Со средба во Охрид почнува процесот Жан Моне


Во Охрид вечер почнува првата парламентарна средба во рамки на Жан Моне процесот инициран од тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн. Македонските народни избраници од сите пратенички групи, предводени од претседателот на Собранието Талат Џафери и тројцата, потпретседатели, ќе разговараат главно за прашања поврзани за Деловникот за работа на Парламентот, Етичкиот кодекс […]

Британската премиерка Тереза Меј во Македонија


Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Церемонијата за добредојде на британската делегација, како што соопшти владината прес-служба, ќе се одвива на платото пред Владата на Република Македонија, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите […]

Миљана Ристиќ, маратонка: Трчањето е здравје, а не тренд


Маратонката Миљана Ристиќ (23), која е дипломиран психолог, е убавицата за мај од годинешниот календар на „Пелистерка“, кој на провокативен начин ги истакнува бенефитите на водата и ја слави убавината на жената. Убавата спортистка со исклучителни резултати навикнати сме да ја гледаме во спортско издание, но на календарот е исто така во спортски елемент, но […]

Умерено облачно и топло време, температура до 29 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од шет до 29 степени, а УВ индексот ќе биде седум. Во Скопје слично време со температура од десет до 27 степени. Утре во поголем дел од земјава времето ќе биде стабилно, […]

Почнува исплатата на субвенциите за тутунот


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017. По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски ќе одржат прес-конференција во село Ивањевци, општина Могила, на која ќе соопштат […]

Партиите без формален став за предлогот за нов гувернер


Анита Ангеловска – Бежоска е новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернер на Народната банка на Република Македонија, откако актуелниот гувернер Димитар Богов се повлече од кандидатурата претходно доставена од  Иванов, под влијание на, како што рече, реакциите и роковите за избор на гувернер. Политичките партии се уште тактизираат за предлогот Ангеловска – Бежоска […]

Хороскоп: Астролошки предвидувања за денешниот ден


ОВЕН: Денес се буди вашиот апетит за животот и љубовта и сте на прагот да формирате нови и необични врски. Секако, и други видови шанси ќе се појават, што ќе ве живне, подмлади и ќе ви ги наполни духовните резерви. Појавување на нови амбиции кои ќе ве придвижат напред. Радост. БИК: Вознемирувачки вести кои ќе […]

Заев и Ципрас во потрага по чудо во Софија


Софија – Земјите од Западен Балкан очекуваат дека самитот на ЕУ во Софија ќе ја забрза нивната европска интеграција, а Македонија посебно се надева дека во бугарскиот главен град ќе биде направен конечниот исчекор во решавањето на проблемот со името. Премиерот Зоран Заев, кој ја предводи македонската делегација, синоќа вечераше сам, додека лидерите на ЕУ […]

За 12 контролори на летање конкурирале 200 кандидати


На првиот оглас за школување на кандидати за стекнување дозвола за контролор на летање, по последниот во 2003 година, за 12 места се пријавиле 200 кандидати. Она што ги привлекува младите да конкурираат за контролори на летање не е само фактот што оваа професија во Македонија е една од најплатените, туку и можноста за работа […]

Завршни зборови за предметот „Тенк“


На денешното судско рочиште за  предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ треба да бидат дадени завршни зборови за инволвираните во овој процес. Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“. Груевски, Јанкулоска […]

Атлетико Мадрид со 3-0 го победи Марсеј во финалето од Лига Европа


Атлетико Мадрид со убедливи 3-0 го победи Марсеј во финалето од Лига Европа и по трет пат се закити со овој трофеј во второто по ранг натпреварување во Европа. Антоан Гризман беше стрелец во 21-та и во 49-та минута, додека капитенот на Атлетико, Габи, погоди во 89-та минута. Екипата на Диего Симеоне и пред натпреварот […]

(Video) Familja Shabani kërkon ndihmë, ja kushtet ku jetojnë!


Në Xhaminë e Madhe në Ferizaj ka nisur aksioni për të ndihmuar familjen Shabani. Një e pjesë e mjeteve janë mbledhur dhe tani duhen edhe mjete të tjera që familjes t`i sigurohet një kulm mbi kokë. Imami i Xhamisë së Madhe, Mustafa Ahmeti deklaron për Tetova News: “Ne si këshill i Xhamisë së Madhe këtu […]

A do të jetë Teuta Arifi kandidate për presidtente e Maqedonisë?


Kryetarja e komunës së Tetovës, njëherit edhe nënkryetare e BDI -së sot ka dhënë një lajm të madh për shqiptarët e Maqedonisë. Ajo sot në debat të organizuar enkas për emisonin ClickPlus në Tv 21 para  qytetarëve dhe studentëve të Tetovës dha një shpresë pozitive se në të ardhmen mund të jetë presidente e shtetit, […]

Мората ќе прифати помала плата за да се врати во Јувентус


Шпанскиот напаѓач на Челзи, Алваро Мората е подготвен да ги намали финансиските побарувања, за да се врати во Јувентус, тврди „Кориере дело Спорт“. „Бјанконерите“ имаат голема желба да го вратат дваесет и шестгодишниот стрелец. Мората во исто време е подготвен да прифати драстично помала плата за да се врати во Јувентус. Во моментов, Мората добива […]

Дончев: Македонија е во лоша состојба во здравството


Ситуацијата во здравството е лоша, благо речено. Инфраструктурата е на многу ниско ниво, организациската поставеност неефикасна, а информациските системи неинтегрирани. Иновативните лекови, пак, кои дојдоа на пазарот последниве години се достапни, но далеку од потребната количина, оцени директорот на Фондот за здравство Ден Дончев во вечерашното гостување на ТВ 24. Според Дончев, повеќе од јасно […]

Рама: Сон ми е Албанците да се обединат под небото на ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека никогаш не сонувал за „Голема Албанија”, бидејќи има поголем сон – сон за „Голема Европа”, под чие небо ќе се обединат сите Албанци. Во интервју за порталот Еуроњуз, Рама изрази жалење поради реакцијата која беше предизвикана од неговата претходна изјава дека еден ден Косово и Албанија би можеле да имаат […]

(Фото) Ципрас: Последните метри се секогаш најтешки


Направен е напредок, но има уште пат да се изоди, напиша грчкиот премиер на Твитер во однос на преговорите за името, објавувајќи фотографии од подготвителниот Самит на партијата на европските социјалисти во Софија, во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој присуствуваше и македонскиот премиер, Зоран Заев. – На Самитот на Партијата на европските социјалисти, […]

Макрон: Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста да го решат прашањето за името


Франција со внимание ги следи политичките процеси во регионот и во Македонија. Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста во решавањето на прашањето за името. Решавањето на овој спор е позитивно и сериозно наследство за Македонија, рече францускиот претседател Емануел Макрон на вечерашната средба со премиерот Зоран Заев во Софија. Макрон изрази честитки за реформите […]

(Фото) Мицкоски оствари средба со Курц, Хан и Туск во Софија


По завршување на самитот на Европската народна партија со земјите од Западен Балкан кој се одржа денес во Софија, Бугарија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на истиот се разговарало за актуелните политички но и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западниот Балкан, се вели во соопштението на […]

Закерберг прифати да сведочи пред Европскиот парламент


Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани соопшти дека извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг ја прифатил поканата и ќе се појави на сослушувањето во Брисел. Тајани додаде дека очекува сослушувањето да се одржи следната седмица кога претседателите на парламентарните групи ќе му поставуваат прашања на Закерберг. Според Тајани, ова е чекор кон обновување на довербата на […]