Ќе се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот


Ќе се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот, согласно одлуката што е донесена на денешната владина седница.

Владата донесе одлука со која го задолжува Министерството за економија, во рок од два месеци, да достави предлог за изменување на Законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето. Станува збор за забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца, информираа од владината прес служба.