Шпан: Германија ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ и за лицата постари од 65 години


Германската Комисија за вакцини денеска ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд против коронавирус за употреба врз лица постари од 65 години, соопшти Министерството за здравство. -Комисијата за вакцини, исто така, ја препорача вакцината на „АстраЗенека“ и за лицата постари од 65 години. Ова е секако добра вест за постарите лица, кои чекаат […]

Реконструкција за убиството на Ангел Петковски


По седум години од убиството на Ангел Петковски, денеска беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по одлука на Основниот кривичен суд Скопје, а на барање од одбраната на обвинетиот Насер Ештрефи. На реконструкцијата присуствуваа родителите на починатиот Ангел, обвинетиот Насер Ештрефи,  како и судијката Дијана Груевска-Илиевска. -По барање на одбраната и по […]

Силен земјотрес со 7,3 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Нов Зеланд, јавува американскиот Геолошки институт (USGS). Според податоците, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 238 километри од градот Гисборн, на Нов Зеланд, на длабочина од 10 километри. Земјотресот е регистриран во 13:27 часот по средноевропско време. Новозеландските власти издадоа предупредување за опасност […]

Вакцинирани 3.028 здравствени работници, 120.369 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19


 Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.028 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија. За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 72.800 граѓани, а […]

Досега попишани 22.000 лица од дијаспората


Државниот завод за статистика соопшти дека попишувањето се одвива успешно и бројките покажуваат дека досега се попишани над 22 илјади лица од дијаспората. -Овој период во јавноста се лиферуваа низа шпекулации и дезинформации поврзани со најважната статистичка операција. Уште еднаш алармираме да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули […]

ОЈО поведе постапка за уште еден учесник во протестите за „Монструм“


Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за уште едно лице, за кое е поведена постапка за кривично дело – учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот, на возраст од 21 […]

Сите мерки од петтиот пакет ќе бидат достапни за компаниите, вели Заев


Дел од средствата од петтиот пакет  мерки веќе се операционализирани. Од 160 милиони евра се платени концесиите на 120 медиуми во земјава, еден дел се ослободени, а на друг дел им се вратени и парите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, кога парите од петтиот пакет на мерки ќе се искористат во стопанството, […]

Во контејнер со банани пронајдени 100 килограми кокаин на атинското пристаниште


 На атинското пристаниште Пиреас, во внатрешноста на контејнер полн со банани биле откриени и запленети 100 килограми кокаин, распределен во 90 пакувања, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според „Катимерини“, контејнерот пристигнал од Еквадор, а атинското пристаниште била крајната дестинација на товарниот брод. Кокаинот не бил откриен при рендгенската  проверка, туку бил […]

Маас: Се залагаме за ковид пасош прифатлив и за соседите на ЕУ


Шефот на германската дипломатија Хајко Маас денеска изјави дека Германија ќе работи на постигнување договор за пасош за вакцинација што ќе биде прифатлив и за соседите на ЕУ, вклучувајќи го и Западен Балкан. -Постојат различни мислења за пасошот за вакцинација, што може да им даде одреден легитимитет на вакцинираните. Ќе се обидеме да дадеме одредена […]

ЕК: „Спутник V“ не е дел од ЕУ стратегијата за вакцинирање


Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“ би можела да добие одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) не значи дека треба да биде вклучена на листата на вакцини опфатени со ЕУ стратегијата за вакцинација. Тој додаде дека постои јасна разлика помеѓу одобрување за употреба […]

Уште 721 новозаболен со корона вирус, починаа девет пациенти, оздравеа 1.753


Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 357 -Прилеп 72 -Кавадарци и Гевгелија по 42 -Неготино 30 -Охрид 26 -Велес 20 -Гостивар 18 -Куманово 17 -Битола 16 -Кочани 12 -Крушево 10 -Струга 8 -Штип и Богданци по 7 -Крива Паланка 5 -Кичево, Ресен и […]

Во Хрватска потврдена чешката мутација на корона вирусот


Во Хрватска е потврдено присуството на чешката мутација на корона вирус, соопшти Институтот Руѓер Бошковиќ. Претходно беше потврдено дека во Хрватска се идентификувани бразилската, њујоршката, британската и јужноафриканската мутација на корона вирусот. Професорот на загрепскиот ПМФ Кристијан Влаховичек, за хрватскиот јавен сервис ХРТ изјави дека уште во февруари од 70 примероци, претежно од КБ Дубрава […]

Битола доби 22 контејнери за рециклирање стакло


Во Општина Битола се поставени 22 нови специјализирани контејнери за одложување на стаклена амбалажа. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Панде Богоевски, потпишаа договор за примопредавање на новите контејнери со претставник од Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги […]

Што значи за ВМРО-ДПМНЕ протерувањето на Орбан од ЕПП?


Со излегувањето на ФИДЕС од парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент ВМРО-ДПМНЕ ја губи најблиската врска со структурите во ЕУ кои се фактори на одлучување во Брисел. Дали Мицкоски сега ќе му испрати писмо за поддршка на Манфред Вебер или слично писмо на Виктор Орбан   Љупчо Поповски Средата беше лош ден за раководството […]

Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште пет години


Со измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, којшто заклучно со вчера беше во сила десет години, треба да се овозможи негово продолжување уште пет години за да може општините да постапуваат по нерешените предмети за легализација. Тие законски измени се на дневeн ред на денешната 34. седница, но за нив Парламентот ќе […]

Митреска: Монетарната политика и натаму ќе биде олабавена за поддршка на економијата


Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата нa тема „Монетарната политика во 2021 година“, организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“. На панел-дискусијата се разговараше за прашања поврзани со последиците од корона-кризата врз економскиот раст во изминатата година и економските изгледи за оваа година, а особено се разгледаа досегашните монетарни мерки и очекувањата за […]

На четири пати годинава „Фајзер/Бионтек“ ќе ни испорача 800.280 дози вакцини


Министерството за здравство ja информира јавноста дека компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид 19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021 година. Производителот „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини. […]

Почна реконструкцијата на 110-киловолтниот делекувод Штип-Овче Поле


АД МЕПСО денеска започна со реконструкција на основниот 110 киловолтен далекувод од Штип до Овче Поле во дложина од 17,88 километри, вреден 1,41 милион евра што треба да биде готов до крајот на октомври годинава. Официјалниот почеток на изградбата на далекуводот денеска го означија премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски […]

Приходите и расходите на буџетот, како и јавниот долг ќе може да се следат на дневна основа


Министерството за финансии подготвува техничка можност на дневна основа да се следат буџетските приходи и расходи, соопшти денеска на прес-конференција министерот Фатмир Бесими. -Во името на транспареноста и отчетноста, особено од аспект на јавните финансии ние во Министерството за финансии подготвуваме и можнот на дневна основа да објавуваме приходи и расходи на буџетот, и салдо […]

Светските цени на храната во пораст девет месеци по ред, достигнаа највисоко ниво од 2014


Светските цени на храната продолжија да галопираат во февруари деветти месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2014 година, предводени од поскапувањето на шеќерот и растителни масла, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, кој го следи месечното движење на глобалните цени на […]