Бугарија: Карантин за граѓаните без негативен ПЦР-тест


Бугарија– Од денеска до 30 април, бугарските државјани кои влегуваат во земјата и лицата со статус на постојан или долготраен престој на територијата на Бугарија, доколку немаат негативен резултат на ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин. Одлуката се однесува и на членовите на нивните семејства. Карантинот би […]

Меркел ја брани владата од критики поради бавната вакцинација


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на својата влада од критиките дека вакцинацијата во земјата е забавена, истакнувајќи дека постоела добра причина за умереното темпо на Европа во споредба со другите региони. Барајќи трпение од јавноста, Меркел го задржа ветувањето на својата Влада дека ќе им овозможи вакцинација против Ковид-19 на сите […]

Советот на ЕУ усвои препораки за ограничувања на патувања


Белгија – Советот на ЕУ ги усвои препораките на Европската комисија за координиран пристап кон ограничување на движењето поради пандемијата на коронавирусот. Препораките се однесуваат на избегнување на сите неважни патувања, со цел да се забави увозот и ширењето на нови позаразни видови на коронавирусот. Земјите-членки усвоија одлука за додавање на темноцрвена боја на мапата што ја објавува Европскиот центар […]

Зошто шефот на „Фајзер“ ја напуштил Грција?


Претседателот на фармацевтскиот концерн „Фајзер“ е родум од Солун. Но, како и многу Грци, кариерата ја изградил во странство. „Одливот на мозоци“ е сериозен проблем за Грција   Во Грција живеат околу 10 милиони луѓе, а седум до осум милиони Грци се во странство. Во Грција се горди на достигањата на своите иселеници. Алберт Бурла […]

Филхармонија со концерт посветен на Саша Николовски -Ѓумар


Филхармонија в четврток ќе одржи концерт насловен „Фанфари за еден пријател“ кој е посветен на маестро Саша Николовски-Ѓумар, еден од најзначајните диригенти на нашата музичка сцена со кого оркестарот реализираше низа концерти. Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Арон Копланд, Пол Дика, Шарл Гуно, Флорент Шмит, Рихард Штраус и младиот македонски композитор […]

„Санофи“ отстапи своја фабрика за вакцини на Фајзер


Германија– Француската компанија „Санофи“ склучи договор без преседан со кој својата фабрика во Германија им ја отстапи на Фајзер и Бионтек за производство на нивната вакцина против Ковид-19. Така, за првпат, еден производител ќе прави вакцина за друга компанија. Санофи ќе обезбеди пристап на германскиот Бионтек до неговата најсовремена инфраструктура во Франкфурт за производство на повеќе од […]

Овозможен увоз на вакцини против Ковид-19, активни 7.766 случаи


Услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјава се овозможуваат со дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, што вчера беше усвоен со консензус во Собранието. Во Законот, поддржан и од опозициските пратеници, се прецизира дека за ставање вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените […]

Во тек разговорите за новиот антикризен пакет, се зголемува бројот на индустрии што бараат помош


Интензивно течат разговорите за новиот, петти антикризен пакет мерки што треба да обезбеди финансиска поддршка за граѓаните и стопанството. Отворена е широка дебата во која се вклучени синдикатите, коморите, работодавачите. Даваат предлози, сугестии и мислења кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на државната помош. Според најавите, угостителството, транспортот, туризмот, […]

Инвестициската програма на ЈПДП за годинава изнесува 16,010 милијарди денари


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) годинава за инвестиции, отплата на кредити и трошоци планира средства во вкупен износ од 23.011.500.000 денари, покажува Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 на ЈПДП, објавена на веб страницата на државното претпријатие Инвестициската програма на ЈПДП изнесува 16.010.500.000 денари. По основ […]

Русија ја продолжи забраната на летовите со Велика Британија


Русија- Русија ја продолжи забраната на летовите со Велика Британија до 17 февруари поради ширењето на новиот вид на коронавирус откриен во таа земја, соопшти руската работна група за борба против Ковид-19. Русија, која веќе потврди случај на мутираниот коронавирус, ја воведе забраната на летови со Британија на 22 декември минатата година.

