Ковид-19 покажува знаци на хронична болест


Научниците од Белгија и Холандија спроведоа студија за процесот на опоравување на пациентите по Ковид-19 и откриле знаци на хронична болест кај вирусот. Резултатите се објавени во Journal of Clinical Medicine. Авторите на студијата се фокусираа првенствено на пациенти со лесен Ковид-19, кои го сочинуваат мнозинството од сите пациенти. Тие проучувале податоци за 1.837 релативно […]

Се отстранува врвот на катедралата во Сисак, има 15 тони, а може да падне


  Денеска почнува отстранувањето на врвот на катедралата во Сисак, Хрватска, откако по земјотресите се навали и може да падне врз околните објекти. Во целата акција вклучени се 30 луѓе, од полицијата, Хрватската горска служба за спасување, пожарникари, кои ќе ја одработат главната акција, пренесе „Н1“. „Капата на врвот има околу 15 тони, а кога […]

Бислимоски не очекува увозот да ја поскапи струјата на регулираниот пазар


Во овој момент не очекуваме зголемување на цената на електричната енергија и покрај намаленото производство од хидро капацитетите во државата, коешто, пред се, се должи на лошата хидрологија, поради што кон крајот на 2020 година имаше потреба од увоз, порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за […]

И министерката за образование поднесе оставка обвинувајќи го Трамп


Секретарот за образование, Бетси ДеВос, стана второто лице во кабинетот на Трамп што поднесе оставка по нападот на Капитол во средата од про-Трамп толпата, охрабрена од претседателот. Нејзината оставка во четвртокот вечерта уследи откако секретарот за транспорт, Елејн Чао, се повлече порано во текот на денот. Во писмото до Трамп, ДеВос рече дека нападот врз […]

Најдобри градови за работа од дома за 2021 година


Грција – Сѐ повеќе луѓе кои работат од дома поради пандемијата со Ковид-19, естонската престолнина Талин е најдобриот град во светот за работа од дома, според рангирањето на „Биг 7 травел“ (Big 7 Travel). Рангирањето на „Биг 7 травел“ е според различни фактори – прифатливи трошоци за живот, брзт Ви-Фи и удобни паркови и ресторани. Естонија […]

Истражување: Вакцината на Синовак е ефикасна во 78 отсто од случаите


Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија Синовак е ефикасна во 78 отсто од случаите, покажаа резултатите од испитувањето во Бразил. Во испитувањето учествуваа над 12.000 здравствени работници, од кои 169 примиле плацебо. Кај испитаниците не се забележани негативни нус појави. Властите во бразилската сојузна држава Сао Паоло набавија вакцини од Синовак и бараат од федералните […]

Природните катастрофи во 2020 година предизвикаа штета од 210 милијарди долари


Германија– Германската осигурителна компанија „Мјуних Ре“ (Munich Re) соопшти дека природните катастрофи мината година предизвикале штета од 210 милијарди американски долари ширум светот. Најголема штета од природните непогоди е предизвикана во САД. Сумата е поголема за 25 проценти во споредба со 2019 година. Осигурителните загуби бележат раст од 44 отсто односно 82 милијарди долари. Сезоната […]

Боинг ќе исплати 2,5 милијарди долари поради заговор околу авионот 737 Макс


САД– Компанијата Боинг се согласи да плати 2,5 милијарди долари, со што ќе ги порамни казните за кривичните пријави во САД дека од службениците за безбедност криела информации за дизајнот на својот авион „737 Макс“. Американското Министерство за правда соопшти дека авиокомпанијата избрала „профит наспроти искреност“, со што го спречила надзорот на авионите кои имаа […]

Димитров: ЕУ не може да си дозволи неуспех во проширувањето и годинава


 Португалија ќе биде заинтересирана да ги продолжи напорите на Германија, Берлин најавува дека останува посветен на ова прашање, мислам дека Европската Унија не може да си дозволи луксуз и оваа 2021 година, да помине така како што помина 2020, со неуспех по проширувањето, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во празничното интервју за МИА, […]

