Мајката на славните манекенки Хадид: Конечно живеам во тело без импланти, ботокс и филери


САД- Јоланда Хадид, некогашен модел и мајка на познатите манекенки Џиџи и Бела Хадид, откри дека, сега, на 55 години се соочила со стареењето. “Конечно се вратив на оригиналот од 1964-та година. Живеам во тело кое е без импланти во градите, филери, ботокс, екстензии и сите останати глупости кои мислев дека ми се потребни за …

Мајката на славните манекенки Хадид: Конечно живеам во тело без импланти, ботокс и филери Read More »

Заменик-министерот Лазовски на отворање на „Матера – Европски град на културата 2019“


Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски  присуствува на церемонијата на отворање на Европскиот град на културата за 2019 година во Матера – град во јужна Италија. Целогодишната програма се одвива под мотото „Отвори иднина“. Во рамките на програмата  „Матера – Европски град на културата  2019“,  од Македонија ќе биде реализиран проектот  „Поетика на срамот“. Премиерата ќе …

Заменик-министерот Лазовски на отворање на „Матера – Европски град на културата 2019“ Read More »

Теренска вакцинација во училиштата засега ќе нема


Уште три деца со клиничка слика на морбили во Скопје. Прегледани биле амбулантски во саботата вечерта и пуштени на домашно лекување. Од Министерството за здравство велат дека нема нови хоспитализирани лица на заболени со морбили на Клиниката за инфективни болести. Од почетокот на епидемијата до вчера со МРП вакцината биле вакцинирани 3.202 деца, а до …

Теренска вакцинација во училиштата засега ќе нема Read More »

Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа


Грција – Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, попладнево ќе го разгледа нацрт законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку состаноци ќе одржи комисијата и кога ќе биде закажана …

Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа Read More »

Самитот во Давос без „петката“ од Советот за безбедност на ОН


Швајцарија –  Во Давос од утре до 25 јануари се одржува економскиот форум каде ќе бидат светските челници и на кој ќе се зборува за стратегии за иднината и ќе се обиде да се најдат одгвоори за актуелните проблеми. Овогодишниот состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос ќе биде фокусиран на долгорочни глобални проблеми како …

Самитот во Давос без „петката“ од Советот за безбедност на ОН Read More »

„Блумберг“: Трамп и Ким ќе се сретнат во Виетнам


САД– Функционери од американската администрација планираат вториот самит на претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг –ун да се одржи во Виетнам, информира Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори упатени во плановите за средбата. Самитот, кој е планиран за февруари, веројатно ќе се одржи во Ханој, главниот град на Виетнам, но како …

„Блумберг“: Трамп и Ким ќе се сретнат во Виетнам Read More »

По 20 години русокоса: Мадона пак бринета


САД- Поп-ѕвездата Мадона (60)  се враќа на своите корени. По 20 години како русокоса, изненади со својата нова фотографија со која позира со црна коса и со својата ќерка во позадина. Последен пат поп-иконата беше црнка на забавата на „Венити Фер“ по Оскарите во 1999 година. Во текот на плодната кариера, Мадона го менуваше имиџот-кратка, …

По 20 години русокоса: Мадона пак бринета Read More »

Магла на дел од патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Кичево, Битола, Павлешници, Смојмирово и  Делчево, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ …

Магла на дел од патиштата Read More »

Бесмислен напад врз новинари на Водици


Новинарката на телевизијата Канал 5, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, која настрада за време на инцидентот на Водици во саботата во Скопје, случката ја пријавила во полиција. Мирчевска-Јовановиќ се здоби со повреди на вратот и раката, а била и туркана, влечена и навредувана од страна на вработени на агенцијата за обезбедување НИКОБ, кои биле ангажирани од Македонската православна …

Бесмислен напад врз новинари на Водици Read More »

