Ќе може да се купува алкохол во кое било време


Алкохолни пијалоци ќе може отсега да се купупуваат во кое било време во текот на денот или ноќта. Денеска стапија на сила законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите.

Собранието ги изгласа пред десетина дена измените на Законот за трговија, предложени од Владата во мај годинава.

Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци.