ЕДС: Неточни се објавените информации дека грчкото обвинителство отворило истрага за компанијата


Компанијата ЕДС, која е во целосна сопственост на грчката државна компанија за електродистрибуција, остро ги демантира наводите изнесени во текстовите објавени на веб порталите kurir.mk и infomax.mk во врска со продажбата на ЕДС.

„Неточни и невистинити се наводите дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на ЕДС или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев.

Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата“, се наведува во соопштение на ЕДС.

Компанијата бара од медиумите каде се објавени овие невистинити наводи, повикувајќи се на наводен извор во кој воопшто не е објавена таква информација, јавно да го објават демантот и да се извинат. Во спротивно, како сто се посочува во соопштението , ќе ги презе сите правни чекори за да го заштити угледот на ЕДС и да го спречи ширењето на лажните обвинувања .