Велика Британија планира учениците да ги врати во училиштата на 8 март


Училиштата во Велика Британија повторно ќе бидат отворени на 8 март како дел од „претпазливиот план“ за укинување на епидемиолошките ограничувања, пренесува денеска Би-Би-Си. Премиерот Борис Џонсон ќе го претстави денеска пред  министрите и пратениците конечниот план за укинување на ограничувањата. Се очекува тие да бидат укинати во фази. Во првата фаза училиштата треба да […]

Вакцинирани 1.040 здравствени работници, над 63 илјади граѓани се пријавиле преку „vakcinacija.mk“


Досега 1.040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Кај мал број од нив се пројавени реакции по вакцината како болки на местото каде таа е аплицирана и благо зголемена телесна температура, информираа за МИА од Министерството за здравство. – Сите вакцини се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата ,,vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави […]

Членови на семејството и обезбедувањето на Мијалков повикани на информативен разговор


Членови на семејството на Сашо Мијалков, како и неговото обезбедување се повикуваат на информативен разговор, велат за МИА од Министерството за внатрешни работи. Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството […]

Галуп Интернејшенел: 49 отсто од анкетираните во С. Македонија сметаат дека изборите се слободни и фер, во светот 53 отсто


Слободни и фер избори, од една страна, и управување според волјата на народот – од друга страна, се предуслови за силна демократија, но, само 37 проценти од граѓаните кои живеат во демократските земји се согласуваат дека овие два предуслова се исполнети во нивните земји, една третина (33 проценти) од анкетираните изјавуваат дека ниту еден предуслов […]

Пиварниците во Германија морале да фрлат пиво вредно милиони евра


Голем број германски пиварници во отворено писмо предупредија на катастрофалните последици од корона-кризата и „локдаунот“ врз произведувачите на пиво, до степен до кој, како што велат, е загрозен опстанокот на дел од нематеријалното наследство на УНЕСКО во Германија. Кафулиња, барови, ресторани се затворени во Германија со месеци, објаснуваат во отвореното писмо, објавено на веб-страницата на […]

ЕМА ја потврди ефикасноста на АстраЗенека за сите возрасни групи


Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача употреба на вакцината АстраЗенека против Ковид-19 за сите возрасни групи, и ова е силен сигнал до сите граѓани дека се работи за безбедни и ефикасни вакцини, соопшти Европската комисија. Во врска со информациите дека Германија и Белгија изразиле сомневање во врска со ефективноста на вакцината АстраЗенака за лица над […]

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 20 пациенти, новозаразени се72


  Во последните 24 часа, во Хрватска, забележани се 72 нови случаи со корона вирус, а активни се 2.111. Меѓу нив 792 пациенти се на болничко лекување, а 68 на респиратор. Починаа уште 20 лица или вкупно 5.449. Од почетокот на пандемијата во Хрватска од корона вирус заболеле 240.017 лица, а оздравеле 232.457. До денеска […]

Убиен италијанскиот амбасадор во Конго во напад на конвој на ОН


Италијанскиот амбасадор во Демократска Република Конго, неговиот телохранител и возач од Светската програма за храна беа убиени во понеделникот кога нивниот конвој беше нападнат на истокот на земјата, соопштија Италија и Обединетите нации. Општ поглед на заклучениот влез во Индиската теренска болница Ниво III, каде лежи мртвото тело на италијанскиот амбасадор Лука Атанасио, во Гома, […]

Грција ќе склучува договори за влез со земјите што напреднале во имунизацијата


Грција е туристичка земја и со некои земји, кои имаат напреднато со имунизациската покриеност на населението набргу или до почетокот на летото би можело да склучат договори за сертификатот за вакцинација, објасни алтернативната- портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, а како пример ги спомена Велика Британија и Израел, одговарајќи […]

