Холандска студија: Националниот авиопревозник чини 2 милиони евра годишно


Домашна авиокомпанија, која би летала на регионални дестинации со турбопроп-авиони, би требало да добива структурна финансиска поддршка од два милиони евра годишно, во спротивно нема да може да се одржи во генерално високоризично пазарно опкружување. Ваков модел не ја исклучува можноста за одржлив национален превозник во партнерство со авиопревозник од Блискиот или Далечниот Исток. Сепак, […]

Германски „Герешајмер“ пред одлука да отвори фабрика во Македонија


Македонија е меѓу двете земји што германската компанија „Герешајмер“ ги разгледува како опција за реализирање на својата нова инвестиција. Членот на Бордот на директори на медицинскиот одел на „Герешајмер“, Оливер Бургел, вели дека менаџментот е импресиониран од инфраструктурата во Македонија, од условите во технолошко-индустриските зони, како и од посветеноста на Владата да ја направи земјава […]

МЗ: Инсулинот во Македонија без исклучок е со уреден рок на употреба


Во Република Македонија нема инсулин кој е со краток рок на употреба, се наведува во соопштението на Министерството за здравство во врска со пишувањата во дел од медиумите поврзано со наводниот краток рок на употреба на инсулинската терапија, заради појаснување на целокупната македонска јавност, а посебно за дополнително информирање на пациентите кои користат инсулинска терапија. […]

(ВИДЕО) Затворен кампот за воена обука на деца во Србија


По реакциите на јавноста, српската полиција го затвори младинскиот камп организиран од, како што јавија српските медиуми, руски и српски ветерански и патриотски здруженија на Златибор. Власите велат дека на летниот камп на планината Златибор учествувале деца на возраст од 12 години и возрасни над 23 години. Вкупно 34 машки 12 женски деца присуствувале на […]

Дерковски: Нема „фантоми“ во Избирачкиот список


Претседателот на ДИК Оливер Дерковски денеска изјави дека нема фантоми на Избирачкиот список, кој според него е динамична категорија и никогаш нема да биде идеално чист, затоа што во списокот се наоѓаат лица кои на дневна основа се менуваат. -Ве уверувам дека нема фантоми на Избирачкиот список.Тоа беше терминологија што се користеше во изминатите години, […]

Waiting for white smoke from the White Palace


Topics related to the current economic and political situation were discussed at the yesterday’s session of the Executive Committee of VMRO-DPMNE. The issue of the referendum was not even opened at this session. Top-party sources admit that the upcoming referendum on a name agreement with Greece has in fact not been debated in the senior […]

Кога ако не сега


Ерол Ризаов Ако се вратиме сами од отворените врати на НАТО и на ЕУ назад и не ги усвоиме уставните промени, нема да се случи ништо страшно, велат противниците на веќе ратификуваниот договор со Грција. Нè тешат со многу силен аргумент дека ќе продолжиме таму кај што сме застанале и ќе чекаме подобри времиња кога […]

ФФМ одби три од вкупно четирите кандидатури за нов претседател


Комисијата за избори и верификација при Фудбалската федарација на Македонија (ФФМ) одби три од вкупно четирите кандидатури за нов претседател. Од ФФМ наведуваат дека откако биле разгледани доставените кандидатури е утврдено дека само кандидатура на ОФС Кавадарци за Сашко Тасев се прифаќа бидејќи предложениот кандидат ги исполнувал општите и посебниот услов од статутот на Фудбалска […]

Од Турција, преку Албанија до Саудиска Арабија: Ферхан Хасани во Ал Раед


Ферхан Хасани, конечно, ја затвори летната трансфер сага. По разделбата со Шкендија, македонскиот репрезентативец се поврзуваше со клубови во Турција и во Албанија, но на крај заврши во Саудиска Арабија. Популарниот Буба потпиша едногодишен договор со екипата Ал Раед вреден 1,2 милиони евра. Офанзивниот играч во средниот ред е дете на Шкендија. Низ младинските погони […]

Шкендија против Розенборг за место во групната фаза од Лига Европа


Македонскиот шампион Шкендија во баражот за пласман во групната фаза од Лига Европа ќе се соочи со норвешкиот клуб Розенборг. Првиот натпревар меѓу Розенборг и Шкендија ќе се игра во Норвешка на 23 август, а реваншот во Скопје на 30 август. Претходно, македонскиот првак беше елиминиран од Салцбург во третото квалификациско коло од Лигата на […]

