Рекордна загуба на „Рено“ во 2020 година


Францускиот производител на автомобили „Рено“ забележа рекордна загуба во 2020 година, бидејќи пандемијата на коронавирусот се одрази на нејзините резултати и оваа година ќе тежнее кон неговите перспективи. Во соопштението на Рено се наведува дека минатата година забележал нето загуба од 8,05 милијарди евра (9,7 милијарди долари), во споредба со добивката од 19 милиони евра […]

Новиот српски патријарх пријател на Вучиќ и ученик на Иренеј


Новиот српски патријарх се гледа себеси како човек кој речиси седум години одеше по патот на христијанско проштевање и љубов во српско-хрватското приближување. Опозициските кругови,пак, го гледаат главно како личен Вучиќев пријател. „Секогаш ќе бидам подготвен да учествувам во градењето мостови меѓу луѓето и народите, потполно свесен дека има такви кои и од едната и […]

Одобрен е Анекс на Договорот за набавка на вакцини од СЗО за употреба во итни случаи


Владата денеска на седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување Анекс на Договорот за преземени обврски од 19 ноември 2020, кој го склучи со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ / GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку КОВАКС-механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни антиковид-вакцини. -За […]

За неносење маски изречени 443 санкции


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, се регистрирани 443 прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. 

Почина Тачко Локвенец, мајсторот на македонскиот журнализам


Тачко Локвенец, новинарот кој успеа Прилеп да го наметне како еден од центрите на општествениот живот на Македонија, почина денеска на 79 години од компликации од корона вирусот. Локвенец беше еден од врвните мајстори на македонскиот журнализам, често недофатлив во својот стил. Неговото златно време беше во годините кога работеше како дописник на „Нова Македонија“ […]

Судењето за „Тортура“ одложено за 8 март


 Денешната расправа и расправата закажана за 26 февруари 2021 година за предметот „Тортура“ нема да се одржат, информираат од Основен Кривичен суд Скопје. Оттаму дополнуваат дека сите наредби и покани ќе бидат отповикани со оглед на тоа што дел од обвинетите и нивните бранители се опфатени во предметот „Таргет-тврдина“ закажан за посочените термини и кој […]

(Во живо) Завршни зборови на одбраната за „Таргет-Тврдина“


Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи предметот за незаконското прислушување „Таргет-Тврдина“. Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за […]

Марио Драги ја доби довербата во Долниот дом на италијанскиот Парламент


На италијанскиот премиер Марио Драги вчера му е изгласана доверба во Долниот дом на Парламентот, со што ја отстрани и последната пречка на патот кон преземање на власта. Претставничкиот дом му изгласа доверба со големо мнозинство од 535 гласови „за“ и 56 „против“, а крајната десница, односно партијата „Браќа на Италија“ е единствената голема партија […]

Франција ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки


Франција ќе почне со олеснување на „локдаунот“. Одржување на концерти и фестивали ќе биде дозволено со ограничен број на публика, пишува весникот „Фигаро“. Весникот се повикува на изјава на француската министерка за култура Розлин Башлот. Таа појасни дека властите планираат да дозволат одржување фестивали и концерти кон крајот на пролетта и летото, доколку на нив […]

Студија: Загадувањето на воздухот значително го зголемува ризикот од неплодност


Изложеноста на загаден воздух значително го зголемува ризикот од неплодност. Тоа се резултати од првата студија за проучување на опасноста по населението. Анализата на 18.000 парови во Кина покажа дека оние кои живеат со умерено повисоко ниво на загадување со мали честички имаат 20 отсто поголем ризик од неплодност, дефинирано како немање бременост во рок […]

Бугарскиот пијанист Евгениј Генчев со Албинони, Шопен и Лист на концерт во Скопје


Дипломецот на Кралската академија во Лондон настапувал и на телевизиското шоу на Хајди Клум – „Топ модел“ „Фантазија“ е насловен рециталот на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев, кој во вторник, на 23 февруари, во 20 часот ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од елегичниот Албинони и романтичните Шопен и Лист. Бугарскиот […]

Мр. Биг не се враќа во новото продолжение на „Сексот и градот“


Снимањето на новото продолжение на серијата, насловено „И просто, така оди тоа“ (And Just Like That) треба да започне во Њујорк подоцна оваа пролет   САД – Ликот на Крис Нот, Џон Џејмс „Мистер Биг“ Престон, нема да се врати во новата минисерија на „Сексот и градот“ на ХБО, 16 години откако заврши последната, шеста […]

Самит на седумте најразвиени држави во светот


Англија– Видео-самит на седумте најразвиени земји во светот ќе се одржи денеска,во ек на пандемијата на коронавирусот и очекувања дека најбогатите ќе го одржат ветувањето дека вакцините ќе бидат достапни за граѓаните од најсиромашните земји. Со самитот, на кој ќе учествуваат лидерите на Франција, Германија, Италија, Канада, Јапонија и САД, ќе претседава британскиот премиер Борис […]

Зоран Милановиќ: Во случај на вонредна состојба, би купил вакцини против Ковид-19 „и од чеченската мафија”


Хрватска–  Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека во случај на вонредна состојба, би купил вакцини против коронавирусот „и од чеченската мафија”. – Сите се измамени, но вакцините повторно доаѓаат сега и мислам дека лекарите по улици ќе бараат луѓе да се вакцинираат. Не мора да го слушаме Брисел за се… Но, ова не е суверенизам […]

Публиката се враќа во Битолскиот театар, вечер премиера на „Ноќта кога ја убив месечината“


Публиката се враќа во Битолскиот театар, и пред аудиториумот во овој град, актерите премиерно ќе ја изведат театарската претстава „Ноќта кога ја убив месечината“. Театарскиот проект инспириран и работен по „Мостот“ од Лорен ван Велтер ќе се одигра на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“, а ќе настапат Марјан Ѓорѓиевски кој воедно е режисер на претставата, […]

Гала концерт со оперски класици во НОБ


Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи гала оперски концерт, на кој ќе бидат изведени дела на Штраус, Моцарт, Росини, Верди, Чајковски, Бизе, Доницети, Пучини и Лехар. На програмата се арии од најпознатите опери, како „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Макбет“, „Евгениј Онегин“… Ќе настапат баритоните Ристе Велков и Драган Ампов […]

СЗО: Не е време за опуштање пред пандемијата


Швајцарија– Претставникот на СЗО, Марија ван Керкове, оцени дека не е време за опуштање пред пандемијата, иако бројот на новозаболени лица опаѓа низ целиот свет и е најниска стапка на инциденца од средината на октомври 2020 година. Таа додаде дека оптимизмот во врска со излезот од кризата, исто така, го намалува ширењето на нови варијанти на […]

Бајден ветува четири милијарди долари за програмата „Ковакс“


САД–   Американскиот претседател Џо Бајден ќе вети, за време на самитот на Г-7, дека САД ќе одвојат четири милијарди долари за програмата за дистрибуција на вакцините против Ковид-19, „Ковакс“, соопшти Белата куќа. Првата транша од две милијарди долари ќе биде исплатена „многу брзо“, изјави висок американски функционер. Втората транша од уште две милијарди американски долари […]

Земјава го презема претседавањето со ЦЕФТА, презентација на приоритетите


Република Северна Македонија годинава ќе претседава со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Денеска амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги презентираат приоритетите за 2021 година за ЦЕФТА под претседателство на земјава. Преземањето на водството во спроведување на приоритетните активности се планира да се изврши преку спроведување на […]