Градоначалник од Тексас по силните врнежи: Пливајте или потонете, изборот е ваш!


По повод прекинот во снабдување струја и вода поради рекордните снежни врнежи и ниски температuри во Тексас, градоначалникот на Колорадо сити се обратил до граѓаните со зборовите: „локалната власт не е одговорна да ве поддржи во овие тешки времиња. Потонете или пливајте, изборот е ваш“. Ова е дел од Фејсбук објавата на Бојд, довчерашен градоначалник […]

САД ветија голема финансиска поддршка за Ковакс програмата


 Соединетите Американски Држави соработуваат со Светската здравствена организација (СЗО) за пристап до вакцини против коронавирус и имаат намера да обезбедат „значителна финансиска поддршка“ на Ковакс програмата, изјави државниот секретар Ентони Блинкен, зборувајќи во виртуелен формат на состанокот на Советот за безбедност на ООН за борба против пандемијата. – Ние работиме со СЗО за глобален пристап до […]

Царина заплени тутун без платена акциза од 4,7 милиони евра


Царинската управа заплени 146.278 килограми увезен необработен тутун, пуштен незаконски во промет, без платена акциза во износ од 281.585.150 денари. Како што соопшти денеска директорот на Управата, Горан Сугарески, се работи за десет увози на тутун „вирџинија“, реализирани од страна на правно лице од Гевгелија во декември 2017 и цела 2018 година. Увезениот тутун, наместо […]

Чешкиот министер за здравство: Состојбата со корона вирусот се влошува


  Чешкиот министер за здравство Јан Блатни ги повика сограѓаните да се однесуваат одговорно и да се придржуваат до мерките за заштита од корона вирус, предупредувајќи дека состојбата се влошува, а ќе биде уште полошо за неколку недели. „Ако колективно не го сопреме преносот на вирусот, состојбата ширум земјата ќе наликува на состојбата во моменталните […]

(Видео) Експлозија во централата на „Лидл“ во Германија


  Три лица се повредени во централата на компанијата „Лидл“ во Германија, кога една пратка експлодирала. Полицијата го блокираше влезот во Управната зграда во Хајлброн, а повредените се итно пренесени во болница. Од централа се евакуирани повеќе од 100 работници, а како што пишуваат светските медиуми, надлежните се сомневаат дека експлодирало писмо-бомба. 💥🇩🇪 #BreakingNews – […]

Поради превртена цистерна на патот Гостивар-крак Маврово, кај Новоселски мост, сообраќајот се одвива наизменично


На патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај Новоселски мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртена цистерна, соопшти АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција. Од АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување […]

Македонија ќе прифати идентитет од 1945 или нема ЕУ, порачуваат од Софија


Под наслов „Скопје е загрижено поради ‘замрзнатиот конфликт’“, бугарски „Медијапул“  реагира на изјавите дадени во нашата држава околу спорот со Софија. Акцискиот план, кој според Османи е дефиниран 99 отсто, според медиумот, нема да ја смени позиција на Бугарија да не ја поддржи преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ. Со планот се очекува да […]

Вишеградската група бара од ЕУ да ги принуди фармацевтските компании за побрза испорака на вакцините


Премиерите на земјите од Вишеградската група, на денешниот состанок во Краков, побараа од Европската комисија да ја искористи својата економска моќ и итно да изврши притисок врз фармацевтските компании да испорачаат вакцини против коронавирус на Европската унија во согласност со договорените обврски. – ЕК мора да ја искористи економската моќ на ЕУ за да изврши […]

Шекеринска: С Македонија веќе исполни една од НАТО обврските за инвестиции во модернизација на Армијата


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана преку заштитена видео-конференциска врска, на кој во рамките на првиот работен ден министрите ја започнаа подготовката на следниот самит на Алијансата, планиран да се одржи до крајот на годинава во Брисел. Како што соопшти Министерството за […]

Експертите го отфрлаат тврдењето на Нетанјаху дека Израел речиси го победил корона вирусот


