ФЗОМ обезбеди буџет за лекот Kalydeco/Ivacftor 


Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди условен буџет од вкупниот договорен буџет за 2021 година за ЈЗУ Клиника за детски болести за набавка на лекот Kalydeco/Ivacaftor во износ од 6.663.048,00 денари.  Лекот ќе се користи за обезбедување на здравствени услуги на трoјца пациенти кои се лекуваат во ЈЗУ Клиника за детски болести. Согласност за набавка […]

Османи на средба со Симовски: Пописот е обврска и должност за сите граѓани


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари работна средба со Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски и заменик директорот, Илми Селами. Средбата беше во насока на меѓуинституционална координација со цел непречено организирање на претстојниот пописот на која беа отворени сите прашања за начинот и постапката на која што ќе се попишува нерезидентното население. […]

Париски „Ла кроа“: Северна Македонија конечно ќе ги преброи своите жители


Франција– Францускиот демохристијански весник „Ла кроа“ во опширна статија се осврнува на идниот попис во Северна Македонија. Пописот, што не се одржуваше 19 години поради политички тензии, сега, според парискиот весник, конечно треба да се одржи во април, откако на 21 јануари со тесно мнозинство е донесен Законот за попис, јави дописникот на МИА. -Колку жители […]

Текстилците задоволни – во вистински момент се укинати царините за увоз на репроматеријали


Вистинска помош и поддршка на текстилната индустрија и исправање на неправдата, вака текстилните компании ја оценуваат владината одлука со која од денеска се укинуваат царинските давачки за увоз на репроматеријали во текстилната индустрија. Со владината одлука, во ослободени царински давачки се 71 ставка од текстилната, кожарската, и од други дејности. Според Ирена Јакимоска, косопственик на […]

Таблоид му се извини на принцот Хари за приказната дека ѝ свртел грб на војската


Англија – Британскиот принц Хари доби извинување и значителна оштета од издавачите на „ Mail on Sunday“ откако тој го тужеше таблоидот за клевета во врска со тврдењата дека и свртел грб на војската кога ја завршил својата кралска улога. Хари започна со правна постапка откако во октомври напис во весникот рече дека изгубил контакт […]

Од Ковид-19 починаа 11 пациенти, новозаразени се 61, оздравени 440


Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 35, Кавадарци –7, Тетово – 3, Прилеп – 3, Штип – 3 , Охрид -2, Струга -2, Кочани – 2, Куманово – 1, Гостивар […]

Тутунарите реагираат дека откупот одел по партиска линија, па дури и со мито за откупувачите


БИТОЛА – За подмитување на откупувачи на тутун, обвинуваат прилепски тутунари откако уште еднаш се пожалија на катастрофално лошиот откуп на тутунот. Од Иницијативниот одбор на Фејсбук групата „Тутунари од Македонија“ велат дека тутунари по пријателска и партиска линија како и со подмитување бараат начин да го предадат тутунот. „Се откупува по шифри, се враќаат […]

Во светот до денеска од коронавирус умреле 2.227.605 лица


Франција– Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата. Од официјалниот број на заразени, досега 62.454.800 лица се сметаат за излекувани. Експертите наведуваат дека бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број на заразени, бидејќи многу […]

Во Србија повеќе од 1.700 новозаразени, починаа 18


  Според последните податоци во Србија се регистрирани уште 1.739 новозаразени, додека во последното деноноќие починале уште 18 пациенти од последиците од Ковид-19. Тестирани биле 10.471лица. На респиратори се 145 пациенти. Во Србија во тек е вакцинација, а досега се вакцинирани 446.891 лица, што ја става земјата на второ место во Европа по бројот вакцинирани […]

Со ова темпо Холандија и Бугарија до крајот на летото ќе вакцинираат само 4 и 5 отсто од возрасното население


Светот копнее по денот кога вакцините против корона вирус конечно ќе им дозволат на луѓето да се вратат во нормала. Но патот до таму е долг. Без оглед што некои земји се понапред во вакцинирањето (како Велика Британија и Израел), или десетици други земји каде нее дадена ниту една вакцина (како Македонија). Европската комисија сака […]