СЗО: Бројот на заразени во светот се намалува трета недела по ред


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува оти е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко растојание, покривање на лицето и одржување на хигиена. Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе […]

Ќе се конституира Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со хендикеп


Во Собранието денеска ќе се одржи работна средба за конституирање Интерпартиска парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со хендикеп. Најавени се обраќања на претседателот на Собранието, Талат Џафери и на амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Во рамки на средбата ќе биде презентиран краток историјат за досегашната работа на ИППГ, по што ќе биде […]

Во Софија уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски


Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски е уапсен денеска во Софија.   -Известени сме од бугарските колеги дека по нашата распишана меѓународна потерница денеска е приведен Игор Спасов, изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.   Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата […]

Економијата на САД до јули може да го достигне нивото од пред пандемијата


Американската економија е на пат за обнова, до јули да го достигне нивото од пред пандемијата, дури и доколлку Конгресот не ги одобри дополнителните мерки за помош и обнова. Сепак, милиони невработени не би можеле да се вратат така брзо на работа, некои можеби и со години.  Ова денеска го објави Канцеларијата за буџет на […]

ФИФА: Фудбалерите не се приоритетна категорија за вакцинирање против Ковид-19


Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино оцени дека фудбалерите не би требало да бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат против Ковид-19, иако некои држави веќе почнаа со вакцинирање на своите спортисти или планираат да го сторат тоа пред летните Олимписки игри во Токио. Сепак, првиот човек на ФИФА, која започна кампања со Светската здравствена […]

Снежната бура на американскиот источен брег ја сопре дистрибуцијата на вакцините 


Снежна зимска бура за која се очекува да го затрупа американскиот исток пона да предизвикува и приземјување на летови и затворање центри за вакцинација против Ковид-19. До понеделник утрото снежни врнежи почнаа во државите Њу Џерси и Пенсилванија, каде во следните денови се очекува да падне 60 см снег. Ударите на ветрот се со 80 […]

Битиќи: Очекувам до крајот на месецов да бидат оперативни мерките од петтиот пакет


Сметам дека до крајот на месецов ќе бидат оперативни мерките од петтиот пакет за економска помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од ковид кризата за февруари да биде апликативен за евентуалната финансиска поддршка. До крајот на неделава сакаме да ја затвориме дискусијата со нашите партнери за тоа што е прифатливо, а што […]

„Фајзер“ и „БиоНТек“ се на пат да го исполнат рокот за испорака на вакцините за ЕУ


 Германски „БиоНТек“ и американската „Фајзер“ се на добар пат навреме да ги испорачаат своите вакцини против коронавирусот за Европската унија, соопшти денеска германската компанија. „БиоНТек“ и „Фајзер“ работат до 15 февруари да го зголемат снабдувањето со вакцината што заедно ја развија во Европа, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми. „Фајзер“ успешно ги модифицираше […]

Дури 128 држави уште не почнале со вакцинација


Во цела Африка досега се вакцинирани само 20.000 луѓе. Во време на вакциналниот национализам тоа претставува срам за човештвото   Процесот на вакцинација на планетава е претворен во немилосрдна битка за некаков опстанок. Богатите, влијателните и поумешните го стартуваа процесот, а другите се во фаза на нестрпливо очекување. До денеска дури 128 држави во светот […]

Ново писмо на словенечките интелектуалци против „авторитарната“ власт на Јанша


 Со ново, трето писмо испратено до словенечката јавност, интелектуалци од лево-либерална оринетација, поголемиот број универзитетски професори, а некои и поранешни министри, предупредуваат на „авторитаризамот“ и недемократска практика на владејачката коалиција предводена од премиерот Јанез Јанша. Во писмото, објавено во љубљанскиот весник Дело, тие потсетуваат дека повеќе пати предупредувале на недомократски и авторитарни пракси на актуелната […]