Израелските здравствени експерти денеска го отфрлија тврдењето на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека Израел наскоро ќе „заврши со ковидот“ затоа што смета дека на нивниот успех во кампањата за вакцинација му нема рамен во светот. -Тоа е политичка, а не професионална изјава, изјави професорот Хагеј Левин, епидемиолог и поранешен претседател на Здружението на лекари, и ова […]

Поништена одлуката на Трамп: САД ќе уплатат над 200 милиони долари за СЗО


САД ќе уплатат над 200 милиони долари за Светската здравствена организација до крајот на февруари, соопшти американскиот државниот секретар Ентони Блинкен. – Ова е клучен чекор напред во исполнувањето на нашите финансиски обврски како членка на СЗО и ја рефлектира нашата обновена посветеност за обезбедување на потребната поддршка на СЗО за предводење на глобалниот одговор […]

МЖСПП: Од почетокот на февруари задолжително почитување на стандарди за цврсти биогорива


На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, согласно Законот за општа безбедност на производите, ги вклучи стандардите за цврсти биогорива во Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден. Како што соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање,  со објавување на дополнетата листа […]

За седум дена над 5.000 контроли и надзори, затворени 6 угостителски објекти


Инспекторатите спровеле 5.228 контроли и надзори во периодот од 8 до 14 месецов во цела држава, – Државниот пазарен инспекторат,  спроведе 3.437 контроли и 812 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и материјалните закони во надлежност на овој инспекторат.  ДПИ изрече 32 […]

Според Фродем, вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го барала „алчната Мериот коалиција“


Фродем, кој сега е веќе интегриран во ВМРО-ДПМНЕ, денеска оцени дека иницијаторите за вонреден конгрес на партијата биле „одработувачи на политиката на Заев“ и го повика членството да не потпаѓа под влијание на сценариото за растурање на партијата. „Дали ВМРО ДПМНЕ во иднина ќе се реформира како и секоја друга европска современа демократска и патриотска […]

Ахмети: Пописот ќе се одржи во април, нема одложување


 Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска истакна дека пописот закажан за во април ќе се одржи и оти нема никакви причини за негово одложување. -Досега нема никаква промена и пописот ќе се одржи на почетокот на април. Ова е статистички чекор, чекор што треба да се направи бидејќи се бара од меѓународните […]

Биткоинот троши повеќе струја од цели држави


Криптовалутата биткоин троши повеќе енергија од Нов Зеланд и Белгија заедно и со тоа им штети на животната средина и климата Ако го читате овој текст, користите електрична енергија. Истото важи и за секое пребарување на Гугл, испратена имејл-порака или фотографија зачувана во „облак“. Колку што нашите животи стануваат подигитални, толку повеќе електрична енергија ни […]

Фон дер Лајен: Затворените граници не можат да го запрат вирусот


Белгија– Првиот бран од пандемијата на коронавирусот покажа дека затворањето на границите не го запре вирусот, туку донесе многу проблеми, изјави денеска на прес конференција во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. -Се сеќавате дека минатата пролет, кога пандемијата штотуку почнуваше, беа воведени многу ограничувања на границите. Тогаш сфативме дека затворањето на […]

Дневен извештај за короната: 347 новозаразени, починаа седуммина


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на Ковид-19, што е 14,5 отсто. Според градови: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и […]

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на АВМУ


Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски денеска оствари работна средба со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. На средбата, како што соопшти АВМУ, се дискутираше за повеќе различни прашања поврзани со надлежностите на Агенцијата. -Фокусот беше ставен на тековниот процес на измени на Изборниот законик, активностите на Агенцијата кои произлегуваат од […]

Службениците на НАТО и ЕУ ќе се вакцинираат одделно од граѓаните


Белгија– Вработени во меѓународните институции со седиште во Брисел ќе бидат вакцинирани против Ковид-19 во одделни центри кои нема да им бидат на располагање на останатите граѓани на Белгија. Одлуката службениците на НАТО, Европската комисија и Европскиот парламент да се вакцинираат одделно од останатите граѓани е донесена во договор со локалните власти во Брисел. Сите […]