МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП


Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека постапува по случајот во кој две лица во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие им се закануваат на останатите патници кои побарале од нив да ги стават заштитните маски на лицето. На социјалните мрежи денеска беше објавено видеото на кое се слуша како двете лица им се закануваат […]

Поплави во Албанија, најкритично во северниот дел


Повеќедевните обилни врнежи од дожд ги предизкаа првите проблеми речиси на целата територија на Албанија. Посебно критична е состојбата во северниот дел на земјата, во околијата Скадар, каде состојбата се очекува да се влошува поради фактот што присутните интензивни дожди условја испуштање вода од хидроелектраните на каскадата на реката Дрим,со цел да не дојде до […]

Брнз: Не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, од ова ќе излеземе посилни


Американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз во објава на Твитер ги осуди насилствата во американскиот Конгрес во Вашингтон. „Благодарна сум за изразите на грижа и поддршка од пријателите и партнерите во Северна Македонија кои ја пренесоа својата верба во силата и отпорноста на американската демократија. Знам дека од ова ќе излеземе посилни и […]

Интервју со Игор Есмеров: ВМРО е безопасно маче во скутот на Мицкоски


Најразочарувачки од сѐ е тоа што партиските интелектуалци молчат, членството е тивко и уплашено, а молчат и пратениците, гледајќи како ВМРО се распаѓа за сметка на градењето на еден нов политички субјект во името на Левица, вели во интервју за „Независен“ Игор Есмеров   Слободанка Јовановска Христијан Мицкоски бара предвремени избори, а моли да не […]

Делови од Србија под снег, 17 села немаат струја


  Во западниот и југозападниот дел на Србија паѓа снег, а висината на снежната покривка некаде изнесува и до 40 см. Во пониските предели има 5-10 см снег. „Снегот и понатаму паѓа, а висината на снежниот покривач од час во час е се повисока. Штом престане да врне, ќе го чистиме снегот“, вели за Рина […]

Во Британија 1.325 смртни случаи од Ковид-19, најмногу за еден ден


Велика Британија соопшти за 1.325 нови смртни случаи како резултат на Ковид-19, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, додека 68.053 лица се новозаразени со вирусот. Најголем број смртни случаи од Ковид-19 за еден ден претходно беа пријавени на 21 април, кога 1.224 лица го загубија животот поради вирусот. Нови мерки за карантин […]

Трамп потврди дека нема да оди на инаугурација на Бајден


  Доналд Трамо, американскиот претседател во заминување, на Твитер објави дека нема да се појави на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. „За сите оние кои се прашуваа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на Твитер. Никој во САД не очекуваше вообичаено мазна транзиција на власта по победата на Џо Бајден […]

Пелоси побарала Трамп да се лиши од пристап до кодовите за нуклеарното оружје


 Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси  Пелоси, денеска во писмо до своите колеги конгресмени нагласува дека разговарала со началникот на Генералштабот на американската армија да преземе чекори за ограничување на пристапот на претседателот Доналд Трамп до кодовите за евентуална употреба на нуклеарно оружје.

Во Албанија регистрирана најмладата жртва од Ковид-19, на само 21 година


Во последното деноноќие,покрај големиот број новозразени, во Албанија регистани се седум починати лица од Ковид-19, меѓу нив и 21-годишен пациент, што е најмлада жртва до сега од вкупно починатите 1.230 лца од опасниот вирус. Според Министертвото за здравство и социјална заштита,во изминатите 24 часа направени се 3.927 тестови, а опасниот вирус е дијагностициран кај 673 […]

Уште 100 заразени од Ковид-19, починаа 11, оздравеа 551


Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 47 -Куманово 3 -Дебар 12 -Штип 1 -Прилеп 4 -Тетово 10 -Велес 3 -Охрид 4 -Кавадарци 8 -Гостивар 3 -Крива Паланка 1 -Радовиш 1 -Кочани 2 -Кичево 1 Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, […]

СЗО: Продолжување на интервалот помеѓу дозите до шест недели


Светската здравствена организација (СЗО) издаде препорака временскиот интервал помеѓу две дози на вакцината „Фајзер/БиоНТек“ да се продолжи до шест недели. Стратешката советничка група на експерти за имунизација на СЗО, позната како САГЕ, денеска објави официјални упатства за администрација на вакцини во кои се наведува дека препорачаниот интервал помеѓу две дози е од 21 до 28 […]

Шведската влада ќе може да затвора приватни компании за да спречи ширење на корона вирусот


Шведскиот Парламент денеска усвои привремен закон, кој и дава на Владата нови овластувања за да може да затвора приватни компании со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен изјави за телевизијата СВТ дека тој, со оглед на фактот дека епидемијата ќе продолжи уште некое време и дека не е познато […]

Тутунарите и натаму незадоволни, решение ќе бараат на нова средба со надлежните и откупувачите


Продолжува откупот на тутунот, а продолжувa и битката на тутунарите за реално купување на родот и преземање на вишокот тутун. Oд Сојузот на земјоделските здруженија на Македoнија и од Иницијативниот одбор на тутунарите најавуваат преговори и разговори во текот на наредната недела со владините институции и со откупувачите, што сметаaт, треба да го реши текот […]

Швајцарската централна банка очекува профит од 21 милијарда франци


Швајцарската централна банка (СНБ) денеска соопшти дека очекува нејзиниот профит во 2020 година да биде околу 21 милијарда франци (23,72 милијарди американски долари), што би значело дека е повеќе од преполовено во споредба со претходната година. Минатата година СНБ оствари профит од 13 милијарди франци од позиции во странски валути. Вредноста на 1.040 тони злато […]

Нил Јанг продаде 50% од авторските права на своите песни на Hipgnosis Songs


САД- Во својата трета голема аквизиција неделава, Hipgnosis Songs има стекнато 50% од светските авторски права на целиот каталог на песни на Нил Јанг, кој се состои од 1.180 песни, вклучувајќи хитови како “Only Love Can Break Your Heart,” “Helpless,” “Hey Hey My My (Into the Black),” “Ohio,” “Old Man,” “Mr. Soul,” “Like a Hurricane,” […]

Нов земјотрес во Хрватска со јачина од 3,2 степени


  Денеска во 15.19 часот на подрачјето на Сисак во Хрватска повторно беше почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ. Спицентарот е на 19 километри југозападно од Сисак, а се почувствуавл од Банија до Загреб.

Во Србија 2.218 нови случаи на корона вирус, починаа 34 лица


Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 11.068 граѓани од кои 2.218 биле позитивни на Ковид-19. Министерството за здравство соопшти дека починале 34 лица. Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани вкупно 356.125 случаи на коронавирус, починале 3.513 пациенти, а тестирани се вкупно 2.378.015 граѓани, пренесува „Танјуг“.

Високата стапка на смртност на лекарите во Србија мора да се испита


Српскиот епидемиологот проф. Д-р Зоран Радовановиќ изјави денеска дека Кризниот штаб и Министерството за здравство мора да дадат одговор на прашањето зошто 70 лекари починале од последиците на коронавирусот од почетокот на пандемијата во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Радовановиќ изјави дека не е познат бројот на смртни случаи меѓу другите медицински работници, […]

„Човекот гулаб“ на Константин Плевнеш прикажан на „Anatolian Short Film Festival“


Филмот „Човекот гулаб“ на Константин Плевнеш синоќа беше прикажан во рамки на официјалната селекција на Интернационалниот фестивал на краток филм во Турција, „Anatolian Short Film Festival“. Филмот во осум минути раскажува за потресната приказна на анонимниот херој Владимир Степановиќ, за крвавата драма на распаѓањето на бивша Југославија, низ сторијата на неговата фамилија. „Човекот гулаб“ досега […]

УХМР најавува нов бран врнежи и зголемување на речните водостои


До крајот на денот и за време на ноќта се очекува нов бран врнежи да ја зафати земјава. УХМР најавува пообилни врнежи во западните делови, каде прогнозира дека е можно да наврнат и над 30 литри на метар квадратен дожд. УХМР најавува и зголемување на водостоите не реките, поради што апелира на внимателно движење покрај […]