1.350 полицајци ќе ги обезбедуваат делумните избори во Албанија


Албанија – За безбедноста на 941 избирачко место, на утрешните делумни предвремени избори за градоначалници во шест општини во Албанија, ќе бидат ангажирани 1.350 полициски службеници, информираше Или Васили, директор на Бирото за јавна безбедност.

-Полициските службеници претходно успешно минаа соодветна обука. Ќе бидат ангажирани за безбедноста на избирачките места, како и објектите каде се сместени општинските изборни комисии, а ќе бидат лоцирани на определена оддалеченост, предвидена со закон. Преземени се сите неопходни мерки за да се гарантира максимално непречено гласање за сите гласачи, рече Васили.

Според него изборната кампања, која траеше од 19 февруари до 4 март, минала мирно, без никакви инциденти.

Нови градоначалници ќе се избираат во Скадар, Пешкопеја, Драч, Вора, Рогожина и Лушња, во трка се 20 кандидати, а во единствениот избирачки список запишани се 648.536 лица со право на глас.

 

Во сите општини ќе се врши електронска идентификација на гласачите, додека во општина Вора граѓаните ќе може да гласаат електронски и на ист начин ќе се бројат и гласовите.

По барање на Централната изборна комисија, а на предлог на Министертвото за внатрешни работи, Владата денеска донесе одлука за продолжување на важноста на документите за идентификација до 7 март, со што се дава можност да го остварат гласачкото право и оние чии докуиментте за лична идентифкација се со изимнат рок на важност.