Царовска во изолација по контакт со заразен од Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Министерката за образование и наука, Мила Царовска е во домашна изолација поради контакт лице инфицирано со вирусот Ковид-19, јавија неколку медиуми.

Таа утре нема да учествува на јавната расправа за моделот на полагање на државната матура, која во 11 часот треба да се одржи во Собранието. Меѓутоа, од МОН не откриваат кој ќе го претставува Министерството.

-Поради контакт со позитивно лице министерката е во изолација, а на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот за младински прашања и политики на Собранието ќе учествува претставник од МОН, велат од Образование.

Матурантите се надеваат дека преку Собранието ќе дојдат до намалување на предметите за државната матура. Наместо четири, да полагаат два.

Претходно, тие се сретнаа со премиерот Заев. По средбата и двете страни спомнаа дека е можен компромис за ова прашање.