2018: Славни свадби што го срушија интернетот
Несомнено, свадбата на актерката Меган Маркл и британскиот принц Хари најмногу се дискутираше и беше најчеканата свадба во изминатата година. Американската телевизиска ѕвезда Опра Винфри, фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, актерот Џорџ Клуни и сопругата Амал, актерката Пријанка Чопра, актерот Идриз Елба, тренисерката Серена Вилијамс, пејачите Џејмс Блант, Џос Стоун и Елтон Џон беа меѓу славните ѕвезди кои пристигнаа на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл.
Ник Џонас и Пријанка Чопра
Можеби највеличествената свадба во 2018 година e онаа на американскиот пејач Ник Џонас и индиската актерка Пријанка Чопра. Венчавката на љубовниците траеше три дена, додека двојката имаше неколку свадбени церемонии.
Џастин Бибер и Хели Болдвин
Една од најнеочекуваните венчавки во годината беше онаа на канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер и моделот Хели Болдвин, која без многу бучава веројатно беше само склучување на граѓански брак.
Ричард Гир и Александра Силва
Ричард Гир исто така го зачуди светот на 68-годишна возраст велејќи дека очекува дете и дека се оженил со долгогодишната девојка, Шпанката Алехандра Силва. „Младенците“ организираа свадба инспирирана од Индија.
Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт
На крајот на годината дојде уште една изненадувачка ѕвездена свадба. Поп-тинејџерскиот идол Мајли Сајрус се омажи во својот дом во Тенеси за долгогодишното момче, австралискиот актер Лиам Хемсворт.
Депика Падуконе и Ранвер Синг
Најголемата и најплатена филмска ѕвезда во Индија Депика Падуконе (32) се омажи за актерот Ранвер Синг, во вила од 18 век „Балбианело“ на езерото Комо во Италија. Свадбата била според индиските обичаи, само за потесното семејство. Падуконе е родена во Данска, а со сопругот ќе живее во Бенгалор.
Марта Ортега и Карлос Торето
Марта Ортега (34), постар консултант во „Зара“ се омажи за дизајнерот Карлос Торето (35) на интимни церемонија, а потоа и на коктел-забава, во Ла Коруња, Галиција, во присуство на европскиот џет-сет. Марта е ќерка на Амансио Ортега, сопственик на компанијата „Индитекс“, кој е меѓу десетте најбогати бизнисмени на светот. Невестата, на која ова ѝ е втор брак и има син, имала необична венчаница на Валентино, замислена како комплет од блуза и панталони, за што доби многу пофалби.
Гвинет Палтроу и Бред Фалчук
Оскаровката Гвинет Палтроу му рече „да“ на избраникот, продуцентот Бред Фалчук. Двојката се венчаше во домот во Хемптон, а на малата свадбена церемонија присуствуваа нивните семејства, блиски пријатели и колеги.
Палтроу за втората свадба избра венчаница на Валентино, а потоа се пресоблекла во тоалета на Стела Мекартни. Младоженецот носел костум на Том Форд. На свадбената прослава биле поканети околу 70 гости помеѓу кои Камерон Дијаз, Џери Сејнфилд и Лов.
Палтроу и Фалчук се запознале за време на снимањето на серијата „Гли“ во 2010 година. Меѓутоа, тие во врска стапија во 2014 година, кога таа се разведе од сопругот Крис Мартин со кој таа има две деца.
Принцезата Евгенија од Јорк и Џек Брусбенк
Принцезата Евгенија од Јорк (28) се омажи со амбасадорот на бренд за текила Џек Бруксбенк (32) во замокот Виндзор.
Внуката на кралицата Елизабета Втора, поточно ќерката на принцот Ендру, војводата и војвотката од Јорка, Сара Фергусон, е деветта во редот за тронот, веднаш по својата најстара сестра, принцезата Беатрис.
Славни гости пристигнаа на свадбата – актери, пејачи и манекени. Ели Гулдинг, Наоми Кембел, Кјара и Попи Делавињ, Роби Вилијамс, Деми Мур, Лив Тајлер, Џејмс Блант, Холи Валанс, Пикси Гелдоф… беа меѓу славните гости на свадбата, втора по ред годинава во британското кралско семејство, по онаа на принцот Хари и Меган Маркл.
Принцезата и поранешниот менаџер се запознале во ноќен клуб во Швајцарија, кога таа имала 20, а тој 24 години, а заедно се веќе седум години. Џек ја запросил Јуџин во јануари оваа година, во Никарагва.
Барбара Буш и Крег Којн
Ќерката на 43. американски претседател Џорџ В. Буш (72), Барбара Буш (36), се омажи на мала тајна церемонија на крајбрежјето во Мејн, а тој ја испрати до олтарот. Зетот е сценаристот и актер Крег Којн (37). На церемонија присуствуваа само 20 луѓе од потесното семејство.
Хилари Свонк и Филип Шнајдер
Актерката Хилари Свонк тајно се омажи за претприемачот Филип Шнајдер, а фотографиите од шармантната венчавка стигнаа до очите на нејзините фанови благодарение на „Вог“.
Двократната оскаровка го изговори судбоносното „да“ во фустан од Ели Сааб, кој бил изработуван 70 часа од страна на 7 лица. Подоцна невестата се пресоблече во втора венчаница креирана од Марија Грација Киури, која стои на чело на модната куќа „Диор“.
Мартин Вучиќ и Сања
Се ожени музичарот Мартин Вучиќ, син на шоуменот Драган Вучиќ и новинарката Весна Вучиќ, која е ќерка на легендарниот музичар на народни инструменти Пеце Атанасовски. Направи гламурозна свадба со својата избраничка Сања во ресторанот „Ла Тана за свадби“ во Скопје.
Поранешниот поп-пејач, а денес музичар на ударни инструменти – член на Македонската филхармонија, на свадбената веселба собра и дел од естрадата и познати лица од шоу-бизнисот, како и голем број јавни личности, со кои го прослави почетокот на заедничкиот живот со долгогодишната девојка Сања.