Дневен извештај за короната: 347 новозаразени, починаа седуммина


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на Ковид-19, што е 14,5 отсто.

Според градови: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 168 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Куманово и Прилеп – по 7, Кавадарци – 6, Тетово и Крива Паланка – по 5, Гостивар, Велес и Неготино – по 4, Битола и Гевгелија – по 3, Штип и Радовиш – по 2, Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран – по 1.

Починале седум лица: четири од Скопје (80, 79, 69 и 61), по еден пациент од Куманово (80), Велес (66) и Прилеп (61). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 42.746, активни 2.810
Куманово 5.400, активни 243
Тетово 5.295, активни 220
Прилеп 4.918, активни 359
Гостивар 3.710, активни 114
Штип 3.584, активни 90
Битола 3.331, активни 126
Велес 3.306, активни 236
Охрид 3.067, активни 385
Кавадарци 3.000, активни 435
Струмица 2.631, активни 146
Струга 2.327, активни 165
Кочани 1.774, активни 49
Кичево 1.751, активни 66
Свети Николе 1.100, активни 24
Гевгелија 1.088, активни 103
Неготино 1.061, активни 97
Дебар 781, активни 38
Ресен 781,активни 64
Крива Паланка 769, активни 41
Радовиш 741, активни 43
Делчево 707, активни 220
Берово 624, активни 30
Пробиштип 523, активни 19
Виница 507, активни 25
Валандово 343, активни 16
Демир Хисар 256, активни 11
Кратово 254, активни 26
Македонски Брод 251, активни 10
Крушево 246, активни 50
Богданци 233, активни 10
Демир Капија 227, активни 33
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 183, активни 3
Дојран 95, активни 12