„Њујорк тајмс“ ќе достигне бројка од четири милиони претплатници


САД– Еден од најпознатите светски дневни весници „Њујорк тајмс“ наскоро ќе има четири милиони претплатници, изјави генералниот директор на весникот, Марк Томпсон.

Весникот во второто тромесечје на годинава добил 109 000 нови претплатници само за дигиталното издание. „Њујорк тајмс“ кон крајот на јуни имал 2,89 милиони дигитални претплатници, а вкупно 3,8 милиони со оние коишто се претплатени на печатеното издание.

До крајот на 2016 година, по предизборната кампања за претседателските избори, весникот доби околу милион нови претплатници.

,,Наскоро ќе имаме три милиони дигитални претплатници, односно четири милиони со претплатниците на печатеното издание”, изјави Томпсон.