Данска: По три часа бегство, вратен во затвор убиецот кој уби шведска новинарка


Осуден убиец од Данска, кој уби шведска новинарка за време на интервју во неговата подморница, и го фрли нејзиното распарчено тело, избега од затвор. Поранешниот бизнисмен Питер Мадсен (49) успеа да избега од затворот Херстедвестер, каде издржуваше доживотна казна затвор за убиството на Ким Вал во 2017 година. Но, после три часа бегство, данската полиција […]

(ВИДЕО) Шилегов објави „пред и потоа“ видео од стационарот „Лајка“


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на неговиот официјален фејсбук-профил објави „пред и потоа“ видео од стационарот „Лајка“, при што истакнува дека е извршеба целосна реконструкција и создаден модерен стационар по најнови европски стандарди. – Состојбата во која го затекнавме претходниот стационар не ги задоволуваше основните стандарди и услови што се очекуваат за хуман третман […]

Османи – Радман: Мора да продолжи европската интеграција на западниот Балкан


Во рамки на работната посета на Република Хрватска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари средба со својот хрватски колега Горан Грлиќ Радман. Како што соопштија од МНР, билатералните односи биле оценети како динамични и пријателски, со интензивен политички дијалог на највисоко ниво, преку успешна соработка во бројни области од взаемен интерес. За двајцата […]

Пленковиќ: Меѓувладина конференција ЕУ – Македонија до крајот на годинава


Хрватска црврсто ја поддржува Северна Македонија како држава – кандидатка за членство во ЕУ и очекува до крајот на годината да се одржи Меѓувладината конференција заради отворање на преговорите, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Загреб. Според Пленковиќ, Хрватска е подготвена да продолжи да и […]

Каракачанов во самоизолација поради контакт со заразен со коронавирус


Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов веќе два дена е во самоизолација, откако се дознало дека командантот на бугарските воени воздухопловни сили, генерал Димитар Петров е заразен со коронавирус. Министерството за одбрана информира дека Каракачанов вчера направил ПЦР тест, чиј резултат бил негативен. За денеска е предвиден втор тест и доколку и тој е нагативен, […]

Мистериозни хакери „Робин Худ“ донираат украдени пари


Хакерска група донира украдени пари во добротворни цели што се смета за прво такво нешто направено во кибер криминалот што ги зачудува експертите, јави Би-Би-Си. Хакери од „дарксајд“ тврдат дека изнудиле милиони долари од компании, но велат дека сега сакаат „да го направат светот подобро место“. Во објава на дарквеб, бандата објави потврди за донации од 10.000 […]

Еуростат: Зголемена смртност во ЕУ за време на пандемијата на Ковид-19


Бројот на починати граѓани на ЕУ во вториот квартал од оваа година е зголемен за 168.000 во споредба со истиот период во изминатите четири години, покажуваат податоците на Еуростат. Најголем дел од нив се починати на крајот од март и почетокот на април. Во Еуростат забележуваат дека сите лица не се починати како резултат на […]

Момче од Боговиње делелo тепачи, па завршилo на скопските клиники


Дваесетгодишен кичевец вчера бил физички нападнат од двајца негови сограѓани пред угостителскиот објект на бул „Ослободување“ во Кичево, а со тешки телесни повреди се здобило 22-годишно лице кое се обидело да го спречи нападот. -Вчера во 18.30 часот, пред угостителски објект на бул.„Ослободување“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен […]

На Маврово и Шапка ќе скијаат гости од Украина и од Белорусија


По белоруските и украински тур-оператори изминатите неколку дена престојуваа во посета на земјава. За време на информативното патување, 15-тина тур оператори од Украина посетија неколку зимски центри и се информираа за можностите за зимски туризам кои ги нудат. Нивната посета се заокружи со синоќешната презентација во Маврово на потенцијалите на туризмот во земјава што ја […]

Шведска забрани кинески компании да учествуваат во изградба на мрежата 5Г


Шведска им забрани на кинеските телекомуникациски компании „Хуавеј“ и ЗТЕ да учествуваат во изградбата на 5Г- мрежа на нејзина територија од безбедносни причини. Забраната е во согласност со новото законодавство што стапи на сила во јануари 2020 година, чија цел е да се осигура дека употребата на радио опрема од овие структури не ја загрозува […]

