Шахпаска: Податоците од пописот се неопходни за креирање на социјални и трудови политики


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски го посетија Прифатниот центар за поддржано живеење на бездомни семејства каде се изврши попис на овие лица. Во овој центар во привремени живеалишта се сместени 105 бездомни лица. -Пописот е многу важна статистичка операција што е важна за […]

Апел од Азески до Заев и Михалос: Да се обезбеди непречено одвивање на товарниот сообраќај кон Солунското пристаниште


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески упати апел до премиерот Зоран Заев и до претседателот на Унијата на грчките комори, Константинос Михалос – врвен приоритет да остане прашањето за обезбедување непречено движење на транспортните работници, независно од мерките што се воведуваат за спречување на КОВИД. Ви писмените дописи до Заев и Михалос, Азески […]

Со милион денари Општина Карпош ќе го спроведува еколошкиот план


Со планираните буџетски средства во вредност од 1.000.000 денари, општина Карпош ќе го реализира Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП 2) за 2021 година. Во таа насока, советниците од Карпош, во рамки на 54. седница на Советот, го поддржаа едногодишниот Акционен план кој е во рамките на поголемиот, петгодишниот ЛЕАП, којшто предвидува низа активности за заштита […]

Продолжува реконструкцијата на граничните премини за подобра функционалност и поголем проток


Тековните активности за градежните проекти на Царинската управа за изградба или реконструкција на граничните премини и градежните интервенции, беа тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Царината Горан Сугарески. -Реализацијата на предвидените активности за осовременување на граничните премини ќе придонесат кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот […]

Шахпаска: Со Оперативниот план за вработување ќе бидат опфатени најтешко вработливите и најранливите


Владата усвои Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за годинава за што се обезбедени милијарда 516 милиони денари или околу 25 милиони евра, а со него ќе бидат опфатени 10279 лица. Со Оперативниот план, како што посочи денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска […]

Меџити: Во ДУИ има проблеми, но се дискутира за нив 


 Разлики има, и политички и во други конотации, но имавме предвид дека сме во состојба со коронавирусот каде не треба да придонесуваме да се влоши ситуацијата и имајќи ги процесите во кои се наоѓа државата и дадовме предност да тече процесот, а во од да ги решиме нашите разлики и проблеми кои се реални во […]

Напредок на Македонија во скалата на „Фридом хаус“, таа е највисоко од земјите на Западен Балкан


Македонија е рангирана меѓу петте држави со најголем раст на индексот во светот и со највисок скок во Европа   Со плус три поени на скалата во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2021“, Македонија забележа напредок и е рангирана меѓу петте држави со најголем раст на индексот во светот и со […]

Симовски: Бугарија и други држави барале формулари за изјаснувањето на одредени граѓани


  Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, денеска рече дека Бугарија, но и други земји претходно барале формулари за поединци за да видат како се изјаснувале на одреден попис, но вели дека такви податоци не смеат да се даваат. – Никој не може да добие формулар како се изјаснил, тие податоци не смеат да […]

ВМРО-ДПМНЕ стрела во пописот, за да ја „убие“ Владата


ВМРО-ДПМНЕ денес  во Собранието поднесе Предлог на закон за престанување на важење на Законот за попис, по итна постапка.  Иванка Василевска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, го најави овој потег на медиумите порачувајќи дека тие како опозиција нема да гледаат немо како според нив се врши „криминален и насилнички попис“.  – Како пратеници од […]

Орбан излезе од групата на ЕПП во Европскиот парламент


Одлуката доаѓа откако европратениците се согласија за промена на правилата за исклучување или суспензија на членовите на групата   Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан во средата го напушти блокот на десниот центар во Европскиот парламент по гласањето што го отвори патот тој да биде суспендиран или исклучен од групата. Вкупно 148 европарламентарци гласаа […]

Шекеринска: Состанокот на Радев грешка во чекори


Како грешка во чекори го означи министерката за одбрана Радмила Шекеринска состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби, за како што наведоа од неговиот кабинет, нарушување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија. Министерската за одбрана денеска рече дека Северна Македонија е можеби најдобар пример во регионот во однос […]

Арсовски за случувањата со Бугарија: Не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин


 Портпаролот на Владата Душко Арсовски денеска на прес-конференција го повтори ставот во врска со разговорите со Бугарија и последните настани по состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на безбедносните служби, за наводното непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во земјава, дека треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот и […]

Пендаровски: Без долгорочни мерки за заштита неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси


Севкупниот развој на државата во голема мерка зависи од квантитетот и квалитетот на нашите водни ресурси. Доколку не превземеме долгорочни мерки за нивна заштита, многу лесно можеме неповратно да ги изгубиме, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на виртуелната конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Република Северна Македонија“, […]

Промена на времето од петок, зголемена облачност и пониски температури


Топлото време ќе се задржи уште утре, а од петок метеоролозите најавуваат промена на времето и заладување. -Утре ќе се задржи сончево и ралативно топло време. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален […]

Гаф на Османи, на пописот има графа „Бугари“


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утрово ги повика преставниците на бугарското малцинство во земјава да се јават во надлежните институции и да побараат графа за нив – „Бугари“. Станува збор за гаф на министерот бидејќи во апликацијата за сегашниот попис таква графа има, а според информации од Заводот за статистика, таква графа секогаш имало. […]

Со 600.000 евра ќе се опремуваат лаборатории на четири факултети


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 600.000 евра преку Програмата за рурален развој ќе ги поддржи четирите високо-образовни институции: Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за прехранбена технологија и храна во Тетово и Технолошко-техничкиот факултет во Велес. Средствата се наменети за опремување на лаборатории, за безбедноста на храна, за […]

Земјотрес од 6,9 степени ја затресе околината на Лариса


Земјотрес од 6,9 степени само што ја затресе околината на Лариса. Според грчката агенција АНА сепак тој бил од 5,9 степени, но разните центри за мерење на земјотреси објавуваат различна силина. Епицентарот се уште не се знае, но земјотресот беше со таква сила што се почувствува и во Скопје. Според првите информации тој е регистриран […]

Ивановска: Сите активности треба да одат во иста насока кон расчистување со корупцијата


 Стратегијата е многу важен документ дотолку повеќе што со новиот Закон за спречување на корупуција и судир на интереси е дадено посебно значење на стратегијата и тоа усвојување од страна на Собранието, со тоа Националната стратегија добива на тежина и станува повеќе прифатлива за сите чинители во општеството. Она што го презема Владата како акционен […]

Хоџа: Апелираме до дијаспората активно да се вклучи во пописот


Владата денеска упати апел до државјаните на Република Северна Македонија кои живеат во странство да земат активно учество на Пописот на населението, домаќинствата и становите, што започна на 1 март и ќе трае до 21 април. Портпаролот на Владата Муамет Хоџа на денешната прес-конференција посочи дека пописот на 1 март започна и за затворениците, вработените […]

Османи: Никој не смее да ги загрозува правата на бугарската заедница во земјава


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска се огласи во врска со реакциите за правата на бугарската заедница во Северна Македонија. -Во јавноста се појавија реакции за односот и правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Овие реакции прво беа пласирани како мислење и ставови на одредени граѓански асоцијации, а потоа посочени како проблем и […]