Црна Гора ќе ја менува програмата за економско државјанство


Црногорската Влада планира со измена на програмата за економско државјанство да му овозможи на висококвалификуваниот кадар, посебно во областите на науката и технологијата, да стекне црногорско државјанство, изјави министерот за економски развој Јаков Милатовиќ. Тригодишната програма за добивање црногорско државјанство преку вложување во инвестиции, која ја започна владата на поранешниот премиер Душко Марковиќ, започна на […]

Бајден ќе мора да ја обнови тешко потресената американска демократија


Во политичките и владеачките кругови на Европската унија, по шокираноста од „речиси државниот удар“ во Вашингтон, владее голема загриженост за тоа дали Џо Бајден по десет дена мирно ќе го преземе кормилото на власта или Доналд Трамп, кој не го признава поразот на изборите, може со уште нешто да удри по разурнатата американска демократија. Светски […]

Ниманбегу: Црногорската влада отпушта кадри од Албанската листа


Пратеникот од Албанската листа во Црна Гора, Генци Нуманбегу го обвини владејачкото мнозинство дека нивниот повик до Албанската листа да биде дел од власта „не бил искрен“, бидејќи се менуваат функцинери од таа партија. Тој во соопштението наведе дека односот на власта кон малцинските заедници во Владата се „потврдува и преку смената на сите кадри […]

Меси прогласен за најдобар плејмејкер на деценијата од страна на ИФФХС


Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е прогласен за најдобар плејмејкер во последните 10 години од страна на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС). Второто место го зазеде поранешниот играч за врска на Каталонците Андрес Иниеста, а најдобрите три ги затвори играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ. Топ 10 плејмејкери на […]

Португалскиот претседател Де Соуза позитивен на коронавирусот


Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуза, е позитивен на коронавирусот, но засега не покажува никакви симптоми, соопшти денеска неговиот кабинет. Британските медиуми пренесуваат дека тој од минатата недела се наоѓа во карантин, откако имал контакт со член на неговиот кабинет кој бил заразен со вирусот. Де Соуза (72) го бара вториот мандат на претседателските избори, […]

„Парлер“ го тужи „Амазон“


Социјалната мрежа Парлер поднесе тужба против технолошката компанија Амазон, тврдејќи дека со нејзината суспензија донела незаконска и полтички мотивирана одлука во корист на компанијата Твитер. Во тужбата поднесена до Окружниот суд во градот Сиетл, компанијата Парлер наведува дека Амазон и причинил тежок удар со прекин на услугите за веб хостинг, откако Епл и Гугл ја […]

Оставка поднесе и американскиот министер за внатрешна безбедност Чад Волф


И американскиот министер за внатрешна безбедност, Чад Волф, поднесе оставка од функцијата, со што го зголеми списокот на лица кои предвреме ја напуштаат администрацијата на претседателот Трамп по нередите во Вашингтон. Својата одлука Волф ја објасни во писмо до министерството, до кое пристап имаше Си-Ен-Ен. „Жалам што морав да го направам овој чекор, бидејќи мојата […]

Евросонг 2021 ќе се одржи, вели Грејм Нортон


Холандија– Презентерот на Би-би-Си Грејм Нортон изјави дека Евросонг ќе продолжи во 2021 година и покрај пандемијата на коронавирусот. „Дефинитивно ќе има Евровизија … натпреварувањето ќе се случи“, рече Нортон, кој го покрива настанот за британскиот јавен сервис. Организаторите на натпреварот потврдија дека Евросонг дефинитивно ќе се одржи оваа година. Ќе може да се користат претходно […]

Имунитетот од вакцината на „Модерна“ ќе трае најмалку една година


Компанијата „Модерна“ соопшти дека имунитетот на  коронавирусот создаден од нејзината вакцина треба да трае најмалку една година. „Модерна“ во декември соопшти дека ќе спроведе тестови за да ја потврди активноста на вакцината против кој било вид на коронавирус. Компанијата очекува во 2021 година да испорача меѓу 600 и една милијарда дози од својата вакцина и […]

Собранието ќе избира членови на Државната изборна комисија и на Комисијата за антидискриминација


Собранието на денешната 31. седница ќе избира претседател и членови на Државната изборна комисија и на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Претседателот на Парламентот Талат Џафери синоќа закажа нова пленарна седница, откако вчера Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја утврди листата на кандидати за членови на ДИК. Џафери потоа оваа листа […]

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 91 милион лица


Бројот на заразени во светот од коронавирус синоќа надмина 91 милион лица. Од Ковид-19 се излекувани 65 милиони луѓе (97 отсто), а починале 1,95 милиони (три отсто) пациенти. Во светот моментно има 24,1 милион активни случаи, од кои 99,5 проценти од пациентите се во полесна здравствена состојба, додека 0,5 отсто се наоѓаат во критична состојба. […]

Бугарија со одговор на Акцискиот план, Бучковски во Софија за изноѓање решение за разликите 


Северна Македонија останува на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение за билатералните разлики по различни прашања со Бугарија, како и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година, соопштија од Министерството за надворешни работи известувајќи за втората посета на Софија на […]

Од денеска достапен лекот Ивермектин против КОВИД-19, првите вакцини најавени до крајот на јануари


Се намалува бројот на заболени пациенти од Ковид-19 во земјава. Надлежните се надеваат дека овој тренд на опаѓање ќе продолжи, а за крајот на јануари ги очекуваат и првите дози на вакцини. Веќе од денеска во аптеките ќе биде достапен лекот Ивермектин кој помага во лекување на овој вирус. Директорот на Агенцијата за лекови и […]

„Мајкрософт“ ги прекинува политичките донации


„Мајкрософт“ соопшти дека неговиот политички одбор ќе ги прекине политичките донации „се додека не ги процени импликациите од минатонеделните случувања во Вашингтон“, соопшти компанијата. – Нашиот политички одбор обично ги стопира донациите во првиот квартал на новиот состав на Конгресот, но ќе преземе дополнителни чекори оваа година да ги разгледа неодамнешните настани во Капитол Хил […]

Магла на планинските премини Маврово-Стража-Пресека и Ѓавато


Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планиските премини Маврово – Стража – Пресека и Ѓавато. Од АМСМ потсетуваат дека е задолжително поседување на земска опрема без оглед на временската состојба. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно […]

Тринаесет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце


Во катлановско Блаце денеска ќе се одбележат 13 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Како што соопшти Министерството за одбрана, на спомен обележјето цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во […]

„Најголемите хитови“ – традиционален василичарски концерт во НОБ


Традиционалниот концерт по повод празникот Василица ќе се одржи денеска и утре со почеток во 20 часот во Националната опера и балет. Овогодишниот концерт на НОБ е насловен „Најголемите хитови“, односно направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти со симфониски аранжмани. Публиката ќе има можност да ужива во популарните светски и македонски […]

Компаниите масовно го бојкотираат Трамп и неговите републикански поддржувачи


Не само социјалните мрежи Фејсбук, Твитер или Јутјуб, туку и се поголем број компании и институции објавија бојкот на претседателот Доналд Трамп, поради повикот на толпата демонстранти минатата недела насилно да навлезе во Конгресот на САД.  Повеќе компании, универзитети и спонзори на политички партии ги прекинуваат сите врски со него и со републиканци кои го […]

Локални и послаби врнежи од дожд, од утре снег и ниски температури


Променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд ќе преовладува денеска. На планините на север се најавуваат врнежи од снег.  Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено в долж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР). Поради продор на студена воздушна маса од север […]

Анкета: Мнозинството Јапонци се против летово да се одржат ОИ во Токио


Огромно мнозинство од Јапонците сметаат дека Олимписките игри (ОИ), што лани беа презакажани за ова лето, треба да се откажат или повторно да се одложат покажуваат денеска објавените резултати од две одвоени анкети, спроведени од јапонската телевизиска мрежа ТБЦ и јапонската новинска агенција Кјодо. Од вкупно 1.261 анкетирани во истражувањето на TБЦ, дури 81 отсто […]