Градоначалникот на Петриња ќе ги враќа парите на државата, се делат политички


Градоначалникот на Петриња, хрватскиот град неодамна разурнат од земјотрес, Даринко Думбовиќ смета дека при распределба на парите за помош не се гледало нивото на штета од земјотресот бројот луѓе кои треба да се згрижат, туку политичката припадност.

„Преспав и прекршив. Нема да ги земам 30-те милиони куни кои жупанот Иво Жиниќ, од вкупно 100 милиони за подрачјата погодени од потресот ги додели за Петриња. Ако владата сака да помогне нека ни даде директно и тоа врз основа на стручни проценки“, огорчено вели тој, пренесе „Јутарњи лист“.

Градочначалникот на Петриња вели дека во градот нема ни една здрава институција.

„Останавме без струја, вода, се тресе, цигли паѓаат. Најмногу се плашам дека уште некој ќе настрада. Дваесет години требаше да го обновиме градот, а сега мора да ги урнеме двете школи, катастарот, судот, поранешната пошта, цел центар…“, вели тој, непосредно пред вчерашниот втор голем земјотрес.

Истакнува дека на секој чекор чувствува политичка сила и додава дека помошта не се дели како што треба и кому треба.

„Петриња има 24.000 жители, а Глина 2.000, со околината до 9.000. Ако од 100 милиони куни на Петриња ѝ дадеш 30 милиони, а на Глина 25, тогаш некој треба да ми објасни по кој клуч се делат парите ако не по политички. Луѓе ми се јавуваат. Семејството Грубиќ има четири деца, близнаци и едно на три и едно на четири години. Ми бараат контејнер затоа што немаат каде да спијат, а јас немам. Се борам некаде да го сместам новороденото бебе“, продолжува Думбовиќ.

Незадоволна е и градоначалничката на Сисак, Кристина Икиќ-Баничек. Вели во четвртокот на состанок со министерите Дарко Хорват и Здравко Мариќ прашала зошто сѐ е концентрирано на жупанијата, а малку пари стигаат во Сисак.

„Нема координација меѓу сите оштетени градови и општини за да се види со што раполагаме, што се работи и што треба да се исправи. Сѐ се политизира и не се прифаќа никаква добронамерна забелешка“, вели таа „Јутарњи“. Вели во Сисак доаѓа хуманитарна акција на граѓаните, па така дошле и камп-куќички од Истра.

Се жали дека ни еден статичар не дошол во Сисак, иако министерот вели дека 68 се на терен.

Верува дека во стоковите резерви има залихи од контејнери, греалки и агрегати, но вели трагично е што треба два дена да се јавува за нешто да дојде во нејзиниот град, и тоа пак преку полуприватни канали.