(ВИДЕО) Затворен кампот за воена обука на деца во Србија


По реакциите на јавноста, српската полиција го затвори младинскиот камп организиран од, како што јавија српските медиуми, руски и српски ветерански и патриотски здруженија на Златибор.

Власите велат дека на летниот камп на планината Златибор учествувале деца на возраст од 12 години и возрасни над 23 години. Вкупно 34 машки 12 женски деца присуствувале на еднонеделниот „Младински патриотски камп Златибор 2018“. Присутните во кампот биле од Србија, Црна Гора и БиХ.

Во кампот кој требало да биде отворен од 9 до 18 август, учествувале триесетина деца и младинци на возраст од 14 до 23 години, кои учеле основни техники на преживување во природа, вклучувајќи и како да се однесуваат во борба.