1ТВ денеска се враќа на екраните, вечерашен уредник Сашо Орданоски


По куса пауза 1ТВ вечерва во 20 часот повторно ќе се врати со информативно издание, соопштија на нивната вебстраница.

„По куса пауза, информативната редакција на 1ТВ во согласност со зацртаните програмски определби продолжува со вести и информативни содржини. Уредници на Централниот дневник на 1ТВ вечерва во 20 часот се Александар Петрески и Сашо Орданоски. Во предвидениот термин, покрај иформациите од земјава и светот, гледачите ќе имаат можност да проследат и дебата на тема: Дали власта ќе победи во битката со лажните вести? Гости на Орданоски се Насер Селмани и Марина Тунева од Советот за етика“, информираат од телевизијата.