Бугарија до крајот на март добива околу 250.000 дози, а до крајот на јуни  4,5 милиони дози вакцини


Директорот на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов, за БТВ денеска изјави дека до крајот на следната недела сите три вакцини, овластени за употреба од ЕМА, ќе бидат испорачани во Бугарија. Денеска треба да пристигнат 16.375 дози на „АстраЗенека“, следната недела уште 31.500 дози од „Фајзер“ и 51.600 дози од „Модерна“, а другите 150.000 дози […]

Акцијата во Грчец била провалена, петмина од нарко-шефовите избегале


Обвинителката Вилма Русковска изјави дека засега немаат информации кои биле доушниците на на нарко-структурите, но дека имаат цврсти докази за работата на групите од Грчец и Гази Баба   Акцијата против нарко-структурите во Грчец и Гази Баба во Скопје беше голема, но резулатите се половични, затоа што таа била провалена и петтемина главни нарко шефови […]

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски


Тринаесет години затвор му одреди Судечкиот совет на обвинетиот Насер Ештрефи во случајот со убиството на Ангел Петковски. Во изречената казната затвор се пресметува и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор и секое лишување од слобода, а кое изнесува нецели седум години. Судечкиот совет при изрекувањето на пресудата информира дека му било многу […]

Објавен првиот број на МБА Е-билтен


Македонската банкарска асоцијација ја одбележа Глобалната/Европската недела на пари со уште една активност – го издаде првиот број на МБА Е-билтен https://mba.mk/w/mk/e-bilten/. Како што се вели во соопштението до медиумите, билтенот ќе излегува на квартално ниво, а има цел значаен дел од работењето на МБА и на нејзините членки и соработници да го направи уште подостапно до вработените во […]

Болницата во Битола се полни со млади луѓе тешко болни од ковид


Денеска починаа четворица битолчани. Во исто време баровите и кафеаните во Битола се полни и преку ден и до почетокот на полицискиот час   Анета Блажевска БИТОЛА – Ковид центарот во Битола се полни со млади заболени од вирусот кои имаат потешка клиничка слика. Од утрово по сите Фејсбук групи на битолчани се бараше плазма […]

„Газпром“: „Северен тек 2“ ќе биде завршен до крајот на годината


Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ ќе заврши годинава, изјави денеска извршниот директор на „Газпром“, Виктор Зубков. -Активно се работи, и остана уште многу малку. Се разбира, оваа година дефинитивно ќе биде готов. Штета за изгубеното време, но тоа се случи, рече Зубков, пренесуваат руските медиуми. Според него, работата на изградбата на гасоводот е завршена […]

Мојсовски: Правиме законски решенија за спортистите да добијат право на пензија


Правиме законски решенија со кои овозможуваме поранешните, но и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија. Денес ја исправаме децениската неправда кон спортистите, информира на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. – Во заедничка координација сме со Фондот за пензиско осигрување, Министерството за правда, Министерството […]

Вкупно 96 апликации од 61 автор за изработка на илустрации за проектот „Современи бајки од Македонија“


Вкупно 96 апликации од 61 автор од земјава пристигнаа на отворениот повик за илустратори и дизајнери за изработка на илустрации на четирите современи приказни „Бакнежот на пролетта “, „Осаменото дрво “, „Перуника“ и „Сончевото момче Ил“, избрани во претходниот отворен повик. Пристигнатите креативни решенија ќе ги оценува жири-комисија составена од претставници на Движењето за креативност […]

ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да се одложи за септември


„Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ‘За обнова на Македонија’ бараме пописот да се одложи за септември, а во таа насока Собранието да закаже итна седница за да може да се интервенира во законот за самото одлагање“, изјави денес пратеникот Антонијо Милошоски. То ваквото барање го образложи пред се од здравствени и епидемиолошки причини. […]

Викендов преку српската Е-управа закажана вакцинација со АстраЗенека на македонските државјани на белградскиот саем


На Белградскиот саем во тек е вакцинација на голем број странски државјани кои се имаат пријавено преку системот е-Управа, од кои најмногу има државјани на Босна и Херцеговина и Црна Гора. Како што јави дописникот на МИА од Белград, викендов на Белградскиот саем се очекува вакцинација и на огромно мнозинство македонски државјани. Според информациите од […]

Нуредини: „Пејпер Мил“ ќе стартува со производство, кога ќе ги исполни обврските


Фабриката за хартија „Пејпер Мил“ во Кочани ќе стартува со производството, само доколку ги исполни условите кои им се дадени, порача денеска од Штип,  министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Последниот инспекциски надзор пред два месеца од Државниот инспекторат за животна средина покажа дека гасовите кои излегуваат од фабричкиот оџак на кочански […]

Моќта на лукот – редовно ставајте под перница и ќе бидете изненадени од ефектот


Не мора да јадете лук за да ги почувствувате неговите придобивки! Лукот не само што е здрав – консумирањето на оваа храна го детоксицира организмот, ја намалува количината на маснотии во организмот и може да ви помогне дури и ако го чувате под перница! Не е најпријатниот мирис, но кога ќе видите како влијае, ќе […]

Притисокот врз болниците сè поголем, хоспитализирани 1.537 лица со КОВИД-19, слободни околу 250 кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во земјава е 1.537 и има околу 250 празни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерство за здравство, додавајќи дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Само […]

(Видео) Не знаевте дека машината за садови го може ова: Жена со еден потег ви покажува како се зголемува нејзиниот капацитет


Машината за миење садови е една од омилените апарати за домаќинство бидејќи го завршува досадно миење садови за нас, додека можеме да се занимаваме со поважни или забавни работи. Полнењето на машината е сé уште мака за многумина, особено ако имаат многу големи парчиња садови кои никогаш не се вклопуваат во одделите. Но, постои трик […]

Директорката на ММФ, Георгиева: Народната банка има витална улога – професионалностa и независностa се од клучно значење


Состанок на директорката на ММФ, Кристалина Георгиева и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска „Народната банка има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата и обезбедувањето економска и финансиска стабилност. Вашите професионалност и независност се од клучно значење.“ – рече директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, на состанокот со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, одржан […]

Бугарското Воено обвинителство поднесе четири нови папки со докази за шпионските активности на разбиената група


Четири нови папки со докази се доставени од бугарското Воено обвинителство до Апелацискиот воен суд во Софија во истрагата против групата од шест притворени лица за шпионажа во корист на Русија. Две од папките содржат класифициран материјал пронајден при претреси на уапсените, а другите две се изјави на уапсените при сослушанањата, јави бугарската национална телевизија. […]

Заев очекува следната недела да почне примената на законите за помош на стопанството  


Премиерот Зоран Заев верува дека  по вчерашниот договор помеѓу пратениците во Собранието, законите од петтиот пакет економски мерки во наредните денови ќе  бидат изгласани и од наредната недела ќе почне нивната примена. -Одлуките се донесоа, комисиите веќе работат, денеска, утре, задутре, заради тоа што законите се по скратена постапка и верувам дека во наредните денови […]

Истражување на авиокомпании: Брзите тестови подеднакво ефикасни како и карантинот


Брзи антигенски тестови по враќањето на патниците од патување можат да бидат подеднакво ефикасни како карантин во запирање на увезените случаи на Ковид-19, покажуваат податоците од новата студија за која туристичката индустрија се надева дека ќе ги убеди земјите да ги отворат своите граници во текот на летото. Истражувањето, направено по барање на сопственикот на […]

Заев и Мицкоски ќе се сретнат в понеделник, тема како да се одблокираат законите и процесите


Средбата Заев – Мицкоски ќе се одржи в понеделник во 13 часот, потврди денес премиерот во Делчево.   „Без разлика кој ќе се најде во позиција или во опозиција, да продолжиме да работиме заедно, а преку заедништвото верувам дека ќе го дуплираме или триплираме успехот во државата. Од тој аспект ја прифатив и поканата на претседателот […]