Во Србија повеќе од 1.700 новозаразени, починаа 18
Според последните податоци во Србија се регистрирани уште 1.739 новозаразени, додека во последното деноноќие починале уште 18 пациенти од последиците од Ковид-19.
Тестирани биле 10.471лица.
На респиратори се 145 пациенти.
Во Србија во тек е вакцинација, а досега се вакцинирани 446.891 лица, што ја става земјата на второ место во Европа по бројот вакцинирани зад Велика Британија. За вакцинација досега се пријавиле 850.000 граѓани. Се најавува набавка на дополнителниколичини вакцини, а епидемиологот Предраг Кон најави и попуштање на мерките за заштита, но од средината на февруари.