(Видео) Почнува вакцинацијата во Македонија – Добринка Јовановска и Габриела Темелковска први примија вакцина


Со вакцинација на двајца здравствени работници, денеска во 10 часот во модуларната болница во Скопје ќе почне процесот на имунизација во земјава. Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог и Габриела Темелковска, главна сестра на инфективна клиника се првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид-19. -Безболно е и се чувствувам одлично. Препорачувам сите […]

Ново рочиште за случајот „Титаник“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности. Судењето во овој случај го води судијата Осман Шабани, а обвинението е застапено од обвинителката Лиле Стефанова. Во овој предмет освен Никола Груевски, кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, […]

Заев: Дарувањето органи е највисок акт на човечност и хуманост


 Премиерот Зоран Заев денеска, преку видеообраќање, испрати порака до сите граѓани за важноста од донирање органи и ткива како начин за спасување нечии животи. Заев порачува дека дарувањето органи е највисок акт на човечност и хуманост. И тој лично, како што вели, е подготвен на ваков чин за што разговарал со своето семејство и оставил […]

Можно е второ затворање на Албанија поради влошената состојба со пандемијата


Можно е второ затворање на Албанија поради влошената состојба со пандемијата Претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и заменик министер за здравство, Мира Ракацоли, не ја исклучува можноста за второ затворање на Албанија поради влошената состојба со пандемијата, која во моментов ја оценува за како критична. -Во предлозите што ги дадовме не […]

Евростат: Од март до ноември 450.000 починати повеќе отколку во периодот 2016-2019


Во државите од Европската унија од март до ноември минатата година регистрирани се 450.000 повеќе смртни случаи отколку во истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, покажуваат најновите податоци на Евростат. Експертите користеа месечни податоци од земјите на ЕУ за да ја споредат смртноста во 2020 година со просекот во истиот период од 2016 до 2019 година. Евростат […]

Одобрено повторно судење за „Кампања“


Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот. – Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата  на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот […]

Британската мутација на корона вирусот откриена во 94 земји, јужноафриканската во 46


Високозаразната мутација на Ковид-19 што се појави во Велика Британија во септември, минатата недела е откриена во уште осум земји, со што вкупниот број на земји кои пријавија британска мутација е 94, соопшти Светската здравствена организација. Кога станува збор за јужноафриканскиот сој, тој е регистриран во уште две земји, така што бројот на земји што […]

За прв пат двајца Руси во полуфиналето на Австралија опен


Австралија– Руските тенисери Данил Медведев и Аслан Каратсев се пласираа во полуфиналето на Австралија опен. Првпат во историјата на Грен слемот, има двајца Руси помеѓу четворицата најдобри. Во четвртфиналето Медведев го совлада сонародникот Андреј Рубљев со 3:0, додека Каратсев се покажа како посилен од Григор Димитров (Бугарија) со 3:1. Следен противник на Медведев ќе му биде […]

Мерките против пандемијата ги намалиле заразните болести за повеќе од една третина


Германија– Подобрата хигиена и намалениот физички контакт за време на пандемијата на Ковид-19 доведоа до сериозен пад на други заразни болести, покажуваат податоците на институтот Роберт Кох. Во периодот март-август 2020 година, бројот на овие болести се намалил за 35 проценти. Најголем пад има кај вирусните болести кои се шират низ респираторниот тракт. Случаите на сипаници се намалиле за […]

Претседателот на Светската медицинска асоцијација: Медицинскиот персонал да не се вакцинира со „АстраЗенека“


Германија– Претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, смета дека медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека. Монтгомери за германскиот дневен весник „Рајнише пост“ изјави дека вакцината е безбедна како и другите вакцини, но нејзината помала ефикасност не може да се игнорира. „Верувам дека луѓето со поголем ризик од инфекција, […]

Светот после вакцината: Коронавирусот во иднина ќе биде „опасен“ како здодевна детска инфекција, со благи симптоми


Овие недели и месеци, кога милиони се вакцинираат против коронавирусот и кога се чини дека пандемијата наскоро ќе заврши, научниците размислуваат како би можел да изгледа светот по вакцината. А, она што го гледаат, се чини утешно. Вирусот ќе остане, но откако повеќето возрасни лица ќе бидат имуни – без оглед дали после природна инфекција или вакцинација […]

Шекеринска на состанок на НАТО министри за одбрана


Министерката за одбрана Радила Шекеринска, денеска и утре ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво – министри за одбрана преку заштитена видео-конференциска врска. Шекеринска заедно со министрите за одбрана на 29-те сојузници во Алијансата ќе разговараат за клучните активности на Алијансата и глобалните предизвици. Воедно, министрите за одбрана на земјите членки на НАТО […]

Најстудено во Битола -22 и во Берово -20 степени


Најстудено изутринава е во Битола и во Берово каде што се измерени минус 22 односно минус 20 степени целзиусови. Следуваат Прилеп со -15, Тетово -14, скопски Петровец -13, а во Скопје се измерени минус седум степени. „Најтопло“ утрово е во Гевгелија и во Дојран со минус четири степени. УХМР информира дека на Попова Шапка има […]

Во Франција одложени локалните избори поради епидемијата на Ковид-19


Франција– Француските локални избори, закажани за март се одложени за јуни поради епидемиолошката состојба во државата. Тоа го одлучи синоќа Сенатот на францускиот Парламент. Гласањето ќе се одржи на 13 и 20 јуни. Одложувањето на изборите се должи на загриженоста што новиот коронавирус може брзо да се шири меѓу луѓето во и околу избирачките места. […]

Земјотрес од 5,1 по Рихтер регистриран во Грција


Грција – Земјотрес со интензитет од 5,1 степен беше регистриран утрово во Грција, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на 22 км североисточно од Патра, на длабочина од 2 км. Во моментов нема податоци за жртви или штети.

Берт Рејнолдс погребан две години по неговата смрт


САД– Повеќе од две години по неговата смрт во 2018 година, Берт Рејнолдс беше погребан. Легендарниот актер почина на 82 години на 6 септември 2018 година, откако неколку години се соочуваше со здравствени проблеми. Конечно беше погребан на гробиштата Холивуд засекогаш во приватна церемонија, објави Асошиејтед прес. Членовите на семејството на Рејнолдс, наводно, учествувале преку […]

Снежно невреме во САД, најмалку 21 жртва, милиони домови се без струја


САД– Најмалку 21 човек го загуби животот поради снежно невреме во САД додека милиони се без струја во централниот и јужниот дел на државата. Најголемите проблеми со снабдувањето со електрична енергија има во Тексас, каде повеќе од четири милиони домаќинства и деловни активности се без електрична енергија. На други места повеќе од 250.000 луѓе, исто […]

Повеќе од 110 милиони заразени со коронавирусот во светот


Од почетокот на пандемијата повеќе од 110 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдометар“. Најмногу заразени има во САД – повеќе од 18 милиони луѓе, потоа следува Индија со скоро 11 милиони заразени, па Бразил со 9,9 милиони … Русија е на четвртото место во светот и прва во […]

Лурдс на Мадона, шири младешки дух во новата модна кампања на Марк Џејкобс


САД– Два месеци откако се појави на рекламата инспирирана од Y2k на Juicy Couture со брендот за долна облека Парада, 24-годишната ќерка на Мадона позира во нова престижна модна кампања, на Марк Џејкобс. Лурдс (чиј татко е тренер за фитнес Карлос Леон) е ангажирана за сезоната пролет 2021 со нови додатоци како светло обоени чанти, […]

Презентација на резултатите од анализа на моделот на далечинско учење во средните училишта


Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАР) и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска преку платформата ЗУМ ќе ги презенитараат резултатите од анализата „Далечинско учење или далеку од учење? Анализа на спроведувањето на моделот на далечинско учење во средните училишта во учебата 2020/2021 година“. На презентацијата ќе се обрати официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во […]