Демонстрантот со роговите од Конгресот се споредува себеси со Ганди


Џејк Анџели, многу фотографираниот човек кој носеше рогови и крзно кога упадна во Капитол, вчера го оцени настанот за Ен-би-си велејќи: „Фактот што имавме еден куп наши предавници во канцеларијата, ставија гас маски и се повлекоа во нивниот подземен бункер, сметам дека е победа “, рече Анџели, 33, во близина на почетокот на неговото патување […]

Реал покажа како тече реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“ (видео)


Шпанија– Реал Мадрид преку социјални мрежи покажа како се одвива реконструкцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Во тек се градежните работи во арената, која е покриена со снег. Ќе се инсталира нов современ терен, ќе се заменат столчињата и ќе се извршат други работи за модернизација. Целата работа се очекува да заврши во 2022 година. Од следната […]

Полицаец им подлегна на повредите по немирите во Капитол Хил


САД– Припадник на полициските сили почина од здобиените повреди во немирите предизвикани пред два дена од страна на приврзаниците на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, во Капитол Хил во Вашингтон, соопшти полицијата. Полицаецот Брајан Сикник е петта жртва во немирите, откако претходно е објавено дека четири лица загинале кога приврзаници на Трамп упаднаа во зградата […]

Озил потпиша за Фенербахче?


Турција– Месут Озил сепак ќе остане во Европа, не оди за Америка. Заборавената ѕвезда на Арсенал е на пат кон Истанбул, а наводно веќе ставил потпис на три и полгодишен договор со Фенербахче. Тренерот на турскиот гигант, Ерол Булут, истакна дека во наредните денови ќе се знат сите детали околу иднината на Озил, но во […]

Пенс е против повикување на 25. амандман


САД– Потпретседателот на САДС, Мајк Пенс е против 25. амандман за отстранување на Доналд Трамп од претседателската функција, објави „Њујорк тајмс“. Претходно, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси побара од Пенс да се изјасни дали ќе се повика на 25. амандман. Трамп уште помалку од две недели ќе биде на функција, но по […]

Можно е да биде покренато обвинение против Трамп


Вршителот на должност американски државен обвинител Мајкл Шервин најави дека неговата канцеларија ќе ја разгледа можноста за покренување на обвинение против сите кои учествуваа во нападот на Конгресот и оти од тоа нема да биде изземен ниту претседателот Доналд Трамп. Приврзаниците на Трамп на 6 јануари упаднаа во Конгресот за да спречат верификација на победата […]

Температури над нулата, најмногу дожд во Пожаране


Минималните температури изутринава се повторно над нулата на целата територија на државата, а најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 30 литри на метар квадратен. Поинтензивен дожд утрово има во Маврово,а врнежите се претежно во западните делови. Во Пожаране утрово се измерени 3 степени, во Крива Паланка и Куманово 4 степени, во Скопје-Зајчев […]

Турција ќе го лансира својот прв комуникациски сателит 


Турција-Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган објави дека денеска ќе биде лансиран комуникацискиот сателит од петтата генерација „Турксат 5А“. – „Турксат 5А“, ако даде бог, ќе ни испрати прв поздрав од Вселената. Нека ни е со среќа, напиша Ердоган на социјалните мрежи. „Турксат 5А“. Е прв комуникациски сателит од турско производство.

МВР изрече 80 санкции за брзо возење во Скопје


Единицата за безбедност во патниот сообраќај во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената. Санкционирани се 80 возачи, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а санкционрани се и 21 други прекршоци, соопшти […]

Во светот од Ковид-19 починале над 1,9 милиони луѓе


САД-Според последните податоци, во светот од последици на коронавирусот починале повеќе од 1,9 милиони луѓе. Најголем број смртни случаи се потврдени во САД – 373.069, каде во изминатите 24 часа починале над 4.000 лица, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. На второ место се наоѓа Бразил, каде досега починале над 200.000 […]