам да бидам во врска, ја немам таа желба


САД– Во искреното интервју за априлскиот број на „Харперс Базар“, на киосците на 6 април, Оскаровката Џејн Фонда проговори за интимниот живот на 83 години и зошто не сака да биде во „сексуална врска“ повторно. -Една од болните работи што ја сфатив до 80 години – дури не знам ниту колку години имам – 83, […]

(Фото) Почна реконструкцијата на „Орце Николов“ – потесен коловоз, паркирање во „џебови“, патека за велосипеди…


Почна долгонајавуваната реконструкција на „Орце Николов“, една од најфреквентните улици во центарот на Скопје, која, кога ќе заврши, за околу три месеци, треба да донесе сосема поинаков квалитет на сообраќајните решенија за возачите, велосипедистите и пешаците. Една од најважните новини ќе биде стеснувањето на коловозната лента од сегашните седум на шест метри, но затоа ќе […]

Актерката Акбелге за Светскиот ден на театарот: Кризите се секогаш шанса за преобразба


Авторка на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот годинава е британската актерка Хелен Мирен Кризите се секогаш шанса за преобразба. Промените се неминовни и нужни. Кога сите дефиниции за театарот паѓаат во вода за време на криза, предизвик и културна обврска на секој поединец-уметник е да повикува на повисок степен на одговорност, иновативност, креативности истражување […]

АА и Алтернатива најавуваат дека со 3.000 амандмани ќе ги блокираат антикризните закони


Собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19 од петиот пакет е закажана за попладнево 18:30 часот.  Комисијата е закажана откако претходно денеска во Собранието владејачкото мнозинство и СДСМ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците […]

Јункер: ЕУ да престане со глупавата војна околу вакцините со Велика Британија


Европската унија беше премногу претпазлива и многу се грижеше за буџетот при набавка на вакцини против Ковид-19, и сега треба да престане со „глупавата војна околу вакцините“ со Велика Британија, изјави поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Јункер, кого во 2019 година го замени Урсула фон дер Лајен, оцени дека Велика Британија ја спроведе […]

Со целосна посветеност и внимание сме постапувале по барањата на Турција, вели Заев


Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со припадници на Фето во Северна Македонија и одредени компании, изјави дека ние со целосна посветеност и внимание сме постапувале секогаш за барањата на Република Турција, но дека за евентуална екстрадиција на одредени лица потребно е за нив да има судска пресуда. Заев посочи дека имајќи ги […]

Лани имало 73.061 деловни субјекти, за 3,8 проценти помалку во однос на 2019


Бројот на активните деловни субјекти во  државава во 2020 година изнесува 73.061 и во однос на 2019 година е намален за 3,8  проценти. Најмногу се намалил бројот на активните деловни субјекти во секторот Други услужни дејности (15,2 проценти, односно за 911 субјекти) и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11,6 проценти, […]

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство


Здравствените рестрикции поради Ковид-19 ќе бидат минимални за натпреварите од Европското фудбалско првенство, кои ќе се играат во Санкт Петерсбург, а стадионот ќе биде исполнет до 50 отсто од капацитет со дозвола за влез и за навивачи од странство, најави денеска генералниот директор на Организацискиот комитет Алексеј Сорокин.   – Се извинувам, но морам да […]

УЈП: Оние кои не доставиле комплетно барање за финансиска поддршка, може тоа да го направат до 31 март


Управата за јавни приходи известува дека сметководителите, физичките лица кои вршат самостојна дејност, како и работодавачите кои го искористиле правото на финансиска поддршка за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, и поднеле некомплетно барање за пресметување на износот за враќање односно претворање во грант на финасиската поддршка до крајниот рок на поднесување 25 март […]

Заев: Софтверот за сообраќај е набавен низ регуларна јавна набавка, не е прекршена ниту една процедура


При набавката на софтверот за сообраќај не е прекршена ниту една процедура за јавни набавки, не е констатиран никаков конфликт на интереси. Владата работи по највисоки професионални стандарди, транспарентно, етички, законски, комплетно за сите постапки така и за ова. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев во одговор на прашање од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар […]

Штедачите на Еуростандард банка најавуваат пресврт во одлуката на Уставен суд


Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денес најави пресврт на одлуката на Уставен судд во врска со нивната иницијатива за оцена на уставноста уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од овој Законот зза банки, со кој, како што се наведува „му се дава монопол на Фондот за осигирување на депозити да целосно […]

Млад фудбалер на Лацио загина во сообраќајна несреќа


Фудбалерот на младата екипа на италијанскиот прволигаш Лацио, 19-годишниот Даниел Гуерини загина во сообраќајна несреќа што се случи во средата вечер во јужно предградие на Рим. – Сите во клубот сме во шок и болка. На семејството на младиот Даниел Гуерини му изразуваме најдлабоко сочувство, соопшти Лацио. Според извештаите во италијанските медиуми, несреќата се случила […]

Средба Џафери-Заев, тема процедуралните аспекти на функционирањет на Собранието


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со премиерот Зоран Заев, кратко пред почетокот на Пленарната седница за пратенички прашања, со кој разговараше за сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието. -Наша заедничка констатација е дека парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука […]

Стефоска: Со директорите на заводите и музеите остануваме доследни за максимална грижа во заштитата на културното наследство


Министерката за култура Ирена Стефоска денеска на онлајн состанокот со директорите на заводите за заштита на спомениците на културата и музејските институции во земјава, посочи дека заедно со директорите ќе останат доследни за максимална грижа во заштитата на културното наследство. Како што соопштија од Министерството за култура, на состанокот се разговарало за активностите на овие институции, за потребите и […]

Бугарските европратеници задоволни: „Го спречивме најлошото“ во резолуцијата на Европскиот парламент


Според она што го објави европратеникот на ГЕРБ, Андреј Ковачев, амандманот на  Резолуцијата на Европскиот парламент за Македонија, со кој се оценува како неодговорно однесувањето на Бугарија спрема нашата држава, не бил усвоен. Во амандманот на четворица претставници на европските социјалисти и зелени, се осудуваа провокативните изјави на бугарски претставници за историски прашања. Во основа, […]