Британскиот Парламент ги продолжи вонредните мерки до септември


Британскиот Парламент денеска го одобри продолжувањето на итните мерки заради коронавирусот за нови шест месеци и со тоа конзервативната влада на премиерот Борис Џонсон и овозможи да ги задржи широките овластувања за ограничување на секојдневните активности. Долниот дом на британскиот Парламент гласаше за продолжување на вонредните овластувања на владата до септември и го одобри планот […]

Во недела пристигнуваат 24.000 вакцини „Астра Зенека“, за вакцинација се пријавени 111.285 лица


На 28 март во државава ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, со што, како што најавија властите, треба да почне вакцинацијата на населението. -Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, објави синоќа на […]

Бајден најави кандидатура за претседателските избори во 2024 година


Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ќе учествува на следните претседателски избори во 2024 година. Бајден со 78 години е најстариот претседател досега. Тој на почетокот на евентуалниот втор претседателски мандат би имал 82 години. Бајден на првата своја прес конференција по стапувањето на должноста, на 20 јануари, вчера одговараше на бројни прашања од новинарите, […]

Северна Кореја го потврди тестирањето на нов тип тактички ракети


Северна Кореја денеска потврди дека ден претходно истрелала два „нови типа на тактички ракети“, соопшти државната агенција КЦНА, на која се повикува ДПА. Тестирањето го спровела севернокорејската Академија на науките во одбраната и истото го оценила како „многу успешно“, додаде КЦНА. Двете ракети успешно ги погодиле своите цели во водите, на 600 километри од брегот, […]

Aнтикризните закони за Ковид-19 заглавени со 3.000 амандмани, ќе бидат потребни неколку дена да се преведат


На Собранието ќе му биде потребно уште време за да ги донесе трите закони од петиот пакет антикризни мерки за Ковид-19, бидејќи пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја реализира најавата и достави 3.000 амандмани на вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцунски, на […]

Континуирано се расчистува околу ОХИС, тврди МЖСПП, за О2 Иницијативата решавањето на проблемот е далеку


Во континуитет се работи на расчистување на околината на поранешната фабрика ОХИС, каде се депонирани голем број на отровни материи, се вели во одговорот на Министерството за животна средина и просторно планирање за МИА во врска со состојбата со лиданот во поранешниот хемиски гигант. ОХИС и линдатот се уште се горлива тема, со оглед на […]

Фон Дер Лајен: Нема извоз за АстраЗенка, договорите треба да се почитуваат


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека АстраЗенека повеќе не може да извезува вакцини против Ковид-19 од Европа во други региони сè додека не ги исполни своите договори со Европската унија. – Мислам дека на АстраЗенека и е јасно дека мора да го испочитува договорот што го има со земјите-членки на ЕУ […]

Мишел: ЕУ и САД мораат заеднички да работат на зачувувањето на глобалната безбедност


Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Европската унија и САД мораат да работат заедно на зачувувањето на глобалната безбедност, демократија и стабилност, пренесуваат британските медиуми. -Тоа што го гледаме е дека вредностите на демократијата и владеењето на правото се повторно под притисок, има внатрешни и надворешни закани, и повеќе од кога било […]

Утринава студено, преку ден сончево со мала облачност


Времето утринава е студено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. […]

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради протест


СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје поради протест најавен во 13.30 часот, кој ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата. Затворени за сообраќај од 13:30 часот до завршување на протестот ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и […]

Пораз во драматичен финиш на македонските фудбалери на стартот на мундијалските квалификации


Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва на гостувањето кај Романија со 3:2 во премиерниот натпревар во квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски беа на чекор непоразени да се вратат од гостувањето во Букурешт, откако во финишот се вратија од негатива по водството на Романците од 2:0, со головите на Флоријан Настасе во 28 минута […]

Јоханес Хан импресиониран од иницијативите за реформа на судството


Европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, по денешната средба со македонскиот министер за правда, Бојан Маричиќ, соопшти дека е „импресиониран од иницијативите преземени во сферата на судството и владеење на правото“ што ги презема владата во Скопје. „Овој сектор е клучен за европската интеграција и Европската комисија останува посветена на европската перспектива на […]

Прекината седницата на собраниската Комисија за финансирање, 3.000 амандамни дадени на превод на албански јазик


Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја реализира најавата и достави 3.000 амандмани на трите закони од петиот пакет антикризни мерки за Ковид-19. На вечерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцунски, информирал дека се поднесени амандманите и соопштил дека тие се проследени на превод […]

Вакцините на „АстраЗенека“ конечно стигнуваат в недела


Првата пратка од вакцините на „АстраЗенека“ од Ковакс програмата треба да стигне в недела изутрина. Тоа го објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче. „Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристигнува првата пратка од 24.000 вакцини на ‘Астра Зенека’ преку Ковакс системот“, напиша Филипче. Македонија од Ковакс програмата […]

Мицкоски побара, Заев се согласи на средба


  Откако вечерва преку телевизиски разговор Христијан Мицкоски го повика Зоран Заев на средба меѓу нив двајцата, премиерот брзо одговори преку Фејсбук дека го прифаќа состанокот.   „Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на […]

Против Ковид-19 не е вакциниран ниту еден министер, функционер или директор


Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека високи функционери се вакцинирале против Ковид-19. -Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден фуницонер, ниту еден министер во Владата, ниту еден директор.Списоците се регрутирани од страна на сите ЈЗУ во кои се лечат или прегледуваат пациенти со ковид, болници, клиники, здравствени […]

Заев за пописот: Дваесет години не е соодветно време, кога ќе биде?


Премерот Зоран Заев останува на ставот дека пописот не треба да се одложи затоа што податоците што ќе се добијат се исклучително важни за државата и затоа што, како што рече, никој не може да гарантира какви ке бидат состојбите со пандемијата во иднина за тој да се одложи за извесен период. Учеството на пописот […]

Вакцинацијата против Ковид-19 се спроведува во 138 земји низ светот


Најмалку 138 земји низ целиот свет започнаа кампањи за вакцинација против Ковид-19. Чиле моментно има најголем успех со вакцинирањето по глава на жител меѓу земјите со над еден милион луѓе. Оваа јужноамериканска држава во последните седум дена давала просечно по 1.299 дози дневно на 100.000 луѓе, покажуваат резултатите од вакцинацијата врз основа на податоците собрани […]

Димитров жали што не помина амандманот за бугарската реторика


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Северна Македонија, но изрази жалење што не помина амандманот на Зелените и Социјалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава. Амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на […]

Заев предлага средба за Законот за државјанство


Премиерот Зоран Заев смета дека прашањето поврзано со тоа што одредени лица во државата не можат да добијат државјанство е нешто што треба да се реши, но, како што посочи за тоа е потребно да се донесе издржано решение. Тој најави дека уште од понеделник може да се седне, да се разговара и со заеднички […]