Анџелина Џоли ја продава сликата што Черчил му ја подари на Рузвелт


Англија – Слика од сер Винстон Черчил, која е дел од политичката и холивудската историја, оди  на аукција. Аукциската куќа Кристи соопшти денес дека мароканскиот пејзаж „Кула на џамијата Кутубија“ – подарок од Черчил на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт – се продава од Анџелина Џоли следниот месец со проценета цена од 1,5 милиони фунти […]

Германски „Баер“ се вклучува во производство на вакцини против Ковид-19


Германски „Баер“ се вклучува во производство на вакцини против корона вирус и тоа заедно со „CureVac“, чија вакцина во мометот се наоѓа во завршна фаза од тестирањето, соопшти денесак компанијата. „Во нашиот погон во Вупертал треба да започнеме со производство навакцините на компанијата „CureVac“. Испораката на првите дози се очекува кон крајот на годината“, рече […]

Велешка Маслодајна ги поттикнува земјоделците да го зголемат производството


Велешка Маслодајна  поранешна Прехранбена индустрија „Благој Ѓорев“ А.Д , а од лани преименувана во Прехранбена индустрија  „Кристал 1923“ А.Д од македонските земјоделци откупи 3 000 тони сончогледово семе, кое е појдовна суровина за производство на рафинираното масло за јадење. Како што информираат за МИА од Маслодајна „Кристал 1923“ поголем дел од преостанатите количества на сончоглед биле […]

Битолските независни советници ја демантираа лажната вест за градоначалничката Петровска


Во декември градоначалничката Наташа Петровска се разболе од корана, а лажна вест на една битолчанка дека бил испразнет цел спрат во болницата за неа ја вознемири Битола. Битолчанката само ден подоцна се извини за лажната вест, но независните советници на нивната ФБ страница тоа го направија дури откако стигна тужба за клевета   БИТОЛА – […]

Алијансата за Албанците и Алтернатива ги поддржуваат средношколците за државната матура


 Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го поддржуваат барањето на Сојузот да се измени концептот за државна матура за оваа генерација матуранти и наместо четири (три екстерни и еден интерен предмет), матурантите да полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет што ќе биде од областа која матурантот планира […]

Во Кина уапсени 80 лица кои неколку месеци продавале лажни вакцини


Кина  – Кинеската полицијата од септември досега во три града уапсила повеќе од 80 лица вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини, јавија денеска кинеските државни медиуми. Апсењата биле извршени во градовите Џангсу, Пекинг и Сандонг, а кинеската агенција Ксинхуа соопшти дека биле запленети 3.000 лажни вакцини. Ксинхуа наведе дека кинеското Министерство за јавна безбедност отворило истрага […]

Мета: Албанија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19


Албанија – Албанскиот претседател Илир Мета денеска изјави дека земјата е прва во Европа по број на смртни случаи од коронавируси и оти владините мерки за спречување на ширење на вирусот не успеале. Тој на својот Фејсбук напиша дека албанската Влада не успеала да заштити човечки животи. Во исто време, тој ја повика албанската влада да […]

Вистината после Трамп


ЈАНИС ВАРУФАКИС Ставовите за економијата што му ја отворија вратата на Трамп сѐ уште се длабоко вкоренети. За време на мандатот на претседателот Бајден, нивното влијание ќе биде уште посилно   Критичарите го нарекуваат лажго поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Но, Трамп е нешто многу полошо од лажго. Политичарите честопати прибегнуваат кон лаги за […]

На Мадагаскар пронајден најмалиот влекач во светот (видео)


На Мадагаскар е откриен е нов вид камелеон, којшто, се чини, е најмалиот рептил-влекач во светот. Се работи за новиот вид „Brookesia nana“ или нано-камелеон, кој се вбројува во најмалите ’рбетници, според „Њу атлас“. Видот е пронајден во северните области на островската држава Мадагаскар. Досега се пронајдени само две единки, и тоа мажјак и женка. […]

Царовска: Сексуално образование во второ одделение е лажна вест, да се следат официјалните информации


Дебатата која на социјалните мрежи се води за воведување сексулано образование во второ одделение е лажна вест, за сите реформи и за новиот концпет на образование постои отворен канал, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведе овој предмет во второ одделение. -Многу интересно е што дебатите […]