Ќе се утврдува колку граѓани во скопското подрачје прележале Ковид-19


Започна научно – истражувачкиот проект на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медициинскиот факултет во Скопје, кој има цел да го утврди процентот на луѓе кои имаат стекнато антитела од вирусот КОВИД – 19, информираат од Општина Карпош. Во соопштението стои дека денеска, во Карпош биле земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок […]

Министрите на ЕУ постигнаа договор за воведување санкции против Русија


Mинистрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа „политички договор“ за воведување санкции кон одговорните за затворањето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални и репресиите против неговите приврзаници, изјавија дипломати. На нивниот состанок во Брисел, министрите побарале од шефот на дипломатијата на ЕУ,  Жозеп Борел, да го финализира списокот со имињата на оние кои ќе […]

Пендаровски бара итна истрага за бегството на Мијалков


Претседателот на државата, Стево Пендаровски, побара истрага во најкус можен рок за тоа како се случило бегството на Сашо Мијалков и целосно расветлување на случајот, и доколку има пропусти од надлежните институции да се понесе одговорност. „Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот […]

Судењето за „Титаник” продолжува на 1 март


Судењето за случајот „Титаник” продолжува на 1 март. Овој судски предмет е уште во фаза на доказна постапка. На денешното рочиште беше сослушан актуелниот премиер Зоран Заев, кој од позиција на сведок предложен од обвинителството сведочеше за изборните нерегуларности вршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година. Судењето за овој случај го води судијата Осман […]

Николоски: Коалицијата на Заев и Мијалков се потврди


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одржа прес-конференција во која ја обвини власта за бегството на Сашо Мијалков. Тој рече дека најавената коалиција меѓу Заеви и Мијалков, сега станала вистина. „Коалицијата Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков уште во октомври 2018 година, сега се потврди. Во октомври 2018 година кога го исклучивме Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ, […]

Брнабиќ: На Србија и се доставени вкупно два милиона вакцини


Србија – Премиерката Ана Брнабиќ најави дека денеска напладне во Србија ќе пристигнат уште 46.800 вакцини од компанијата Фајзер, а утрово се испорачани 50.000 вакцини на Спутник и посочи дека во Србија досега се испорачани вкупно два милиона вакцини, јави допсиникот на МИА од Белград. Брнабиќ за ТВ Хепи посочи дека Србија има потпишано договори за […]

Меркел бара постепено укинување на ограничувањата и повеќе тестирања


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел бара спроведување на постепено укинување на ограничувањата и зголемен број на тестирања, изјавија двајца учесници на состанокот на раководството на Одборот на нејзината Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Таа побарала повторно да се отворат делови од општеството во три фази, почнувајќи од проширувањето на лични контакти, потоа отворање на училиштата и трето […]

Поскапуваат горивата


Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поскапат за денар по литар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 64,5 денари, а 66 денари на ЕУРОСУПЕР БС […]

Аријанит Хоџа ќе постапи по укажувањата на Антикорупциска, вели Заев


Премирот Зоран Заев изјави дека добил потврда од министерот за земјоделство, шумарство и водостаопанство Аријанит Хоџа дека тој има намера да постапи согласно укажувањата на Државната комисија за спречување на корупција во однос на управувањето со неговата семејна фирма. -Арјанит Хоџа ме информираше во петокот на пат кон Богданци дека има намера да постапи по […]

Двојно помалку патници со автобус во четвртиот квартал лани


Во патничкиот патен превоз во последниот квартал лани имало 10.005.000 патници, што е намалување за 51,9 проценти и во однос на истиот период од претходната година. Според видот на превозот, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот превоз  во последниот квартал лани изнесува 22.781.000 и е намален за 53,4 […]

Организациите за човекови права ја тужат Белгија поради рестрикциите за Ковид-19


  Најголемата организација за човекови права на Белгија поднесе тужба против државата поради управувањето со здравствената криза кое, според организацијата, довело до прекршување на основните слободи на граѓаните, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што соопшти денеска Лигата за човекови права од двете страни на јазичната граница во Белгија, начинот на кој што извршната власт […]