Во болниците се лекуваат 875 пациенти од Ковид, на располагање околу 430 кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 875 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат […]

Почина Душан Јовановиќ, авторот на култниот драмски текст „Ослободувањето на Скопје“


Душан Јовановиќ, легендарниот режисер, драматург и есеист, авторот на култниот драмски текст „Ослободувањето на Скопје“, почина во Љубљана на 81 годинa. Роден е во Белград во 1939 и важеше за еден од најплодните југословенски и словенечки драмски писатели и театарски режисери. Автор е на над 100 претстави, напишал бројни текстови, ТВ драми, есеи и куси […]

Казнети 1.250 учесници на дивата забава во Рен


Дивата новогодишна забава со техно музика организирана јужно од Рен, која започна во четвртокот навечер, заврши изутринава откако беше демонтирано озвучувањето. Околу 2.500 млади од цела Франција, па дури и од странство, се собраа во близината на Рен и покрај забраната за јавни собири и прослави. Немаше интервенција од полицијата, соопшти префектурата, прецизирајќи дека жандармите […]

Во Индија одобрена вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека /Оксфорд


Во Индија, втора најнаселена земја во светот со 1,35 милијарди жители, вакцината на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд е одобрена за масовна имунизација на населението од Ковид-19. Индискиот министер за информации и медиуми Пракаш Џавадекар утрово на прес-конференција потврди дека надлежните индиски институции ја одобриле таа вакцина, со што се отвори патот за […]

Повторно сѐ се затвора во Грција, за да се отворат училиштата на 11 јануари


Од утре, недела 3 јануари во 6 часот наутро, до 6 часот наутро во понеделник на 11 декември, повторно остануваме дома, бидејќи се одложува работата на сите активности и услуги што постепено беа дозволени пред Божиќ, соопшти претпладнево портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и истакна дека целата на превентивните мерки е подобрување на епидемиолошката […]

Во Германија не се исклучува бран стечаи на компании поради пандемијата


Претседателот на Германскиот институт за економски науки (DIW), Марсел Фрачер, очекува, како последица на кризата со коронавирусот, бран на стечаи на компании. „Вториот бран ќе биде потежок“, изјави тој за весникот „Аугсбургер алгемајне“. Колку подолго трае брано, вели тој, толку повеќе компании ќе ги достигнат границите на нивната способност да преживеат. „Прашањето не е дали […]

Лукаревска: Заложбата на Владата е ставките за ресторанските услуги да бидат 10 проценти


Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска изјави дека заложбата на Владата е ставките за ресторанските услуги да бидат 10 проценти и тоа е влезено во законска рамка, а засега остануваат три ставки. – Во овој момент има три ставки, односно пет отсто за земање на нарачка, 10 отсто за јадење во ресторан и […]

Македонската дипломатка страдала од депресија


Македонската дипломатка што се самоуби во Њујорк на Нова година страдала од депресија, се дознава неофицијално.  Таа последните три дена не доаѓала на работа што била причина да ја побараат во нејзиниот дом. Живеела во дипломатски кварт спроти мисијата на САД во ОН. Станува збор за дипломатка од помладата генерација која во МНР дошла од […]

За ноември 245 работодавачи кои добиле поддршка, уште не им исплатиле плата на 782 вработени


Продолжува практиката дел од фирмите кои добиле финансиска поддршка од државата да не им ги исплатат средствата наменети за плати на вработените. Последните податоци кои денес на прес конференција ги соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, покажуваат дека за месец ноември 2020 година, 245 работодавачи кои добиле финансиска помош од државата во […]

Дали 2020 година беше најлошата година досега? Историчарите премеруваат


Значи, само за потсетување, во 2020 година се случија следниве настани: – Пандемијата на корона вирусот го зафати светот, убивајќи повеќе од 1,8 милиони луѓе (досега), вклучително и повеќе од 350 000 (досега) во САД. – На претседателот на Соединетите Држави му се судеше и беше ослободен од обвинението, откако на крајот на 2019 година […]

„Гардијан“: Во САД со прогнози за стотици илјади жртви на Ковид-19 поради хаос со вакцинацијата