Ријана добива своја луксузна модна куќа


Франција- Ријана се подготвува за својата следна улога во модната индустрија со најголемата луксузна групација во светот како нејзин партнер. Според повеќе извори, „Моет Хенеси Луј Витон“ (ЛВМХ) и музичката ѕвезда биле во тајни разговори за да отворат луксузна модна куќа со нејзиното име. Со тоа, оваа модна куќа ќе стане првиот моден бренд во …

Ријана добива своја луксузна модна куќа Read More »

Отровен воздух и привремени мерки и препораки


Продолжен зимски распуст за сите ученици во Македонија за два дена, бесплатен јавен превоз за граѓаните во Скопје и уште неколку други итни мерки и препораки донесоа Владата и Град Скопје откако Скопје викендов неславно се најде прв на листата по аерозагадување во светот, а енормно количество на ПМ10 честички регистрираа и мерните станици во …

Отровен воздух и привремени мерки и препораки Read More »

Словенечкиот министер за одбрана Ерјавец во посета на Македонија


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се сретне со нејзиниот словенечки колега Карл Ерјавец, кој е во официјална посета на Република Македонија. Во рамки на посетата, во организација на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат министерката Шекеринска и министерот Ерјавец. Дискусијата …

Словенечкиот министер за одбрана Ерјавец во посета на Македонија Read More »

Ново рочиште за „Топлик“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Топлик“ на СЈО, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани. Минатото рочиште беше одложено поради технички причини. …

Ново рочиште за „Топлик“ Read More »

Продолжува судењето на обвинетите за убиството на Саздовски


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски. Предметот се наоѓа во доказна постапка и за денеска е предвидено да биде извршена реконструкција на настанот. Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е …

Продолжува судењето на обвинетите за убиството на Саздовски Read More »

Шефот на Бирото на националната гарда на САД на средби со Шекеринска и Ѓурчиновски


Шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел денеска е во посета на Република Македонија. Генералот Ленгиел, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе се сретне со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Васко Ѓурчиновски.

Продолжува судењето за „крвавиот четврток“ во Собранието


Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за настаните на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, против осумнаесетмината неамнестирани од првично 33 обвинети. Судскиот процес се наоѓа во завршна фаза и на денешното рочиште се очекува обвинителката Вилма Рускоска да изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да …

Продолжува судењето за „крвавиот четврток“ во Собранието Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден кога ќе се соочите со својата судбина: ќе треба да бидете исклучително внимателни заради Лунарната Еклипса во знакот на Лав и да покажете големо трпение при реализација на саканите цели. Бидете отворени за новите трендови и имајте слух за потребите на саканите. Средби и состаноци. БИК: Сега е време да станете, да ги …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Димитров: И најжестоките противници на Договорот еден ден ќе го оправдаат овој чекор


И најжестоките противници на ова историски помирување во догледно време, како што ќе се гледаат резултатите од ова историско приближување ќе го оправдаат овој чекор, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Сител во врска со Договорот од Преспа. Тој истакна дека внимателно ја следел состојбата во Атина, каде денеска се одржуваа …

Димитров: И најжестоките противници на Договорот еден ден ќе го оправдаат овој чекор Read More »

СП ракомет: Кикс на Хрватска што може да ја чини полуфинале


Репрезентацијата на Бразил направи големо изненадување на ракометниот Мундијал совладувајќи ја фаворизираната Хрватска вечерва во последниот натпревар од третата рунда во Групата – Е. За „коцкестите“ овој пораз значи чекор назад во обидот да освојат едно од првите две места на табелата што автоматски значи учество по полуфиналето и борбата за медали. Бразилците победија со …

СП ракомет: Кикс на Хрватска што може да ја чини полуфинале Read More »

Мицотакис: Денеска говореше грчкиот народ


Денеска говореше грчкиот народ и неговиот глас мораме сите да го слушнеме, а прв господинот Ципрас и поддржувачите на Договорот од Преспа, договор кој се подготвуваат да го гласаат без да имаат таков мандат од нивните гласачи, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата по денешниот протест во центарот на Атина против Договорот …

Мицотакис: Денеска говореше грчкиот народ Read More »