Спутник V: Аплициравме за вакцината во ЕУ, имаме доказ


Креаторите на руската вакцина Спутник V објавија скриншот од нивната апликација до Европската агенција за лекови (ЕМА) за регистрација на вакцината, пренесува агенцијата ТАСС. „Како одговор на Европската агенција за лекови, која рече дека не може да најде дека сме аплицирале за регистрација во Европската унија, прикажуваме доказ дека тоа сме го сториле на 29 […]

Опозицијата во Словенија побара гласање за недоверба на Владата


Пет словенечки опозициски партии вчера доставија предлог до Парламентот за изгласување на недоверба на Владата на Јанез Јанша и именување на лидерот на ДЕСУС, Карл Ерјавец за мандатар на нова влада. Според Уставот на Словенија, постпката е изрекување на „конструктивна недоверба“ на Владата, со формирање на ново парламентарно мнозинство со нов премиер, додека Владата во […]

Продолжува судењето за организаторите на 27 април


Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. За денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата […]

Ели Сааб ја шири империјата, по луксузни тоалети на ред се рачни часовници


Франција – Либанскиот дизајнер на висока мода Ели Сааб лансира линија часовници како дел од поширокиот поттик за проширување на брендот во нови категории. „Презедовме детален процес за да создадеме посебна естетика за часовниците“, рече Ели Сааб помладиот, главен извршен директор на брендот. Низа од 28 стилови го вклучува семејството Ејан со пет модели со […]

„Инстаграм“ го блокира профилот на Роберт Ф. Кенеди


  „Инстаграм“ го блокира налогот на Роберт Ф. Кенеди Јуниор, синот на покојниот американски сенатор и претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди, поради ширење контроверзна кампања против вакцинацијата по пат на оваа друштвена мрежа. „Го тргнавме овој налог поради зачестеното делење лажни информации за корона вирусот и вакцините“, рече портпаролот на „Фејсбук“, во чија сопственост е […]

Силен ветер корнеше дрвја низ Битола


Силниот ветер што дуваше во текот на целата ноќ  во Битола, корнеше дрвја во Градскиот парк и старата битолска касарна.  Низ улиците летаа гранки, искинати кабли, а на булеварите  има и превртени контејнери. Ветрот беше со над 80 километри на час, а на моменти имаше и посилни удари, па битолчани ги остави без сон. (А.Б.)

Во второто коло елиминирана Кенин, бранителката на трофејот на Австралија опен


Австралија опен ќе добие нов шампион во женска конкуренција, откако ноќеска американската тенисерка Софија Кенин во 2. коло на загуби од Каја Канепи со 3:6 и 2:6. – Не знам што ми се случи. Јас едноставно не можам да го фатам својот ритам. Но, не треба да се потценуваат заслугите на Канепи, денес таа беше […]

Прв телефонски разговор на Бајден со Ши


Американскиот претседател Џо Бајден првпат од стапувањето на должност разговараше со претседателот на Кина, Ши Џинпинг, соопшти синоќа Белата куќа. Бајден во телефонскиот разговор изрази длабока загриженост поради економската пракса на Пекинг, репресиите во Хонгконг и кршењето на човековите права на ујгурското муслиманско малцинство во Ксинџијанг и политиката кон Тајван. Кинеските медиуми објавија дека Ши […]

(Видео) Демократите објавија досега невидени снимки од упадот во Капитол Хил


Демократите, кои го претставуваат обвинението против поранешниот претседател на САД во Сенатот, покажаа претходно необјавено видео од упадот во Капитол Хил. На видеото се гледа како приврзаниците на Доналд Трамп ги бараат претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и тогашниот потпретседател на САД, извикувајќи „Обесете го Мајк Пенс“. На снимката се гледаат судири меѓу демонстрантите […]

Мурињо по елиминацијата од Евертон: Сè беше како игра на мачка и глушец


Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, даде интересен коментар за играта на неговиот тим по поразот од Евертон (4:5 по продолженија) синоќа во финалето на осминафиналето од ФА купот. – Јас сум и задоволен и незадоволен од натпреварот. Работевме добро со топката, создадовме шанси, погодивме, покажавме карактер. Проблемот е во тоа што напаѓачкиот фудбал носи победа […]

Почина Лери Флинт, кралот на 18+ индустријата


Основачот на познатото списание за мажи „Хастлер“ и позната медиумска личност, Американецот Лери Флинт почина вчера на 79-годишна возраст. Извори блиски до семејството велат дека тој починал од срцев удар во Калифорнија. Повеќе од 50 години, Флинт беше едно од најголемите имиња во индустријата за забава за возрасни – тој го почна печатењето на „Хастлер“ […]

Твитер: Трамп никогаш повеќе на нашата социјална мрежа


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има Твитер налог, изјави финансискиот директор на социјалната мрежа Нед Сегал. – Вака нашите правила функционираат: Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер, изјави Сегал за Си-Ен-Би-Ес. Тој додаде дека правилата се […]

Деловните резултати на Кока-Кола под притисок на пандемијата – двоцифрен пад на профитот


Американскиот гигант за храна Кока-Кола во средата објави двоцифрен пад на профитот и приходот во 2020 година под влијание на мерките во многу земји против КОВИД- 19, како затворањето ресторани, кина и спортски сали. Нето приходите на Кока-Кола потонаа за 11 отсто во пандемиската година, на 33 милијарди долари, со пад на продажбата за 2 […]

МААЕ: Иран почна со производство на метал ураниум


Иран почна да произведува метал ураниум, што се користи како гориво за еден од своите нуклеарни реактори, а тоа претставува уште едно кршење на Договор за ирансската нуклеарна програма, соопшти синоќа Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Во соопштението се наведува дека од 8 февруари во погонот во Испахан, централен Иран, утврдено е присуство на […]

Заев е против предвремени парламентарни избори, приоритети се пописот и локалните избори


Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш го повтори ставот дека предвремени избори нема да има. Тоа што мора да се спроведе, рече Заев, е пописот, а приоритет се и редовните локални избори. Вонредните парламентарни избори нема да сменат ништо, само може да ги закочат развојните процеси на државата, оцени претседателот на Владата и порача дека […]

Атина во строг карантин до крајот на месецов


Од шест часот утрово стапија во сила новите рестрикции во областа Атика, поширокиот регион на Атина, односно се воведува 17-дневен строг карантин, што завчера во видео порака до граѓаните го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Бизнисите и услугите што претходно беа отворени, како што се продавниците, фризерските и козметичките […]

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања, а по две седници ќе одржат и Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на седницата на Комисијата за здравство се повеќе закони во прво читање, меѓу кои Предлог закон за изменување на […]

Поројни врнежи и ветер од 70 километри на час


Времето денеска ќе биде облачно, со пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен. Ќе дува и силен ветер од преку 70 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 8 до 15 степени. Како што информира УХМР, претпладне ќе дува умерен до засилен ветер […]

Одложено е примопредавањето на донацијата вакцини од Србија, потребна е дополнителна документација


Заради неопходна дополнителна техничка документација се одлага примопредавањето на вакцините од Србија за Северна Македонија, соопштија доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Примопредавањето на вакцините ќе биде реализирано во наредните денови. Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот […]

Се шири гневот во Брисел против Борел – сега им недостасува Могерини


Врвни европски диипломати не можат да разберат како Жозеп Борел беше целосно надитрен од Сергеј Лавров. Незадоволството од него се шири насекаде во Унијата   На ЕУ честопати се гордее со вршење на глобално влијание со мека моќ. Но, по катастрофалното патување во Москва, шефот за надворешна политика на блокот, Жозеп Борел, се соочува со […]