Бери Гиб од „Би Џиз“ стана витез


Англија- Принцот Чарлс го одликуваше со титула витез највозрасниот и воедно единствен жив член на групата „Би Џиз“ (Bee Gees), Бери Гиб. На свеченоста во Бакингемската палата Гиб изјави дека се надева дека неговите покојни браќа Робин и Морис, преостанатите двајца членови на триото, се гордеат со него. – Да не беа моите браќа, јас […]

Во Кривичен рочишта за „Тревник“ и „Шпион“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“ и „Шпион“. Првообвинет во предметот „Тревник“, што се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, е новинарот Драган Павловиќ – Латас. Обвинети во овој случај се и Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ. Според обвинението тие изградиле три викенд-куќи […]

Рама: Албанија никогаш нема да прифати бегалски кампови, макар и во замена за членство


Албанија отфрлa понуда за евентуална изградба на нејзината територија приемни центри за мигранти, кои се упатиле кон држави од Европската унија. Албанија никогаш нема да прифати такви бегалски кампови на ЕУ, па макар и од ЕУ да добие во замена членство, изјави премиерот Еди Рама во интервју за германски „Билд”. Рама додава во интервјуто дека […]

Аргентина-Франција во сабота, Хрватска-Данска во недела


Фудбалерите на Аргентина успеаја да се провлечат во осминафиналето од Светското првенство во Русија откако синоќа во драматичен меч ја совладаа Нигерија со 2-1. „Гаучосите“ поведоа со голот на Меси во 14. минута, потоа погодија статива, но работите се сменија во вторито дел. Нигерија израмни од сомнителен пенал во 51. минута (Мозес), а потоа пропушти […]

Влезот во НАТО го затвора прашањето „дали ќе нѐ биде“


Со влегувањето на Македонија во НАТО ќе се затвори прашањето дали ќе ја биде или не. НАТО сака сите земји од Западен Балкан да влезат во оваа меѓународна организација, оваа територија да биде дефинирана и Македонија да не биде слепо црево во овој регион, смета националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски. По изјавата на генералниот […]

Македонец и Срби го држеле наркопазарот во Виена


Австриската полиција уапси четворица Срби и еден Македонец поради шверц со наркотици. Акцијата била реализирана во Виена, запленети се 2.5 килограми хероин и 20 килограми марихуана, чија вредност се проценува на 350.000 евра. Уапсените се во притвор, пренесуваат австриските медиуми. Еден Србин и македонскиот државјанин на возраст од 33 години се приведени на 15 јуни. […]

Вечерва во Солун ќе има два нови протести против Договорот


Два нови протеста против Договорот со Македонија и за „грчкиот карактер на Македонија“, ќе се одржат вечер во Солун, според  солунските медиуми. Едниот е закажан за 19 часот по локално време, пред министерството за Македонија и Тракија во Солун, а другиот еден час подоцна и ќе има карактер на протест со мотори. Според локалните медиуми, […]

Драма околу нашите преговори со ЕУ: Датумот висеше на конец, сега виси и референдумот


Датумот за Македонија вчера висеше на конец поради Франција, Холандија и Данска. Сепак, министрите на ЕУ донесоа одлука за условно отворање на преговори со Македонија во јуни 2019 година. Тоа значи дека Македонија тогаш може да добие преговори ако исполни четири услови: спроведување на Итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на […]

Премиерот Заев во посета на Полска


Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Полска. Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски. Премиерот Заев вчера престојуваше во Виена, каде што оствари средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц. 

Продолжува војната во државниот врв: Фатете го велепредавникот!


Нова тура обвинувања за тоа кој работи против интересите на Македонија размени вчера државниот врв, откако претседателот Ѓорге Иванов, само неколку часа пред почетокот на министерскиот совет на ЕУ во Луксембург, го соопшти она што беше извесно – дека става вето на договорот со Грција. Покрај познатите образложенија дека договорот не е во согласност Уставот […]

Облачно и посвежо со врнежи од дожд


Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 литри на метар квадратен за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер. Утринската […]

Хороскоп: Шанси за девицата, изненадување за овенот


ОВЕН: Кај вас се случуваат длабоки промени и можни се изненадувања. Ништо однадвор не е важно, освен рефлексијата на вашето вистинско себство. Обидете се да не сте арогантни и горделиви и не се убедувајте дека целта ги оправдува средствата. Не барајте признанија денес. БИК: Внатрешна тензија, недоверба или фрустрација во блиските врски. Не очекувајте премногу […]

Алкохол ќе се продава и по 19 часот


Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник. Со најновите законски измени, што пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седницам, се дозволува и продажба […]

Протест против Договорот за името во центарот на Скопје


Помала група граѓани и вечерва одржа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името. Учесниците на протестот ги повторија ставовите дека за нив Договорот е штетен и спротивен на Уставот и на македонските државни интереси. Тие повторија и дека Договорот треба да биде отфрлен и дека најавениот референдум треба да биде бојкотиран.

За официјална Тирана голем ден за Албанија,Македонија, но и за ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама, во првата куса изјава околу одлуката за почнување преговири на Албанија и на Македонија во јуни 2019 година, оценува дека тоа е голем успех на владите на двете земји. Додава дека резултатите од реформите ги натерале и скептиците да ги признаат заслугите на Албанија и Македонија. – По 72 часа помеѓу […]

Мицкоски: Нема да учествуваме на седницата каде ќе се носи капитуланскиот договор


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ вели дека СДСМ ветуваат работи кои не можат да ги исполнат и затоа се обидуваат преку кршење на законите да ја убедат јавноста дека тоа е правилниот начин на работа. Во врска со повторното гласање на договорот со Грција во собранието Мицкоски потенцираше дека […]

СДСМ: Мицкоски потврди дека Договорот го гарантира македонскиот идентитет


Христијан Мицкоски денеска индиректно потврди дека македонскиот идентитет е обезбеден“, се вели во соопштението на СДСМ. „Во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија попладнево Мицкоски призна дека согласно Договорот „ние ќе бидеме Македонци“ со што паѓаат во вода сите измислени и неаргументирани изјави и прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ. Го охрабруваме Мицкоски, својата конфузија да […]

Maqedonia do t’i fillojë negociatat me BE-në në qershor të vitit 2019


Hapet rruga për fillim të negociatave me Bashkimin Evropian në qershor të vitit 2019, nëse Maqedonia e mban përparimin reformues, posaçërisht në pjesën e prioriteteve  urgjente reformuese, vendosi sot Këshilli i ministrave të BE-së pas debatit të gjatë për zgjerim, ku u shqyrtuan rekomandimet për negociata për Maqedoninë dhe Shqipërinë. Këshilli i ministrave pret që […]

Zaev: Yet another another glorious day and major recognition for our country


Yet another glorious day for the Republic of Macedonia. Yet another recognition for our country, Prime Minister Zoran Zaev said in a statement posted on his Facebook profile after the EU Council approved the opening of membership negotiations in June 2019. “The European Union and the leaders of all member states have recognized the Republic […]

Ќе се утврдува колку загадува греењето на дрва


Повторно ќе се испитува квалитетот на воздухот во Скопје. Градските власти на тендер бараат компанија која по акредитирани методи во текот на 12 месеци ќе го испитува квалитетот на воздухот, со акцент на деловите од Скопје каде што затоплувањето е со печки на дрва. Слично истражување беше спроведено во 2016 и 2017 година, а повтореното […]