САД наидоа на проблем со достигнување на 20 милиони случаи на корона вирус, наспроти целта на федералната влада за вакцинирање на 20 милиони луѓе до крајот на 2020 година, што се покажа како сериозен проблем. Помалку од три милиони Американци се вакцинирани до крајот на 2020 година. Дистрибуцијата на вакцините редовно се опишува како „хаос“, […]

Во 2020 година помалку летови и фатални несреќи на патнички авиони, но поголем број загинати од претходната година


Бројот на загинати луѓе од големи несреќи на патнички авиони се искачи на 299 во 2020 година, и покрај падот на летовите поради пандемијата на коронавирусот, соопштиу холандска консултантска компанија. Во изминатата година се случија 40 големи несреќи на патнички авиони, од кои пет беа фатални, што доведе до 299 жртви. Во 2019 година имало […]

Министерката за европски прашања во австриската Влада бара регистрација на сите имами во ЕУ


Министерката за европски прашања во австриската Влада, Каролина Едстадлер, бара регистрација на сите имами во ЕУ. „Верувам дека во борбата против политичкиот ислам во ЕУ, по примерот на Австрија, треба да се воспостави европски регистар на имами“, потенцира таа во интервју за германски „Велт ам Зонтаг“. Таа објасни дека со фактот дека повеќето имами патуваат […]

(Видео) Прес-конференција на директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска


Проследете ја прес-конференцијата на директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска на тема ,,Анализа на искористеност на мерката Финансиска поддршка за исплата на плата за месец ноември 2020 година“.  

Британскиот министер за економија понуди оставка за да се подготви за самитот за климатски промени


Британскиот министер за економија, Алок Шарма, понуди оставка за да може целосно да се посвети на подготовките за самитот на ОН за климатските промени, што годинава ќе се одржи во Велика Британија. Шарма го извести на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе се повлече од функцијата министер, бидејќи сака да се посвети на задачите околу […]

Наместо единствена даночна стапка, добивме три стапки на ДДВ, велат од НУК


Владата со четвртиот сет мерки делумно го спроведе ветувањето за смалување и воведување на линеарен данок на додадена вредност во угостителската индустрија и наместо угостителите од 1 јануари 2021 година да бидат сите рамноправни и да имаат една нова повластена даночна стапка на сите свои услуги во висина од 10 отсто, истата се применува и […]

Градоначалникот на Петриња ќе ги враќа парите на државата, се делат политички


Градоначалникот на Петриња, хрватскиот град неодамна разурнат од земјотрес, Даринко Думбовиќ смета дека при распределба на парите за помош не се гледало нивото на штета од земјотресот бројот луѓе кои треба да се згрижат, туку политичката припадност. „Преспав и прекршив. Нема да ги земам 30-те милиони куни кои жупанот Иво Жиниќ, од вкупно 100 милиони […]

Тестирање за Ковид-19 во Словенија за сите патници на пет гранични премини и на аеродромот во Љубљана


Словенија од денеска активираше станици за брзо тестирање на коронавирус на пет гранични премини со Хрватска, како и на аеродромот во Љубљана. Воведено е правило за обврзно тестирање на сите патници кои пристигнуваат од земји од т.н. црвена листа кои немаат негативен резултат на PCR тест не постар од 48 часа. Сите оние кои одбиваат […]

Седум најскапи инвестициски проекти на нашето време


Најголемите и амбициозни инвестициски проекти кои со сигурност ќе го променат светот на подобро. Мостот Хонг Конг – Џухаи – Макао Девет години по првите ископи, објектот долг 55 километри веќе го поврзува Хонг Конг со Макао. Во проектот вреден 20 милијарди долари, се инвестираше железо колку за 60 Ајфелови кули. Изградбата на најголемиот мост […]

МКД: Се самоуби македонска дипломатка во ОН


Триесет и осумгодишна дипломатка во ОН во новогодишната ноќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, јави ТВ Фокс њуз. МКД.мк дознава дека се работи за член на делегацијата на Македонија во Обединетите нации. Според пишувањето на Фокс њуз станува збор самоубиство. Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети […]