Предвидени 28,4 милиони евра за заеднички проекти меѓу Северна Македонија и Бугарија


Откако Владата на Бугарија на 3 февруари одлучи да го зголеми учеството на средствата од Европскиот фонд за регионален развој за 46 проценти, во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, во споредба со тековниот програмски период од 2014 до 2020 година, се предвидува  да бидат инвестирани над 28,4 милиони евра во заеднички […]

Помалиот брат на Илон Маск продал акции на Тесла за над 25 милиони долари


Помалиот брат на Илон Маск, кој е и член на управниот одбор на Тесла, продал свои акции во компанијата за 25,6 милиони долари. Ова е утврдено во документи објавени на веб страницата на Американската компанија за акции и берзи (SEC). Кимбал Маск (48) на 9 февруари продал 30.000 акции по цена од 8.52,12 долари. По […]

Брнабиќ: Србија чека дозвола на Фајзер за донацијата на вакцини за С. Македонија


Сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата на вакцините на Фајзер на Северна Македонија, но се чека дозвола на тој американски производител, изјави премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Таа објасни дека договорот меѓу Србија и Фајзер предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат. -Имаме одредени […]

Тинејџерите во Шкотска ќе можат дома да се тестираат за Ковид-19


На тинејџерите во Шкотска ќе им бидат достапни домашни тестови за Ковид-19, за да можат да се тестираат двапати неделно и да одат на училиште. Од нив ќе биде побарано да го извршат тестот сами или со помош на нивните родители или старатели пред да ги внесат податоците преку Интернет, објави Скај Њуз, повикувајќи се на британски Телеграф. Програмата […]

Д-р Лазаров: Требаше многу порано и поагресивно да се набават вакцините


Компанијата „Фајзер“ е многу внимателна да не дојде до скандал, и се додека не се осигураат дека тој ладен синџир на транспорт ќе биде овозможен,нема да дозволат Србија да нѝ ги донира вакцините, смета д-р Ненад Лазаров, кој вечерва гостуваше на ТВ 24. Според него, Македонија многу доцна се вклучила во процесот на набавка на […]

Стилот на првата дама Ѓоргиевска на Светскиот ден на жени научнички: Пудра розе фустан со неколку слоеви симболика


Да се биде сопруга на претседател на држава е функција или на некој начин, според денешни сфаќања – бренд Фустан во нежна и максимално женствена пудра розе боја, од свилен жоржет, кроен на косо и во два слоја, со идеја да се симболизира многуслојноста на улогата на жената во општеството денес избра првата дама, проф.д-р […]

Во Словенија од сабота ќе можат да влезат и оние кои прележале и се вакцинирани против Ковид-19


Влегувањето во Словенија од сабота ќе биде можно без карантин или доставување негативен тест за коронавирус за оние кои биле вакцинирани со две дози вакцина против Ковид-19 и оние кои прележале Ковид-19 и имаат лекарско уверение, одлучи денеска словенечката Влада. Ова е промена од претходниот режим, според кој само одредени категории луѓе можеа да влезат […]

ПСЖ без повредениот Нејмар на гостувањето во Барселона  


Францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен (ПСЖ) соопшти попладнево дека ќе биде еден месец без услугите на бразилскиот напаѓач Нејмар поради повреда. ПСЖ вчера како гостин го совлада Каен со 1:0 во францускиот куп, а Бразилецот предвреме го напушти натпреварот поради повреда на адукторот на левата нога. Поради повредата Нејмар со сигурност ќе го пропушти гостувањето на ПСЖ кај Барселона во вторник, во првиот натпревар од […]

Заев: Со влез во НАТО, Северна Македонија стана фактор за стабилност во регионот


По повод една година од ратификување на Северно-антлантскиот договор Заев на својот фејсбук профил напиша дека со влез во НАТО, Македонија стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина. „На денешен ден 2020 година, на пратеничкиот состав во мандатот 2016-2020, му припадна честа, во […]

Данска ја зајакнува одбраната на Арктикот


Данска– Данска значително ќе ги зајакне своите одбранбени способности на Арктикот, вклучително и беспилотни летала и радари, бидејќи намалувањето на морскиот мраз ја забрзува трката меѓу светските сили за контрола над ресурсите и водните патишта, јавија локалните медиуми. Воено натрупување се случува додека Кина и Русија преземаат се поагресивни активности во регионот, дури и кога […]

Куба направила 150.000 дози можна вакцина против Ковид-19


Куба – Кубански научници соопштија дека произвеле 150.000 дози од најверојатниот кандидат за вакцината против Ковид-19, објави весникот „Гранма“. Куба работи со Иран на развој на вакцината Соберана 2, пренесува Си-Ен-Ен. Третата фаза од клиничкото испитување ќе почне во март, а вакцината може да биде подготвена за поширока употреба во април, велат научниците. Иако Куба сè […]

Директорот на АстраЗенека: Нашата вакцина не е совршена, но делува


Англија– Вакцината на АстраЗенека не е совршена, но делува и ќе има големо влијание врз пандемијата на Ковид-љ9, изјави денеска извршниот директор на оваа фармацевтска компанија, Паскал Сорио. Вакцината, развиена во Оксфорд, е наречена „вакцина за светот“ затоа што е евтина и лесна за дистрибуција. Сепак, масовното одобрување во Европа и светот беше запрено поради […]

Царовска во изолација по контакт со заразен од Ковид-19


Министерката за образование и наука, Мила Царовска е во домашна изолација поради контакт лице инфицирано со вирусот Ковид-19, јавија неколку медиуми. Таа утре нема да учествува на јавната расправа за моделот на полагање на државната матура, која во 11 часот треба да се одржи во Собранието. Меѓутоа, од МОН не откриваат кој ќе го претставува […]

Жените да бидат дел од науката и во иднина: Првата дама Ѓоргиевска на дебата со истакнати научнички


На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Меѓународниот ден на жените и девојките научнички, денеска се одржа тематска дебата  „Професионални и лични предизвици со коишто се соочуваат научничките во Република Северна Македонија“. Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот рече дека одбележувањето на овој ден е можност за подигнување на јавната […]

Богдановиќ нема да дозволи приватна гимназија во ОУ „Киро Глигоров“


По шпекулациите дека во новото основно училиште „Киро Глигоров“, ќе се смести средно училиште, градоначалникот на Општина Центар појаснува дека нема да дозволат мешање на деца од основно и средно образование. Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар на „Фејбсук“ објави дека во општинското основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец, нема да дозволат да […]

Бектеши на министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор во Азербејџан


За Владата на Република Северна Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура. Природниот гас е исклучително корисен енергенс, бидејќи неговата употреба има широк опсег, и тоа во домаќинствата, во индустријата […]

Општина Штип доби 30 нови контејнери за стакло


Како дел од регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“, денеска, во Општина Штип беа поставени 30 нови контејнери за одложување на стакло. Со тоа, Штип стана втората македонска општина која беше опфатена од овој проект, кој има за цел да ја зајакне отпадната инфраструктура и на тој начин да […]

Амстердам пред Лондон – сега е најголем центар за тргување со акции во Европа


Амстердам е веќе пред Лондон како најголем центар за тргување со акции во Европа, откако Велика Британија го напушти единствениот пазар на Европската унија и собра голем дел од деловните активности со деривати во таа земја. Берзите во холандската престолнина тргуваа со 9,2 милијарди евра дневно во јануари, наспроти 8,6 милијарди во Лондон, според берзата […]

Триесет фалсификувани PCR тестови пронајдени во автобус на граничниот премин Деве Баир


На граничниот премин „Деве Баир“ при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции денеска откриле 30 PCR тестови за Ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците и по […]

Лек против астма го намалува ризикот за хоспитализација од Ковид-19


Лек против астма може драматично да го намали ризикот од хоспитализација, симптомите и времето на опоравување кај пациенти со Ковид-19 доколку се употребува една недела по појавата на симптомите. Тоа го откриле истражувачи од Универзитетот Оксфорд. Будезонид (инхалаторен кортикостероид) „го намалува ризикот од итна помош или хоспитализација за 90 отсто кога ќе се спореди со […]