Три докторки од Пулмологија заразени со коронавирус


Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирус. Две од нив досега немаат симптоми, додека едната има гастроинтестинални симптоми. Со трите новопотврдени досега седум здравствени работници од Клиниката се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Дејан Докиќ. Посочи дека докторките од 30 март се во домашна […]

Филипче: Од денеска сум во домашна изолација,


Министерот за здравство Венко Филипче штотуку објави на својот Фејсбук профил дека ќе биде во домашна изолација, откако кај кумановскиот градоначалник со кого имаше контакт вчера е потврдено присуството на коронавирусот. – По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е […]

Ангеловска-Бежоска учествуваше на онлајн состанок со директорката на ММФ


Во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, што годинава се одвиваат електронски, се одржа состанок воден од директорката на ММФ, Кристилина Георгиева, на кој најновите проекции на ММФ беа презентирани од страна на директорот на Одделот за Европа, Пол Томсен. За дискутанти на состанокот, како што соопшти Народната банка, беа поканети гувернерката […]

Владата заседава онлајн


Откако се дозна дека градоначалникот на Куманово е позитивен на корона вирусот, а имаше средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче, Владата денес реши седницата да ја одржи онлајн – преку видео конференција. Ова ќе биде првпат Владата да заседава на ваков начин, веројатно за да ги испочитува сопствените препораки […]

Османи: Ќе се изолирам до вторник


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил напиша дека одлучил да не присуствува на состанокот на Советот за безбедност и да се изолира до вторник, бидејќи вчера бил на средба со градоначалникот на Куманово кој потврди дека е позитивен на корона вирусот. – По позитивната потврда за Ковид-19 на градоначалникот на […]

ССМ : Надоместокот на плата да се исплаќа според Колективниот договор, ако е поповолен за вработените 


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска реагираше на информацијата објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика дека додека се во сила мерките за справување со коронавирусот, работодавачите согласно член 112 од Законот за работни односи може да исплаќаат надоместок на плата во висина од 50 проценти во случај на отсуство од […]

Шекеринска најави присуство на АРМ во повеќе градови


Министерката за одбрана и заменичка претседателка на Владата Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција најави дека во следниот период припадниците на Армијата ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на единиците на локална самоупорава во сите општини каде што таа помош беше побарана. – Можам да најавам дека […]

Да не се зголеми акцизата за екстра лесното гориво, бараат преработувачите


За Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) не е прифатлив предлогот на Стопанската комора за зголемување на акцизата на екстра лесното гориво, бидејќи тоа ќе влијае на зголемувањето на производствените трошоци, а со тоа ќе се намали и конкурентноста на производите наменети за извоз. – Екстра лесното гориво (ЕЛГ) е многу важен енергенс кај поголемиот број […]

Советот за безбедност без Спасовски, Филипче и Османи


Иако требаше да почне во 12 часот, доцнеше состанокот на Советот за безбедност кај претседателот, бидејќи се чекше дали на него ќе дојдат премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче. Според последната вест, тројцата откажале присуство. Тројцата функционери ги затече веста дека и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски има корона вирус, а […]

Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид-19


Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски предмалку на социјалните мрежи објави дека меѓу новите 40-те кумановци позитивни на тестот е и тој. Димитриевски во објавата споделена на Фејсбук ги охрабрува кумановци дисциплинирано, заеднички да продолжат со битката против заедничкото зло. –  Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани […]

Речиси сите компании ќе претрпат штета, проценува Организацијата на работодавачи


ОРМ ќе предложи нови мерки за бизнисот заради намалување на штетите од корона кризата, за што спроведува анкетно истражување кое треба да даде попрецизна слика за обемот и последиците од намалената економска активност   Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) спроведува анкетно истражување кое треба да даде попрецизна слика за обемот и последиците од намалената […]

Охрид без туристи за велигденските празници, православните верници Воскресението христово ќе го слават дома


Првпат во поновата историја Охрид, центарот на православието во овој дел од Европа, овие велигденски празници ќе ги дочека без верници во храмовите. Продолжениот полициски час воведен како мерка за справување со епидемијата на коронавирусот значи дека нема да има никакви верски собири по црквите, односно дека верниците ќе мора празниците да ги минат во […]

ЈСП: Јавниот превоз утре од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред


ЈСП соопшти дека утре (17 април) јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред. Пример за преглед, согласно неделен возен ред, линијата 5 почнува да сообраќа од 5.10 ч, па се реализираат сите термини се до последниот термин во 9 […]

„Фолксваген“ продолжува со производство во Германија и Словачка


Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, соопшти дека следната недела продолжува со производство на погони за патнички возила во Европа. Првата фабрика, со седиште во Волфсбург, ќе започне со работа во Германија и Словенија. Останатите фабрики на „Фолксваген“ во САД, Португалија, Шпанија и Русија ќе продолжат со работа по 27 април. Фабриките во Јужна Африка, Аргентина, […]

Холивуд се крие зад заштитни маски


САД- Холивудските ѕвезди веќе не се кријат зад очилата за сонце, туку зад заштитните маски. Од утре и официјално во државата Њујорк стапува во сила уредбата за носење на маски во јавност заради спречување на заразата со коронавирус. Изборот на маските се класични или дизајнерски. Гардеробата на ѕвездите или е домашна или е внимателно стокмена. […]

Британски ветеран на 99 години собра 10 милиони долари донации


Том Мур, 99-годишен британски воен ветеран, од донации собра 10,7 милиони долари, кои ќе бидат наменети на државната здравствена служба за борба против пандемијата на коронавирусот. Имено, капетанот во пензија користи ортопедско помагало за движење откако го скршил колкот. Но, тоа не го спречи во неговата цел – пред да го прослави 100. роденден месецов, […]

До 15 мај во прекин авионскиот, железничкиот и патниот сообраќај меѓу Грција и Северна Македонија


Грчката Влада до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни врски со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, што е […]

МЗ: Совети и препораки за пациенти со пулмонални заболувања во услови на пандемија со КОВИД-19


Во услови кога на глобално ниво е прогласена пандемија поради рапидно ширење на вирусот САРС-КОВ-2, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија упатува стручни препораки за лицата со хронични белодробни заболувања, кои спаѓаат во групата болни со висок ризик за разивање потешка клиничка слика на Ковид-19 и имаат зголемен ризик од несакани последици и фатален исход. […]