Словенечкиот парламент го избра Марјан Шарец за мандатар


Словенечкиот парламент денеска го избра поранешниот комичар Марјан Шарец за мандатар за состав на новата влада. Шарец (40), чија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ) освои второ место на изборите на 3 јуни, доби поддршка од 55 од вкупно 90 пратеници во парламентот. Тој така го „турна во втор план“ поранешниот премиер Јанез Јанша, чија антиимигрантска […]

Во ВМРО-ДПМНЕ и гласови „за“ договорот со Грција


Теми врзани со тековната економско-политичка состојба беа предмет на расправа на вчерашната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето околу референдумот не беше отворено ниту на оваа седница. Извори од врвот на партијата признаваат дека за претстојното изјаснување околу договорот за името со Грција, всушност, не било расправано ниту еднаш досега во високите партиски тела. […]

Фестивал „Здраво млади“: Во продажба другарски билети


Фестивалот „Здраво млади“ во организација на Младинскиот културен центар од Скопје пушта во продажба и другарски билети. Станува збор за понуда која изнесува 2.000 денари, а вклучува четири билети и еден гратис. Понудата важи од денеска, па сè до 24 август. Овие пакети се ограничени со бројка од 50 и може да се набават на билетарницата […]

Загадена храна од „Гала кујна“ причина за цревните инфекции на фудбалерите


Согласно стручното мислење на ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, затекнатата загадена храна од објектот „Гала кујна“ која во трпезарија на ФФМ ја консумирале седумте деца фудбалери е причина за појава на цревни инфекции кај нив, односно постои основано сомнение дека се работи за алиментарна токсоинфекција. Ова го соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), […]

СФФ: Главна награда за бугарскиот филм „Ага“


Филмот „Ага“ на бугарскиот автор Милко Лазаров ја освои наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар филм на 23. издание на овој фестивал на југоисточниот европски филм. Романката Јоана Урикару е најдобар режисер благодарение на филмот „Лимонада“, а најдобри актери се Унгарката Зофија Самози за улогата во филмот „Еден ден“ и хрватскиот актер Леон Лучев во […]

Георгиевски до бугарската јавност: Во Заев имате прагматичен политичар


Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во колумната објавена за БГНЕС нагласува дека бугарскиот политички и државен врв води целосно непринципиелна политика во однос на македонскиот премиер Зоран Заев, во врска со неговата недамнешна изјава дека Илиденското востание е македонско. Нагласува дека тој лично во период од околу три децении обидувал во Македонија до воведе нов пристап […]

ДИК:  2.658 граѓани се провериле во избирачкиот список


До денеска до пладне 2.658 граѓани ги провериле своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), додека преку веб страната на Комисијата односно електронски тоа го направиле 11.481 граѓанин. На денешната седница на ДИК беше потенцирано дека увидот, што трае до 23 август на полноќ, се одвива без проблеми. Паралелно […]

Заев: Сите имаат институционална обврска да соработуваат за референдумот


Референдумот е обврска од важен државен карактер. Сите институции се должни да соработуваат со Државната изборна комисија (ДИК). И Владата стои на располагање, на принципиелно ниво, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на ДИК и тоа ќе го направиме, рече денеска премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на ДИК Оливер Дерковски […]

Киднапирана скопјанка, избегала од возило на пат кон Велес


Непознат сторител вчера попладне ја киднапирал дваесет и тригодишната Ќ.М. од Скопје и насилно ја внел во патничко возило со кое се упатил кон Велес. Во близина на езерото „Младост“, таа успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес. Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, непознатото лице и се […]

По фудбалска афирмација во Хрватска: Младиот стопер Христијан Димов во Интер Запрешиќ


Се зголемува македонската колонија на фудбалери во Хрватска. Овојпат станува збор играч чија афирмација допрва се очекува. Се работи за тинејџерот Христијан Димов кој од Вардар се пресели во Интер Запрешиќ. Има 18 години, игра на позицијата стопер, во есенската полусезона ќе настапува за младинската екипа од Запрешиќ, прекоманда меѓу сениорите очекува да добие напролет. […]