Бектеши – Мартенс: Најави за нови германски инвестиции и проширување на постојните


Германски компании се заинтересирани за отворање фабрики во земјава идната година, а оние што се веќе тука присутни, по КОВИД кризата планираат зголемување на инвестициите, па дури и удвојување, соопштија по денешната средба министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Германското стопанство, Патрик Мартенс. Бектеши го информирал Мартенс за четвртиот пакет економски мерки, но […]

Евростат: Македонија во вториот квартал само со 2.738 авиопатници, дури за 600 илјади помалку од лани


Пандемијата на коронавирусот речиси целосно го запре патничкиот сообраќај во Европа во вториот квартал од оваа година. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според податоците на Евростат, бројот на патници на летовите во скоро сите земји на ЕУ се намалил во тој период за 97-98 отсто, во споредба со истиот период минатата година. […]

За законот за заштита од заразни болести ќе се расправа на 27 октомври


На барање на опозицијата на денешната 18. собраниска седница не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, којшто треба да бидат основа за спроведување нови мерки за заштита од коронавирусот. Од пратеничката група на СДСМ посочуваат дека опозицијата побарала време да го разгледа бидејќи […]

Има сериозна аргументација за носењето маски на отворено, вели Заев


Има сериозни аргументи за носењето маски на отворено, изјави денеска премиерот Зоран Заев, апелирајќи да се почитува мислењето на експертите и на институциите. За мерките што ги предлага Комисијата за заразни болести вели дека тие во најголем процент не се ништо поразлични од мерките што ги преземаат државите во светот. – Гледате дека бројките се […]

Заев: Наш приоритет останува развојот и афирмацијата на македонскиот јазик


Македонскиот јазик денес е признат во целиот свет и неговата посебност е впишана во личната карта на нашата држава, во големото семејство на народи и на земји членки на ОН. Како рамноправен со сите светски јазици, се користи слободно секаде низ целиот свет, рече премиерот Зоран Заев денеска во Институтот „Крсте Мисирков“ на отворањето на […]

Во Словенија речиси секој петти заразен, денеска 794 нови


  Во Словенија од 4.326 тестирани позитивни на корона вирус биле 794, односно 18,4 отсто од тестираните, објави Институот за јавно здравје. Починаа двајца пацинети, пренесе ТВ Словенија. Во моменотв на болничко лекување се 313 пациенти, од кои 56 на интензивна нега. Зголемен е и бројот заразени во домот за стари „Каринтијан“ во Ченечи, каде […]

Отворена „Годишната изложба“ на ДЛУМ


Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Национална Галерија објект Мала станица, во Скопје ја отвори „Годишната изложба“ на која учествуваат 57 автори, членови на ДЛУМ, во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми. Од ДЛУМ истакнаа дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставувале голем културен настан во нашата средина. – […]

Димитров на видео конференција со амбасадорите на ЕУ


Усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, ќе ги заокружи историските успеси на земјата по зеленото светло за отворање на пристапните преговори и членството во НАТО, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на видео-конференциска средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија. Вредностите и […]

Собранието не расправаше за Законот за заштита од заразни болести


Собранието на  Македонија, иако, претходно беше најавено на собранискиот сајт, не расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Во него требаше да бидат вметнати измени и дополнувања во контекст на владините мерки за заштита на населението од Ковид-19. Пратениците ја изгласаа и потребата за носење на закон за […]

Босна и Херцеговина со рекорд, денеска 718 новозаразени, 20 починаа


Во Босна и Херцеговина денеска се забележани 714 нови случаи со корона вирус, што е највисок број од почетокот на епидемијата. Починаа дури 20 пациенти, а тестирани биле 2.671. Денешниот број на новозаразени е рекорден од почетокот на епидемијата. Во Заводот за јавно здравје на Федерацијата пријавени се 1.754 примероци, од кои 473 се позитивни. […]