Јоко Оно оваа есен во Белград


Животната сопатничка на Џон Ленон, Јоко Оно, покрај Марина Амбрамовиќ, ќе биде втора светски позната уметничка која доаѓа во Белград, најави денеска градскиот менаџер Горан Весиќ.

– Белград е особено почастен што во рамките на 57 Октомврсики салон ќе имаме прилика да ја видиме изложбата на Јоко Оно, која зад себе има многу богата уметничка кариера во различни области, од популарна и експериментална музика, филм, визуелна уметност до социјален активизам, изјави денеска Весиќ.

Јоко Оно, потсетува Весиќ, е икона кога е во прашање модерната уметност и кога станува збор за борбата за мир во светот.

Од 2014 година Октомврискиот салон е биенална манифестација што значи дека се одржува секои две години.