145 години Дупон: Луксузното патување почна од Скопје


Со славни холивудски ѕвезди и филмови, елитни гости и луксузен кетеринг, синоќа во резиденцијата на францускиот амбасадор во Скопје, започна прославата на 145. роденден на францускиот бренд за луксузни производи “S.T.Dupont“ . Избраната публика, на покана на ексклузивниот застапник на брендот во Македонија-“Сигма“ , со вината на “Тиквеш“ уживаше во промоцијата на брендот, во друштво на Мерилин Монро и Одри Хепберн, главните ликови  од “Големиот Гетсби“ на Баз Лурман, на  Џејмс Бонд и најновиот римејк на “Убиство во Ориент Експрес“ на Агата Кристи кои ги промовираат запалките, колекционерските пенкала и чанти на “S.T.Dupont“ .

На елитниот настан се обратија г-ѓа Олга Пастернак, извршниот директор на S.T. Dupont за Источна Европа,како  и   неговата   екселенција,   г-динот   Кристијан   Тимоние   –   францускиот   амбасадор   во Р.Македонија.

“ S.T. Dupont 145 години рачно изработува исклучителни подароци за исклучителни луѓе. Неизмерно сме горди секој пат кога некоја  од нашите креации ќе стане дел од нечија семејна приказна. Драго ми е што луксузното патување низ Европа, почна во Скопје, изјави синоќа Пастернак.

S.T. Dupont е реномиран француски бренд и производител на запалки, колекционерски пенкала,чанти,   прибори   и   додатоци   за   уживатели   на   пури  и   други   луксузни   производи.   Компанијата произведува префинети и уникатни предмети од своето основање во 1872-та година. Основач на компанијата е Симон Тисо–Дупон, по  чие име и иницијали е добиено името на компанијата. Првите   сериски   произведени   запалки   се   создадени   во   1941   година,   кои   биле   направени   од алуминиум. Од 1958 до 1963 година, сите запалки се доработени со 18 каратно злато.

Синоќа во Француската резиденција беше   претставена и првата  луксузна  запалка  во   производство   на  брендот, историски   примероци   на   куфери   за   патување,   најсофистицирани   колекции   на   скулптури   совградени запалки и пенкала, како и лимитирана серија на луксузни производи. (Л.С.)