Германија делумно ги затвори границите, и покрај противењето на ЕУ


 Германија денеска делумно ги затвори своите граници со Чешка, Словачка и австрискиот регион Тирол поради ширењето на новите мутации на коронавирусот, и покрај осудите од Европската унија. Илјадници полицајци се мобилизирани за строги контроли на границата, што потсетува на првите денови од пандемијата, кога членките на ЕУ ги затворија своите граници, јавуваат локалните медиуми. Според […]

АМСМ: На планинскиот премин Плетвар возилата се пропуштаат наизменично и редуцирано


Укината е  забраната за движење на камиони на планинскиот премин Плетвар, но возилата се пропуштаат наизменично и редуцирано, информира АМСМ. Од 13:30 часот, како што посочуваат, се укинува и забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга-ГП Ќафасан.

Филипче ги посети тимот од МЗ и МАЛМЕД кои изготвија записник за прием на вакцината на „Фајзер“


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на Институтот за трансфузиона медицина го посети тимот од Министерство за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) кои изготвија записник за прием на вакцината на „Фајзер“. Во записникот, како што соопшти Министерството за здравство, се утврдува дали е почитуван ладниот ланец во тек на транспортот на […]

Претставка до Судскиот совет за врховниот судија Шпенд Деваја


Адвокатите Стеван Павлески и Сашка Павлеска во името на Ристо Ристовски од Тетово поднесоа претставка Судскиот совет за врховниот судија Шпенд Деваја за „нестручно и несовесно вршење на судиската функција“. Ристовски барал заштита на правото на судење во разумен рок во предметот чие име се наведува само по бројот – ПСРРГ 65/20, кое Врховниот суд […]

Зад винарите и лозарите е една од најтешките години, продолжува помошта од државата, вели Хоџа


Нашето грозје е со висок квалитет, нашите вина се надалеку познати по богатството на вкусови и ароми. Ова го истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа во Кавадарци, каде со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев закроија винова лоза во чест на празникот „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите. […]

ОАЕ објавија фотографија од Марс снимена од сондата Амал


Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) денеска ја објавија првата фотографија од Марс, снимена од нивната сонда што кружи околу Црвената планета. На фотографијата снимена на 10 февруари се гледа северниот пол на Марс, како и најголемиот вулкан на планетата, Олимп Монс. Фотографијата е снимена од сондата Амал (надеж). Сондата на 9 февруари влезе со орбитата на […]

Министерот Хоџа очекува добра и бериќетна година за лозарите


Министерот за земјоделство  Арјанит  Хоџа денеска учествуваше во закројување на лозје во неготинско, во чест на денешниот празник ,,Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите. -Очекуваме оваа година да биде добра, бериќетна, исто така да може самите лозари да бидат претпазливи во делот на квалитетот што треба за производство на грозјето, […]

Јавното објавување има ефект – драстично помалку компании кои зеле помош, а не исплатиле плата


Јавното објавување на компаниите вроди со плод, затоа што имаме драстично намалување на бројот на компании што немаат исплатено плата на своите вработени, истакна денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Таа посочи дека останале 258 работодавачи кои добиле финансиска поддршка, а немаат исплатено плата соодветно како што било наведено во уредбата и […]

Нови венчаници инспирирани од принцезите на Дизни


САД- Идните невести ќе можат да го создадат својот моден момент засекогаш благодарение на новата колекција на венчаници од Дизни за 2021 година. За да ја прослави 30-годишнината од постоењето на класичната Убавица и ѕвер, Дизни по втор пат се здружи со Allure Bridals за да дизајнираат три прекрасни венчаници инспирирани од инспирирани од легендарната […]

Албанија „заробена“ во снег и мраз


Теператури од минус 15 степени, снежна покривка и до два метра во руралните средини, блокирани патни правци, забрана за движење на тешки товарни возила на сите национални патишта, откажани летови од аеродромот во Тирана, забранет поморски сообраќај, повеќе област без струја, е кусиот биланс од состојбата во Албанија по обилните снежни врнежи и ниските температури. […]

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај гостиварско Ново Село


 Кичевец загинал во сообраќајна несреќа, а две лица се потешко потврдени откако автомобилот со кој се превезувале излетал од патот.   Според СВР Тетово, ноќеска, десетина минути по полноќ, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко моторно возило „бмв” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево излетало […]

Приведени четири лица фатени при кражба


И.М.(22) и двајца малолетници, затоа што биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело кражба од деловен субјект, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што додаваат украдените предмети најдени кај нив се вратени на сопственикот, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

Лукаревска: Концептот ваучер систем дава резултати за напредок на спортот


За новата мерка ваучерски систем износот на вредноста на издадените ваучери врз основа на кои обврзниците го остваруваат правото на даночно ослободување изнесува 10 милиони евра годишно. Тоа значи дека дополнително се придонесува за поголема финансиска моќ на спортските субјекти. На компанијата која донира во спортот преку оваа мерка и се намалува данокот на добивка […]

Досега без кривична одговорност за загрозување на животната средина


Државниот инспекторат за животна средина досега не го применил Кривичниот закон за да поведе кривична постапка против некој субјект кој ја загрозил животната средина, спроведувани се само прекршочни постапки. Причини, за директорката на Инспекторатот, се можеби тоа што овие постапки се истражни, бараат вклучување на МВР, немањето правник во оваа институција, како и тоа дека […]

Деспотовски: Продолжува растот работни места и извозот во ТИРЗ


Во технолошко индустриските зони продолжува трендот на зголемени активности и позитивни економски движења – покажува анализата на ТИРЗ за почетокот од годинава. Компаниите, како што соопштуваат од Дирекцијата на ТИРЗ, кои се активни во зоните продолжуваат да го зголемуваат своето учество во вкупната економија во земјава.  Вкупниот извоз од зоните во јануари 2021 е за […]

Српските вакцини стигнаа, имунизацијата почнува в среда (галерија)


Српскиот претседател Вучиќ изјави дека Србија нема други интереси освен да покажува пријателство кон Македонија и дека „вистинскиот пријател е оној којшто ќе ви се најде во тешка ситуација, во неволја, а не да биде тука само кога е лесно“   Македонија и Србија денеска на единствен начин го потврдија пријателството меѓу двете земји откако […]

Филипче: Фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил информира дека фрижидерите за чување на вакцините од „Фајзер“ се подготвени. – Обучен и подготвен е техничи персонал кој ќе го следи нивото на температурата и запазувањето на сите стандарди, напиша Филиче. Инаку, денеска во земјава пристигнува првата пратка вакцини од Република Србија.Примопредавањето ќе се изврши на […]

Бајден: Демократијата е кревка, одбраната на вистината е должност на сите


По повод одлуката на Сенатот да го ослободи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп од одговорност за поттикнување на бунт, актуелниот претседател Џо Бајден изјави дека демократијата е кревка и оти должност на секој Американец е да застане во одбрана на вистината. – Ова тажно поглавје од нашата историја не потсетува дека демократијата е кревка. […]