Moti për ditën e sotme


Moti sot pritet të jetë kryesisht me vranësira dhe i ftohtë. Parashikohen edhe reshje të herëpashershmet shiut dhe të borës. Reshje më shumë priten pasdite në pjesët perëndimore të vendit. Temperatura e mëngjesit do të shkojë nga minus nëntë në zero ndërsa gjatë sitës nga minus dy deri në shtatë gradë.

Сузана Турунџиева се враќа на ТВ со забавна емисија


Сузана Турунџиева (49) по една ипол годишна пауза пауза повторно се враќа пред ТВ екраните со забавно – контактна емисија ,,Недела во три” која  започна со емитување од вчера. -Станува збор за емисија која ќе биде опуштена и забавна. Ќе отвараме теми за кои малку зборуваме, а многу озборуваме. Се чувствувам одлично, особено поради фактот […]

Викендов во Скопје 40 сообраќајки, возач и пешак тешко повредени


Возач на патничко моторно возило и еден пешак се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 40 сообраќајки случени во текот на викендот во Скопје. Во 12 сообраќајки со полесни повреди се здобиле 18 лица, а во 26 била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала […]

Облачно, со врнежи од снег


Времето денеска ќе биде облачно, во западните делови уште во текот на претпладнето со врнежи од снег. Попладне, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава, а до утре претпладне снежна покривка ќе се формира насекаде низ земјава, особено […]

Филипинка е мис универзум за 2018


Тајланд- Титулата на еден од најпрестижните светски избори за убавина, Miss Universe 2018, ја доби Филипинката Катриона Елиза Греј (24), пејачка и манекенка. Второто и третото место го освоија убавиците од Венецуела и Јужноафриканската Република. Изборот се одржа во Имапкт арената во Бангкок, Тајланд, а за круната се натпреваруваа 93 девојки од исто толку земји. Круната […]

Лоба со новогодишен подарок за фановите


Поп-пејачката Викторија Лоба, вечерва, во ресторан „Фор“  во 19 часот, го промовира првиот студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија – македонска и англиска верзија. Албумот е сниман во M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студио Јованови. Музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов. Досега од македонскиот албумот се издадени песните […]

Инаугурација на ЕУ улица во Старата скопска чаршија


Шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска ќе ја инаугурираат ЕУ улицата во Старата скопска чаршија. За време на последната посета на Скопје, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Федерика Могерини доби изненадувачки подарок, филигрански брош од златар во […]

Изложба во Атина за обновата на Скопје по земјотресот


Грција– Изложба „Иднината како проект/Доксијадис во Скопје“ ќе биде отворена денеска во музејот Бенаки во Атина. Изложбата, пред грчката публика за прв пат ја претставува темата на постземјотресната обнова на Скопје и улогата на Константинос А. Доксијадис во неа. Изложбата и придружните манифестации се организирани од Музејот на Град Скопје, Хеленскиот институт за архитектура и музејот […]

Европратеникот Кулоглу и нобеловката за мир Бучамауи во посета на македонскиот Парламент


Во посета на Собранието на Република Македонија денеска ќе престојуваат европратеникот Стелиос Кулоглу и добитничката на нобеловата награда за мир за 2015 година Видет Бучамауи. Европратеникот Кулоглу и Бучамауи ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, со координаторите на пратеничките групи, а ќе имаат средба и со Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на […]

Охриѓани напролет ќе избираат нов градоначалник


Во Охрид денеска е ден на жалост по ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски (48), професор на Факултетот за туризам и угостителство во неговиот роден град. Тој почина во саботата претпладне, во возило на Итната медицинска помош, на пат кон Центарот за кардиоваскуларни болести, откако му се слошило на состанок со директорите на општинските јавни […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Работната недела започнува со шокирачка нежност и се случува прекрасна промена, како кога гасеницата се преобразува во пеперутка. Ова е комплексен процес кој треба да се совлада, да се следи динамиката на настаните и воочи магијата во сето тоа. Месечината во вашиот знак ги буди скриените пориви. БИК: Со благородни мотиви, чекорите напред кон самоопределени стандарди, […]

Со сериозни повреди, но во стабилна состојба се шестмината македонски граѓани хоспитализирани во нишката болница


Во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот  близу Лесковац во која три лица загинаа, маж и две жени, со посериозни повреди се здобија шестмина македонски граѓани. Тие се хоспитализирани во болницата во Ниш, осуммина  граѓани пак, се со полесни повреди и  се хоспитализирани во болницата во Лесковац. Повредените, кои се хоспитализирани во болницата во […]

Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед и се врати на врвот во Премиер лигата


Во дербито на 17-тото премиерлигашко коло, Ливерпул го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1 и повторно е на водечката позиција на табелата. На другите два неделни натпревара во Англиското фудбалско првенство: Саутемптон – Арсенал 3:2 Брајтон – Челзи 1:2. Табела: Ливерпул 45 бода, Манчестер Сити 44, Тотенхем 39, Челзи 37, Арсенал 34,… Клоп: На теренот видовме […]

Горан Милевски реизбран за лидер на ЛДП


Либерално-демократската партија денеска на седмото Изборно собрание го резибра Горан Милевски за нејзин лидер. Противкандидати му беа Никица Корубин и Мирко Спирковски. За генерален секретар на партијата е избран Боби Мојсоски, директор на затворот ..Идризово”. Милевски порача дека најверојатно нема да го поддржи предлог-законот за амнестија, со кој треба да бидат опфатени обвинетите од настаните […]

Приштина ја одбива понудата на Брисел: Таксата ќе се укине кога Србија ќе го признае Косово


Владата на Рамуш Харадинај ја одбива понудата од високите претставници на Европската унија (ЕУ) за одредени отстапки кон Косово доколку времено ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина. Косовските медиуми објавија попладнево дека Харадинај добил писмо од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ […]

Рашковски ги посети повредените македонски државјани, Филипче на пат


Македонската Влада води грижа за своите граѓани, независно каде тие се наоѓаат и затоа сме денеска тука за да помогнеме колку што може да се ублажи несреќата, порача во изјава за МИА генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој вечерва пристигна во Лесковац, каде во локалната болница се сместени дел од повредените. Три лица загинаа, […]

Косовски медиуми: Брисел нуди отстапки за укинување на таксата кон Србија


Косовските медиуми објавија дека премиерот Рамуш Харадинај добил писмо од високи претставници на Европската унија (ЕУ) во кое ветуваат отстапки доколку земјата ја повлече одлуката за 100 отсто такси на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина. Во писмото потпишано од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, еврокомесарката за […]

Протести во Будимпешта против Владата на Орбан


Во Будимпешта денеска протестираа илјадници граѓани против новиот закон за работа и, како што наведуваат, „авторитативната Влада на националистичкиот лидер Виктор Орбан“. Денешните протести под името „Среќен Божик на господинот премиер“ се четврти по ред во последната недела што ги организираат левичарските опозициски партии, група студенти и граѓани кои се против Владата на Виктор Орбан. […]

Во Јапонија повредени 42 лица при експлозија во ресторан


Повеќе од 40 лица се повредени при експлозија во ресторан во Сапоро, главен град на јапонскиот остров Хокаидо. Според полицијата, во инцидентот се повредени 42 лица, од кои повеќето се здобиле со повреди од среден степен, а едно лице се наоѓа во тешка состојба. Како што пренесуваат јапонските медиуми, по екслозијата се почувствувал силен мирис […]

Намалена видливост поради магла на Маврово и на Стража


Сообраќајот низ целата држава се одвива тековно по влажни коловози. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла има на патните правци Маврово и на Стража. Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно […]