20 ноември во историјата – Почнаа Нирнбершките процеси


Херман Геринг за време на вкрстеното испрашување во 1946

 

На 24 високи нацисти почна да им се суди им се суди на 20 ноември 1945 година во Нирнберг, Германија, за злосторствата извршени за време на Втората светска војна.

Нирнбершките судења ги водеше меѓународен трибунал составен од претставници на САД, Советскиот Сојуз, Франција и Велика Британија. Тоа беше прво судење од ваков вид во историјата, а обвинетите се соочија со обвиненија од злосторства против мирот, воени злосторства, до злосторства против човештвото. Главниот судија Џефри Лоренс, британскиот член, претседаваше со процесот, кој траеше 10 месеци и се состоеше од 216 судски рочишта.

На 1 октомври 1946 година, 12 архитекти на нацистичката политика беа осудени на смрт. Седум други беа осудени на затворски казни од 10 години до доживотни, а тројца беа ослободени. Од првичните 24 обвинети, еден, Роберт Леј, изврши самоубиство додека беше во затвор, а друг, Густав Круп фон Болен и Халбах, бил прогласен за ментално и физички неспособен да му се суди. Меѓу оние кои беа осудени на смрт со бесење беа Јоаким фон Рибентроп, нацистички министер за надворешни работи; Хајнрих Химлер, водач на Гестапо; Алфред Јодл, шеф на штабот на германските вооружени сили; и Вилхелм Фрик, министер за внатрешни работи.

На 16 октомври 1946 година, 10 од архитектите на нацистичката политика беа обесени. Херман Геринг, кој при изрекувањето на пресудата беше наречен „водечки воен агресор и креатор на угнетувачката програма против Евреите“, изврши самоубиство со отров во пресрет на неговата закажана егзекуција. Водачот на нацистичката партија Мартин Борман беше осуден на смрт во отсуство (но сега се верува дека починал во мај 1945 година). Судењата на помалите германски воени злосторници и воените злосторници од Оската продолжија во Германија во 1950-тите и резултираа со осуда на 5.025 други обвинети и егзекуција на 806.